Среда, 11 Декември 2019   
Македонскиот етнос и етногенезата на Македонските династии

mkd

Краток опис на античката историјата за Македонија и нејзиното име

Македонскиот етнос и етногенезата  на Македонските династии  

Народ како еден од најстарите во Европа па и пошироко.

Македонците како народ имаат корени од племенските заедници кој се најстари на овие простори, тргнувајќи од Бригите, кој по иселувањето од горниот дел на тогаш се уште не наречена Македонија и освојувањето на Аркадија, кој подоцна се нарекува Пелопонез, по самото име на Пелоп  дедото на Тројанските освојувачи Агамемном и Менелај, по неговата смрт го нарекуваат Пелопонез, кој подоцна ја нарекуваат Микенска цивилизација, после Мајонската цивилизација на Крит па Мирмидонците од кој потекнува митскиот Ахил, но крајна е Македонската, по самите имиња на овие цивилизации можете и вие самите да откриете колку стар народ сме кој опстанал на овие простори.

Македонската започнува  со Аргеадската династија со кралевите: Каран 808-778, Коин,  Тирима , Пердика I 700-678 п.н.е, Аргеј I 678-640 п.н.е,Филип I  640-602 п.н.е, Аероп I  602-576 п.н.е, Алкет I  576-547 п.н.е, Аминта I  547-498 п.н.е, Александар I  498-454 п.н.е, Алкет ΙI  454-448 п.н.е, Пердика II  448-413 п.н.е, Архелај  413-399 п.н.е, Кратер 399 п.н.е, Орест  399-396 п.н.е, Архелај II  396-393 п.н.е, Аминта II  393 п.н.е, Павзаниј 393 п.н.е, Аминта III 393 п.н.е, Аргеј II 393-392 п.н.е, Аминта III  (повторно назначен) 392-370 п.н.е, Александар II  370-368 п.н.е, Птоломеј I  368-365 п.н.е, Пердика III  365-359 п.н.е,Аминта IV 359-356 п.н.е, Филип II Македонски роден во Пела во 382 год. п.н.е., тој бил најмладиот син на Аминта III и кралицата Евридика. Во младоста (околу 368-365 п.н.е.) бил заложник во Теба, водечки град во Грција во тоа време. За време на својот престој се здобил со грчко воено и дипломатско искуство од страна на Епамонид, тебански генерал. Смртта на неговите постари браќа Александар II и Пердика III му овозможиле да седне на македонскиот трон во 359 п.н.е.. Оригинално назначен за регент на неговиот малолетен внук Аминта IV, тој ќе успее целосно да ја превземе власта Крал на Македонија (владеел 359-336 п.н.е.), е таткото на Александар Македонски со Олимпијада, и на Филип III Аридеј. Во негово време започнал периодот на големиот подем на македонската држава, после Филип II доаѓа неговиот син Александар III Македонски 359-336 п.н.е.

Александар III Македонски, р. Пела, Македонија, 20 јули 356 п.н.е. — Вавилон, 10 јуни 323 п.н.е., е крал на Македонија (од 336 п.н.е. до 323 п.н.е.), член на кралската династија Аргеади. Кога се родил Александар III Mакедонски,  Филип II го поканил Аристотел да му биде учител на неговиот син, која оваа покана била многу значајна за еден Филозоф во тоа време, кој во поканата напишал: не сум толку многу среќен затоа што ми се родил син, но повеќе сум среќен затоа што се родил во време кога живееш ти”Аристотел роден 384 п.н.е., Стагира, тогашна  Македонија – 7 март 322 п.н.е., Халкида татко му Никомах, кој бил доктор на Аминта III таткото на Филип II,  тој бил македонски философ. Аристотел се смета за еден од најзабележителните мислители на само во античката, туку и во европската философија. Александар III Македонски бил еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото. По освојувањето на грчките градови-држави под водството на неговиот татко Филип II. Александар ја покорил моќната Персиска Империја, вклучувајќи ја Анадолија, Сирија, Египет, и Месопотамија, и ги проширил границите на Македонија, дури до Авганистан и Индија.

 Александар спрема освоените култури се однесувал со почит, интегрирајќи не-македонци во неговата војска и администрацијата, воден од мислата да создаде светска држава.Во историјата не се случува често синот на голем владетел да биде исто така голем, ако не и поголем од татка си. Teшко e да ја израмнуваме и мериме големината на Филип и Александар Македонски. Можело да се случи, но не се случило да Филип Македонски освои се што може да се освои и да не остави на својот син да изврши ни едно големо и славно дело. Сепак, пред необузданиот копнеж на Александар III Македонски за воени подвизи и откривање на далечни непознати земји се отворило бескрајно поле на можности.

На 10 или 11 јуни 323 г.п.н.е, Александар починал во Вавилон. Тоа било само еден месец пред да наполни 33 години. Постојат различни теориии за причините на смртта. Некои сметаат дека Александар бил отруен од синот на Антипатер или од некој друг. Друга теорија е дека починал после пијанствата претходните денови. Други сметаат дека починал од маларија од која се има заразено во 336 г.п.н.е. Пред неговата смрт се мисли и дека Александар сакал да го освои и присоедини и Арабискиот полуостров, но оваа теорија не е потврдена. Се претпоставувало и дека Александар може да се упати на запад и да ги нападне Картагина и Италија. По неговата смрт неговата држава се распаѓа на три дела: династијата Птолемаидите ќе го превземе Египет, Антигонидите - Македонија и Грција, а Селевкидите - Блискиот Исток. Александар егзистира како митска личност во митовите на многу европски, азиски и афрички народи.

По смртта на Александар III Македонски на власт доаѓат неговите наследници и тоа:  Антипатар , Регент на Македонија 334-319 п.н.е,  Филип III Аридеј 323-317 п.н.е,  Александар IV  323-310 п.н.е,  Пердика, Регент на Македонија 323-321 п.н.е, Антипатар, Регент на Македонија 321-319 п.н.е, Полиперхон, Регент на Македонија 319-317 п.н.е, Касандар, Регент на Македонија 317-306 п.н.еп.н.е, Династија Антипатриди: Касандар306-297 п.н.е, Филип IV 297-296 п.н.е, Александар V 296-294 п.н.е, Антипатар I 296-294 п.н.е; Династија Антигониди: Деметриј I Полиоркет 294-288 п.н.е, Лизимах (делел со Пир Епирски) 288-281 п.н.е, Пир Епирски (делел со Лизимах) 288-285 п.н.е, Птоломеј II Керавн 281-279 п.н.е, Мелегар 279 п.н.е, Антипатар II 279 п.н.е, Состен (Командант на војската) 279-277 п.н.е, Антигон II Гонат 277-274 п.н.е, Пир Епирски (повторно назначен) 274-272 п.н.е, Антигон II Гонат (повторно назначен) 272-239 п.н.е, Деметриј II 239-229 п.н.е, Антигон III Досон 229-221 п.н.е, Филип V 221-179 п.н.е, Персеј 179-168 п.н.е

По поразот на војската на Персеј во Битката кај Пидна во 168 п.н.е, Македонија била поделена на четири републики  на четири дела-мериди од страна на римјаните, кои меѓу себе не смееле да имаат никакви врски.

Во 150 п.н.е човек по име Андриск тврдел дека е син на Персеј и го барал тронот на Македонија како крал Филип VI. Ова била причината за Четвртата македонско-римска војна во која Андриск бил поразен од страна на римјаните и Македонија била припоена кон Рим (148 п.н.е) но сепак, останала и последната наследничка од македонска лоза Египетската кралица Клеопатра VII - 112 - 51 г. пр.н.е.. Клеопатра како птоломејка била последната наследничка на македонските дијадохи на фараонскиот трон  Клеопатра VII ќерка на Птоломеј ХII.

Клеопатра VII e pоследен владетел на Птоломејската династија во Египет, владеела со своите двајца браќа но и сопрузи Птоломеј ХIII и Птоломеј ХIV, но и двајцата ги убила.

Еден од позначајните периоди во историјата на македонскиот народ е и

Самоиловото царство. Кнезот Никола и неговите четири сина – Давид, Мојсеј, Арон и Самоил,  ја отфрлиле бугарската власт и формирале своја држава во 969 година.

Грчката политика отсекогаш се обидувала да ја убие античката историја но и јазикот кој го зборувале Македонците во егејскиот дел. Тоа било особено страшно во текот на ’30-те години.  Доколку македонските деца на училиште го зборувале јазикот кој го научиле дома, врз нив биле извршувани бројни воспитни мерки: учителите ги тепале, јазиците им ги боделе со игли или им ги триеле со лути пиперки. Само за да ги натераат да престанат да зборуваат македонски.
Интересот за античките Македонци, како најдоминантни жители на Македонија во антиката, во нашава, до не така дамнешна историографија (посебно за времето на комунистичкото едноумие), беше речиси никаков. За време на бившата Федеративна Југославија Македонците беа убедувани дека се "чисти Словени со потекло од зад Карпатите" (секако поради дневно-политичките интереси на југословенските идеолози, кои се состоеја во тоа дека сите народи во Југославија треба да бидат "чисти Словени" за да можат подолго да живеат заедно).Дури во комунистичка Југославија свесно беа криени и негирани крвните и културни врски помеѓу припадниците на денешната македонска нација со славните антички Македонци и нивното истражување беше еден вид табу-тема, а за Грција, Бугарија и Албанија и да не зборуваме. Но кој се најголемите виновници за непознавањето на нашата и сторија? Се знае нашите денешни Академици кој сеуште ни кажуваат и велат дека ние сме Словени дојденци од зад Карпатите.

Во југословенскиот комунистички период, во врска со етничкото потекло на античките Македонци, мазохистички и безрезервно беа пропагирани големогрчките хипотези дека античките Македонци биле "Грци". Со тоа на  Македонците им беше нанесен голем удар во дооформувањето на нивното национално осознавање, грчкото присвојување на Античка Македонија е еднакво на објавување војна.

Постојат безброј факти и историски документи дека современата македонска нација не е вештачка творба, создадена во Втората светска војна по налог на Сталин или Коминтерната, или од КПЈ и Тито, надоврзувајќи се на српската буржоазија од ХIХ век само да ја оттргне Македонија од Бугарија. Овие факти бугарската наука највнимателно избегнува да ги направи достапни за јавноста, бидејќи се од таква природа што ја растревожуваат големобугарската теза врз која се заснова завојувачката политика кон Македонија.

Напротив, фактите говорат дека современата македонска нација уште во ХIХ век била реален факт за која морале да водат сметка не само бугарската, српската и грчката пропаганда, туку и нивните големи покровители Русија, Франција, Австро-Унгарија, Прусија и др.

Јонче Манојлов

 

На прво место

News image

Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе

  СДСМ, Заев и Спасовски преку МВР на криминален начин набавува патни исправи

Историја

News image

ЕКСКЛУЗИВНИ ДОКУМЕНТИ СВЕДОЧАТ ДЕКА СИТЕ СЛОВЕНСКИ ЈАЗИЦИ ПОТЕКНУВААТ ОД МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Документ кој датира од 1967-та, 1968-та и 1969-та година беше ексклузивно обелоденет во „Отворено ...

Иселеници

Култура и туризам

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (4)

ЕПИСТЕМОЛОГИЈА НА ОНОМАСТИКАТА НА ПАНОНИЈА (ДЕЛ II)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.