Среда, 19 Октомври 2022   
Привремена влада на Македонија – Единство создадена 1880 г.

manifest1881Привремената влада на Македонија - Единство е политичка институција на народот во Македонија. Владата била создадена 1880 година во Гремен и требало да ги застапува интересите на сите Македонци без разлика на нивната вера и народност, пред Големите сили. Таа се залагала за Автономна Македонија, но и за создавање на македонска самостојна држава.

Романскот конзул од Солун дава четири гледишта за појавата на Привремената влада кој биле распростарнети меѓу конзулите во Солун.

Според првото гледиште Владата била творба на Русија, со цел да се крене востание во Македонија, да се создаде Автономна Македонија со престолнина во Солун, и на тој начин да се спречи Австрија да излезе на Егејското море.

Според второто гледиште Владата била творба на Грција со цел полесно присоединување на Епир и Теслаија кон грчата држава и создавање на услови за подоцнежно завојување и на Македонија.

Според третото гледиште владата била создадена од Отоманската империја со цел да се спречи Грција да ги заземе Епир, Тесалија и Македонија.

Четвртото гледиште е ставот и на самиот Романски конзул и според него, творец на Привремената влада на Македонија - Единство е самиот Македонски народ кој бил незадоволен од општата состоја и од останувањето на Македонија под турска власт. Врз основа на овие гледишта како и други изворни документи постојат полемики во историската наука за причините за појавата на привремената влада, од своја старна пак најголемиот дел од македонските историчари го прифаќаат гледиштето дека влада е формирана од страна на македонскиот народ кој бил нездоволен од својата положба.

Од мај 21 до 2 јуни 1880 година во Грамос се собрале 32 делегати, преставници на македонската, албанската, влашката и српската народност. Националното собрание ја разгледала програмата на Војводите Вулгарис и Буфски и одлучиле дека треба да се преземат мерки за остварување на национална цел на Македонија.

Собранието најпрво заклучило дека:

Македонија со векови страдала од турскиот тимарско - спахиски систем, а потоа од чифлигарскиот систем и дека нема услови по мирен пат да се ослободи од турската власт. Македонија етнички е расцепкана на Македонци, Грци, Албанци, Власи и Турци, меѓу кои е создадено непријателство поради политички цели на оделни држави. Соседните балкански држави го уриваат националното единство на Македонците со своите верско - национални пропагнди и Македонците ги прават анонимни пред европското јавно мислење. Остранувањето на изнесените причини е единствен излез Македонија да се ослободи од турското ропство.

Собранието заклучило дека членот 23 од Берлинскиот конгрес не се спроведува од страна на турските власти и затоа биле донесени следните решенија:

1. Најнапред да се стави до знаење на Високата порта преку главниот управител (Валијата) на Македонија, дека македонскиот народ бара побрза примена на член 23 од Берлинскиот договор и донесување на Органски устав со учество и на македонски преставници

2. Решенијето на Националното собрание да се достави до сите преставници на големите сили во Македонија - потписнички на Берлинскиот договор, со молба, Големите сили да се застапат кај Високата порта за примена на членот 23 од Берлинскиот договор

3. Доколку Високата порта ја одбие примената на членот 23 од Берлинскиот договор, Националното собрание ќе го повика македонскиот народ на оружје со паролата - Македонија на Македонците, за востановување на древна Македонија

4. Националното собрание одлучи и избра од своите редови Привремена влада на Македонија - Единство, во која се зстапени преставници на нардоностите што ја населуваат Македонија.

Со решението на Народното собрание била формирана Привремената влада на Македонија - Единство и во неја влегле:

Претседател - Васил Симон и двјца членови Анастас Димитријовиќ и Али Ефенди кој бил Албанец. Владата во овој состав имала задача да ги престават барањата на собранието пред големите сили.

Во јули 1880 година Владата ги преставила барањата на Собранието пред солунските конзули, барањето било подпишано од Васил Симеон, Анастас Димитријовиќ, Али Ефенди, а било предадено и протоколното решеније на Националното собрание кое било потпишано од 32 делегати и претседтелот на собранието Стефо Николов. На 23 март 1881 година во Ќустендил, Привремената влада објавила манифест во кој се истакнува меѓу другото дека:

...Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја освојат нашата татковина и да го уништат нашиот народ, кој, блескајќи со таква светлина, никогаш нема да биде уништен. Нашата мајка Македонија стана како вдовица, осамотена и напуштена од нејзините синови. Не го вее знамето што го вееше победоносната Македонска војска. Денеска е само географски поим. Како некој да се обидува да ја прикрие нејзината победоносна природа со прекривката на заборавот. Гробот и’ го ископаа натрапници кои сноват низ нашата земја и ја троват со смртоносни отрови. Тие натрапници се гробарите на нашата велика и славна татковина, тие се договараат како да ја распарчат и да ја препуштат на победничките војски на Австро-Унгарија. Ако еден јарем се замени со друг, обновувањето на Македонија ќе стане невозможно и нашиот народ ќе биде збришан. Овој момент е клучен за Македонија; ова е прашање на живот или смрт...

За решавање на македонското прашање, Привремената влада имала две варијанти. Првата варијанта преставувала Автономија на Македонија во рамките на Отоманската империја и тоа преку реализација на членот 23 од Берлинскиот договор, втората варијанта предвидувала доколку не се реализира споменатиот член 23 да се крене востание во Македонија и да се создаде самостојна и независна македонска држава. Според втората варијанта, самостојна македонска држава се поврзувала со воспоставувањето на древна Македонија, и од тука произлегле неколку полемики помеѓу историчарите, зошто народното собрани и Привремената влада на Македонија - Единство иднината на идната самостојна држава ја поврзале со Античка Македонија на филип и Александар….

Владата не успеала да повлијае врз странските конзули во Македонија, а отука и врз големите сили, од друга страна пак условите за кревање на едно востание не биле погодни и затоа владата се откажала од идејата за востание и продолжила со својата четничка организација. Владата немала своја сопствена организација и војска, била во контакти со оделни чети и војводи но тие не биле доволни за кревање на едно општо внатрешно вострание. Владата повеќе преставувала израз на македонци кои биле незадоволни од состојбата во Македонија. Владата немајќи свои сопствени сили и првенствено дисциплинирана организација постепено згаснала но силно влијаела врз понатамошниот развој на македонското националноослободително дело и секако во развојот на македонскиот национален индивидуалитет.

Извор:

Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980

Љ. Лапе, Одбрани текстови... втор дел, 254 - 253

Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893-1903 година, Скопје, Институт за Историја-Филозофски Факултет

Ibid. Pol. archiv XXXVIII. Konsulat Salonich. Karton 235. Izv. No 86 rez. Salonich 28.VII.1880. Прилог: 2 документи на Привремената влада на Македонија

Манифест на Привремената Влада на Македонија - 1881

 

На прво место

News image

Мицкоски: Ова е победа на народот., цунамито се крена и им виси на глава, а на 8 мај ќе ги потопи целосно

Обраќање на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по историјската победа со над 161000 гл...

Историја

News image

Репортажа: По врвиците на Александар Македонски-Македонците од Киргистан

Оваа приказна за денешниве Македонски белези во Средна Азија почнува во 2003 година на бреговите на ...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ III) (29)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.