Среда, 28 Февруари 2018   
Грчката вооружена пропаганда во Македонија – „Човек, тешко би можел да замисли "помајсторско бегање" од тоа на андартите.“

Carte grece 1843

Македонскиот револуционер Христо Силјанов во своето дело „Ослободителните борби на Македонија“,  следејќи го патот, акциите и резултатите од првата официјална андартска мисија предводена од Павлос Мелас, врз основа на неговите објавени извештаи до комитетот во Атина и писмата до неговата сопруга, за почетоците на грчката вооружена пропаганда во Македонија пишува:

„Во јули 1904 година, Мелас ја презеде втората обиколка во Македонија. Тој зел 20 дена одмор од Министерството за војна и снабден со туѓ пасош, тој, придружуван само од Ат. Пирзас, пристигна на 18 јули во Кожани, како "трговец со добиток". Целта на оваа негова обиколка беше: да зајакне комитетите на "Одбраната" во најјужниот дел на Македонија, да ги задолжи поважните центри со регрутирање на четници и со нивна издршка, да организира канали и др. Тој наидува на големи тешкотии, бидејќи тамошните Грци се "големи ентузијасти, но големи кукавици". Тие го држат по цел ден изолиран во осамени и празни станови и го посетуваат, речиси исклучиво, во ноќта. Се чини, од друга страна, дека предложената борба против (Македонците – н.з) не ги воодушевува:

"Како што живееја безгрижно во своите семејства и посветени на своите занаети, одеднаш им се нуди предлог да им се спротивстават на (Македонците – н.з). Нивните колебања се природни, бидејќи постапките за нив се еднакви на робија, и ако бидат заробени, тие очекуваат доживотен затвор. Затоа, не е лесно, веднаш да се најдат луѓе пред да се подготви почвата однапред, односно да се обезбедат средства за живот на нивните семејства, да се фанатизираат малку и, пред сè, да се разбере за што се работи" (пишува Мелас во својата автобиографија).

Не само што се поддржуваат семејствата на луѓето, туку и самите четници добиваат месечна плата. Комитетот во Кожани определил три лири месечно и по една лира за опрема за секое момче. Во Кожани Мелас се среќава со "познатиот разбојник Караливанос" и неговиот придружник Визвикис. Караливанос, разбојник и турски потерџија, е осуден за разни злодела од грчките судови и баран од грчките власти. Сепак, Мелас смета дека "тој не е лишен од некои благородни чувства" и преговара со него за да го ангажира. Караливанос кој е "голем патриот", сака да оди со Мелас, но сака, покрај помилување, "за да може да се префрла и во Грција", и 100 лири за неговото семејство.

Мелас се врати во Атина на 3-ти август за да се претстави на својата команда. Тој е целосно задоволен од новиот курс на работата на комитетот и назначувањето на Коромилас за ген. конзул во Солун. Пет мали чети - на Каудис, Бакалос, Кокинос, Хасотис и Бурас - организирани од Комитетот, беа испратени во земјата во август во Македонија. Мелас исто така се подготвува да замине, но сега како врховен началник на сите чети во Костурско и Битолско. Подготовките се одвиваат во Лариса. Таму се собрани 34 момчиња - десетина од Крит, четири од Кожани и Сачишта, 12 од Тесалија, Пирзас, Качамакос и други. Мелас е верен христијанин на православието во спротивност на (Македонците - н.з.), кои за него се непријатели на религијата  - и за тоа наредува заклетвата на своите луѓе да биде од свештеник.

"Зборувајќи им на момчињата", пишува Мелас во едно писмото до неговата сопруга вели: "Им реков дека како основа на војната што ја преземаме, мора да ја имаме религија, бидејќи (Македонците – н.з) се нафрлија првенствено на неа"... Меѓудругите упаства, тој ... побарал од нив да се стрижат и бричат колку што е можно почесто; „за да не ги плаши луѓето со своите дивјачки лица, како што обично се преставуваат (македонските – н.з.) разбојници".

Овој втор поход на Мелас во Костурско беше полн со маки и несреќни авантури и тоа не поради прогонствата од непријателот, туку поради недостиг на искусни курири и на сигурен канал. Многу фалениот курир Качамакос, стар разбојник, Влав, се покажа премногу лош водач, и Мелас со мака си спомна за вештината и врските на гркоманот Павле Киров кој ги предводел првиот пат. Четата е принудена да се служи со случајно заробени овчари и патници. Таа се храни нередовно, честопати гладува, и се чувствува среќна кога ќе наиде на колиба да се засолни од постојаните дождови. Кога пак ќе се приближат до некое грчко село, жителите, од страв, брзаат да ја снабдат со храна во планината и да ја испратат со живо и здраво. Присилена премногу често да прави крајно макотрпни отстапувања од патот и да се враќа назад, четата го помина растојанието од границата до Костурско за цели 11 дена - од 28 август до 8 септември. Што се однесува до редот и дисциплината, тие навистина не беа примерни... Еве го извештајот за личниот состав која сам Мелас го прави во својот дневник на 11 септември 1904 година во с. Богоцко: "До овој час бев принудив да отпуштам три момчиња, поради болест. Шест луѓе избегаа пред да ја минеме границата, штом ги зедоа парите (т.е. нивните плати,). Еден не предаде, а друг безобразник избега со оружјето".

Како и да е, Мелас е веќе во вистинска Македонија, т. е. во оној нејзин дел, која е населен со ("славјаногласни Елини" н.з.) - егзархисти и патриаршисти - и кои тој со своите андарти дошол за да ги придобие за елинизмот. Но, Мелас е веќе жртва на каење. Му претстои веќе ... пролевање на крв. Тој се оддели старата црква на Чуриловския монастиръ и "сам сред темнината, плаче од очај", гледајќи пред себе "само убиства, диви и подли, опустошување на семејства, очај на родители, синови, сестри". Но постепено, тој се созема и оди да го бара Пирза, пред кого ја исповеда својата мака. Леринскиот гркоман го храни со таква омраза кон "злосторниците" и успева да го охрабри и да ги смири совршено својот началник.

Утредента доаѓа албанецот Зиси, потерџија од Елеово, со неколку момчиња и ги поведува андартите кон своето родно село. На 24 септември Мелас е во шумата над Стребрено, каде тој размислува за својот прв "акт на одмазда". Пред неколку месеци Организацијата го отсранила нам добропознатиот потерџија Вангел - соработник со војската при задушувањето на востанието. На Мелас сега му претстои да се одмазди за Вангел, откако ќе убие "тројца злосторници" и да ги врати селото кон "православието" (патријаршијата – н.з). Во текот на денот во рацете на четата паѓаат неколкумина селани, меѓу кои и Сидер, "еден од осудените на смрт злосторници", и неговото дете. Мелас го залажува детето со леб и ситни турски монети, зборув кротко и со другите затвореници, за да ги смири. И додека сите други се радуваат дека "злосторниците" сами им паднаа во рацете, Мелас е "згрозен од сопственото лицемерие" и "не може да ги спречи своите солзи ". Привечер сам тој му нуди на Сидер да го испрати во селото своето дете, за да донесе 50 лири, ако сака да го спаси својот живот - итрост за да не присуствува детето на убиството на својот татко.

Со каква лесноумна брзина станува пресудата на смрт се гледа од сцените кои се одиграа ноќта внатре во самото село. Мелас наредил да се фатат уште двајца осудени на смрт. Едниот е најден, а другиот, Аргир Петров, не бил дома. Во тој час се јавува, плачејќи, пред Мелас самата вдовица на убиениот од организацијата поп Димитар и му објаснува со помош на преведувач дека заробените не се виновни и не треба да се пролева крв во селото, бидејќи можат да настрадаат потоа сите, и дека единствениот виновник, убиецот на нејзиниот маж Аргир Петров, е избеган. Мелас решава да го искористи случајот за да го преобрати селото во патријаршиско и за оваа цел ги изведува двајцата заробеници пред суд. Во присуството на сите селски старешини, тој ораторствува по разни прашања - "за религијата, за патријархот, за татковината, за Грција, за тиранијата на (егзархистите – н.з) и за илјадници други нешта, нарекувајќи ги старешините браќа". Потоа се свртува накај заробениците и им вели дека се осудени на смрт, но тој ја одложи казната за да им даде можност да се покајат. Осудените треперат и велат дека не сакаат да станат расколници. Тогаш Мелас им се обраќа на сите и му го дава следниов ултиматум:

Во период од десет дена една делегација, составена од двајцата обвинети и од други тројца, ќе оди во митрополијата и ќе изјави покорност, ќе побара враќање на патријаршискиот свештеник и др.

"Тие ми ветија. Сакав да се заколнат пред иконата и се заколнаа дека ќе останат верни во православието и ќе ги отфрлат Бугарите и нивните предлози. Јас, пак ветив дека ќе се двожам наоколу за да ги заштитам. Но, ако некој доброволно ја погази заклетва, нема да има милост ". 

Кај Ст. Раптис е објавен исцело (страница 407-428) извештајот на Меласа до централниот комитет во Атина... За настанот во Стребрено Мелас пишува:

"Некои од горенаведените барања се исполнети, но ако не се исполнат во дадениот рок, тогаш ќе бидат убиени некои од поопасните членови на распуштената комисија, на кои, по нивното заробување им подарив живот, само под такви услови".

По овој подвиг, Мелас се сретнал со капетан Зиси од Елово и му предлага да ја нападнат четата на ... војводата Тане, кој бил во Ајтос. Зизи одбива да го придружува - "тој уште стравува да удри отворено на (Македонците – н.з.)". "По втор пат, моите планови се откажуваат поради недостигот на подготвеност на луѓето. Ужасно ми е жал за ова, но ги оправдувам, несреќните. Тие имаат ужасен страв од (Македонците – н.з.). Освен тоа, мојата мала сила не им го исполнува окото", пишува Мелас на својата сопруга.

На 17 септември, четата влезе ненадејно во селото Прекопани, каде го чекаа свештеникот Никола и учителот Кондевчев,и кога се вратија од погреб ги погубија. Во писмото до неговата сопруга, Мелас вели дека тие биле "страшни за соседството", и нив им се препишува за многу убиства и ѕверства. Човечкото чувство во негово пак се буди против "суровиот долг". Тој дури и плаче од мака и ја убедува својата сопруга дека "го видел само заробување на убиените", односно дека тој не ги извалкал рацете со нивната крв.

"Попот и учителот беа заробени и одведени во шумата. Началниците, Пулакос и Мелас, наредија да се сврши со заробениците. Стариот андарт Барба Андреа со неколку момчиња зема да ја исполни наредбата. Се слушаат грмежи...

... Под впечаток на двојното убиство, Мелас ги собира старешините и други селани и им го дава истиот ултиматум, како и во Стребрено:

"Со добро им препорачав да се вратат во православието. Ги прашав да ми кажат слободно, дали совеста и убедувањата им се (за егзархијата – н.з.), откако им кажав дека ќе ги почитувам, ако се такви, но и нема да дозволам никому да ги принудува Грците да се отцепуваат од православието. Несреќницоте, едни под дејството на стравот од убиство на нивните соселани, други со чувство на искрено задоволство ме уверија дека во својата душа никогаш не го прифатија ни расколот, ни (егзархиските – н.з) сфаќања и дека се готови да направат, се што им наредам. Тогаш им реков дека сакам од нив, прво, да дадат заклетва за верност и преданост кон православието и, второ, да дадат за оваа изјава до кајмакамот и до митрополитот. Пред последниот да се јават најдоцна за десет дена и да побараат да им се испратат наставници и свештеници Грци. Им го кажав истото, дека ако некој, после дадената заклетва, се одрече ќе го сметам за (Егзархист – н.з) и клетвопрестапник и ќе го казнам "

Мелас ги смета за престапници, кои заслужуваат казна не само ("славјаноогласните" – н.з), кои не сакаат да бидат под патријаршијата и да се нарекуваат Грци, но исто така и осознаети Власи. И тој се служи спрема Власите со истите насилни средства, иако тие немаат свои чети и комитети и не убиле ниту еден грчки свештеник или учител. Еве што и напишал тој на својата жена (25 септември 1904 година) за она што го сторил во влашко-албанското село Белкамен:

"Во чистото грчко село Белкамен, задолжив седум родители да ги повлечат своите седум деца од ромското пропагандно училиште. Романскиот учител, кој исто така е комита, го задолжив да замине во рок од една недела ако сака да остане жив, и следниот ден тој си замина".

Од Белкамен Мелас се упатува кон Неред за да уништи "пет чудовишта". Во Неред андартите за прв пат наидоа на војска и настрадаа. Настанот го раскажува самиот Мелас во две различни верзии. Во официјалниот извештај е речено дека во моментот кога андартите излегувале од куќата каде биле сместени, за да отидат на плоштадот, каде се наоѓале осудените на смрт лица "заедно со десет други вооружени ... комити", забележале при влезот на селото војска од сто војници и 30-40 коњаници. "Сакајќи да го избегне сударот ко Турците", Мелас им наредил на момчињата да ја фатат планината, но "за жал, бевме забележани од Турците, кои отворија зачестана стрелба кон нас и го ранија смртоносно Капетенопулос", апотекар во Битола и член на Управниот совет на " Одбраната".

Во писмото до неговата сопруга, Мелас, е подетален и поискрен. Во него не се спомнува за никакви "вооружени ... комити" на селскиот плоштад. Утрото, на 19-ти септември, целата чета беше собрана во една куќа и се подготвуваше да оди на плоштадот и да ги собере "чудовиштата" кои во тоа време беа во селската кафеана. Но андартите ја видоа војската, и еве што се случило:

"Пред да можам да ги задржам, 5-6 лица, неискусни и кукавици од мојата чета, ја отворија вратата и потрчаа кон блиската планина; сите ги следат. Во куќата останав само јас и Стратинаакис. Кога стигнав и јас до полите на планината, сите беа веќе распрснати, а некои веќе отидоа толку далеку што за миг мислевме дека се комити".

Понатаму, Турците од селото отвориле оган по Мелас, кој, повлекувајќи се го среќава Капетанопулос, сосема омален и останат сам. Капетанопулос е ранет. Мелаас го носи во прикриено место и од таму ги вика на помош другарите, но "тие не доаѓаат".

"Единствено храбриот Ламбринос доаѓа, и со него го креваме ранетите и го криеме во еден густеж. Немам никаков лек да му дадам. Му велам да биде храбар и дека ќе се вратам. Продолжувам со Ламвринос. Турците не настапуваат, но пукаат од безбедни места. За среќа, густата магла паѓа и не покрива нас. Ние застанавме над Неред. Бев решен да се вратам наново во селото, но квечерината некои жени ни кажаа дека војниците останаа и поставиле стражарници. Значи, веднаш заминав (откако им кажав на жените да одат и да го најдат ранетиот) за да му испрати помош од друго место.

Се разбира, од никаде не беше испратена никаква помош и членот на Управниот совет на Битолскиот комитет кој почина во густежот, сигурно, со грозни чувства кон андартите и нивното "другарство".“

Според Христо Силјанов, тој ја преставува обемно нередската случка од 19 септември 1904 година, „за да послужат двата описи на Мелас, како одговор на грчките шишувања за страшливоста на македонските комити. Впрочем во целата андартска литература се зборува со презир и надменост за "храброста" на македонските комити пред беспомошни луѓе и за нивната малодушност пред вооружените противници. Имено за нив тие се „мајстори во бегањето", Одвреме на време некој како Ст. Раптис ја признава храброста на македонските комити но со цел само за да возвиши уште повеќе незапирливиот подем и јунаштво на нивните победници - андартите.

Меѓутоа, колку беа храбри андаритите говри Силјанов кој ќе вели: „Човек, сепак, тешко би можел да замисли "помајсторско бегање" од тоа на андартите при нередската случка или од незапирливото бегање на грчките војници во 1897 година во Тесалија, како што е тоа опишано од истиот Мелас. Андартите во Неред го оставаат својот началник сам и бегаат во планината. Тие не ни помислуваат потоа да му го олеснат барем со еден истрел остапувањето на началникот и само еден од нив се отповика на повиците на Мелас и доаѓа да му помогне на ранетиот Капетенопулос! Ни се чини дека чета на (Организацијата – н.з), со војвода од рангот на Мелас, би пројавила повеќе самодоверба и поголемо внимание кон претпоставените. Самиот Мелас премногу губи во нашите очи со вметнување во неговиот официјален извештај "Десет души вооружени (македонски – н.з.) комити". Само за време на востанието комитите можеа да се појавуваат по селските мегдани и да влегуваат во кафеани - но не и сега, кога се сноваат турски војници и кога пријавувањето, ревносно поддржано од грчките владици и комитети, е многу распространето. И што ќе прават комитите - овие "мајстори на бегањето" - на плоштадот кога пристигнала војска во селото? – се прашува Силјанов.

Подготвил Т. Каранфилов

(продолжува)

 

На прво место

News image

Го повикувам Заев да покрене постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката

Изјава на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов

Историја

News image

Поздрав до Член 7 од предложениот „договор“ со Грција

Диодор од Сицилија (Хеленски-ГРЧКИ историчар што живеел во првиот век п.н.е.)

Иселеници

News image

Атанас Близнаков – најголемиот донатор од македонското иселеништво (15)

Атанас Близнаков пројавил голема активност во една од зн...

Култура и туризам

News image

Светилишта во Струга: Црквата Света Петка

Култното место Света Петка е познато од дамнина. Тоа беше само обележано, но стружани редовно таму п...

Фељтон

News image

Александар Македонски (37)

Плашејќи се дека на начин што предходно го одбраа Перијците нема да успеат на земјиш...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.