Среда, 08 Јануари 2020   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (38)

1 4

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (38)

Маноил Јаковлевски кој уште од најрано детство е воспитуван во духот на православието има големи заслуги за развојот на црковно-општествениот живот на македонскиот народ во дијаспората. Заедно со истакнати преставници на македонската емиграција, Мане успева на почетокот на деведесетите години во минатиот век да ја возобнови дводецениската иницијатива на неговиот брат Гојко за формирање на македонска црковна општина во Берлин.

За своите заслуги за формирањето на МПЦО „Климент Охридски“ во Берлин, за заживување на црковниот живот, за празнувањето на црковните празници со божествена литургија и неговото ангажирање за збогатување на меѓусебната соработка на македонските православни црковни општини во Европа, Маноил Мане Јаковлевски беше едногласно го избраа за потпретседател на Европската епархија, при МПЦ -ОА.

За неговите ангажирања за воспоставување на црковниот живот кај македонската емиграција во Берлин, Германија, авторот на книгата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески“ Киро Кипровски пишува:

ВОСПИТУВАН ХРИСТИЈАНСКИ ЗА ГОЛЕМИ ДЕЛА

n

Маноjил Јаковлески со архиепископот охридски и македонски г.г. Михаил, поглавар на МПЦ

„Уште во раното детство, Делче и Рафка Јаковлески, синот Манојил го воспитувале во духот на христијанството. Речиси секоја недела и празник, го носеле во црквата „Св. Огнена Марена“ во родното село Зубовце, го учеле правилно да се крсти, да се моли и да ги почитува христијанските канони. Заедно со нив постел и се причестувал. Пред куќната икона на света Петка, Манојил со мајкаси, секоја недела и на празници го палеле кандилото, се крстеле и се молеле. Љубовата кон Христа ја стекнал од мајка си, која потекнува од свештеничко семејство. Најрадосен бил, кога доаѓале големите празници-Божик и Велигден, бидејќи секогаш добивал подароци: нова облека, чевли, патики, маици и слично.

nnНевестата Славица со золвите Миља и Нада, а на крајот од десно свекрвата Рафаелка

Во духот на православното христијанство, Манојил бил воспитуван да ја почитува нашата македонска православна црква, без разлика дали се наоѓа во родното село Зубовце или во Берлин, каде престојувал и работел над три децении. Воспитуван во верата Христова, секогаш ги помагаше сиромашните, се грижеше за црковните објекти и со пари учествуваше за нивна обнова и реконструкција, или пак помагаше во изградбата на нови цркви и придружни објекти. Христијанската љубов ја пренесува и на потомството. Со личен ангажман и со пари, даваше голем придонес во негување и продолжување на традициите и на обичаите, како и на одржување и проширување на сакралните објекти во родното и околните села, во Гостивар и во други места во Македонија, како и во Берлин.

МАНОЈИЛ ПРВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЦРКОВНАТА ОПШТИНА ВО БЕРЛИН

nnnМакедонската делегација која учествуваше на прославата во Хамбург

Македонците кои што живееја и работеа во Западен Берлин, СР Германија, имаа голема желба, верските потреби да ги задоволуваат во македонска црква и службата да ја следат на македонски јазик што ќе ја води свештеник на МПЦ. Гојко Јаковлески, братот на Манојил, поддржан од неколкумина Македонци, во 1973 година покрена иницијатива за основање на МПЦО. Доби согласност од Светиот архиерејски синод на МПЦ и од г.г. Доситеј, поглавар на МПЦ. Меѓутоа  иницијативата беше спречена од Српската православна црква и властите на СФРЈ.

nnnnЧленовите на првиот црковен одбор на МПЦО „Климент Охридски“ - Берлин со брегалничкиот митрополит г. Стефан и ѓаконот проф.д-е Аце Гиревски

Но, Македонците не губеа надеж. Очекуваа и се надеваа дека ќе дојде денот во Берлин да имаат сопствена црква, да не одат во руска или пак во српска црква. Дваесетина Македонци, кои живееја и работеа во Берлин, од раководството на МПЦО „Свети Ѓорѓи Кратовски“ од Хамбург, СР Германија, беа поканети на 12 јуни 1991 година да присуствуваат на црковната прослава. Поканата беше прифатена и присуствуваа на архиерејската литургија со која чиноначалствуваше Неговото високо преосвештенство г. Стефан, митрополит на Брегалничката епархија на Македонската православна црква. Потоа, се одржа заедничка македонска прослава и Македонците кои живееја и работеа во Хамбург, Хановер, Берлин и во други германски градови, неколку часови се дружеа, забавуваа и разговараа за збогатување на соработката на духовен, културен и спортски план. Во оваа пригода, Манојил се запозна со црковната делегација, која беше дојдена од Македонија и во името на Македонците од Берлин, ја покани да ја посети германската метропола. Целта на посетата беше и во Берлин да се одржи основачко собрание, а со тоа да се возобнови идејата на Гојко Јаковлески од далечната 1973 година, да се формира МПЦО „Свети Климент Охридски“ и Македонците своите верски потреби да ги задоволуваат во сопствена црква.

Митрополитот г. Стефан, поканата ја прифати со задоволство. Само пет дена по празнувањето во Хамбург, македонската црковна делегација имаше уште една успешна мисија. На 17-ти мај 1991 година, во македонскиот клуб „Гоце Делчев“ во Берлин, беше одржано Основачко собрание на МПЦО „Свети Климент Охридски“.

Митрополитот г. Стефан, на присутните им ги пренесе поздравите од поглаварот на МПЦ, г.г. Гаврил, и рече: „ Најискрено сум радосен, што на овие простори се пали уште едно свето климентово црковно кандило надвор од Македонија, кое ќе ги просветува Макдонците, што живеат и работат во оваа светска метропола.“

Присутните едногласно, со акламација, ја усвоија одлуката за формирање Македонска православна црковна општина и се договорија, да го носи името на првиот славјански епископ во Македонската величка епархија – Свети Климент Охридски. Беа усвоени и други одлуки, неопходни да се регистрира црковната општина во правниот систем на Берлин. Собранието едногласно ги избра членовите на првиот црковен одбор, а за претседател беше избран Манојил Јаковлески.

Тој се заблагодари за добиената доверба и ги изнесе своите планови за работа на Црковниот одбор, изразувајќи надеж, дека за кратко време со членовите од Одборот ќе го организираат и ќе го заживеат духовниот живот во Берлин, кој на Македонците им беше неопходен и потребен. Тој ја изрази вербата, дека ќе добие помош и од градот Берлин, со чии претставници веќе имал воспоставено контакт. Црковниот одбор во ноември 1991 година поднесе молба за регистрација на МПЦО “Свети Климент Охридски“ во судскиот регистер на Берлин. Во образложението на барањето за регистрација, меѓудругото, беше наведено дека МПЦО „Свети Климент Охридски“ го носи името на организаторот на Црквата на македонскиот народ. Решението за регистрација беше добиено на 4-ти септември 1992 година. По регистрацијата, Црковниот одбор во консулација со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, одлучи иконостасот на Црквата да се освети на 22-ти ноември 1992 година.

И покрај тоа што времето беше кусо, сепак, членовите на Црковниот одбор ветија, дека ќе го испочитуваат рокот и квалитетно ќе ги извршат сите подготовки. Активностите ги координираше Манојил. Во подрумските простории на неговиот ресторан „Ново Скопје“, се изработуваше иконостасот. Истовемено, тој со членовите на Црковниот одбор, обезбедија адекватна просторија за функционирање на црквата, во берлинската општина Вединг.

На Македонците, кои што живеат и работат во Берлин, 22-ри ноември 1992 година им остана во трајно сеќавање. На овој датум, запишан со златни букви, беше осветен иконостасот и беше одржана првата света архиерејска литургија, со што започна организираниот црковен живот на Македонците во Берлин. Осветувањето на иконостасот го извршија митрополитот австралиски г.Тимотеј, митрополитот брегалнички г. Стефан, свешеникот Ефтим Бетински, ѓаконот Ратомир Грозданоски, со присуство на црковен хор. На овој свечен, црковен чин присуствуваа над две илјади Македонци од Берлин и претставници на црковните општини и македонските клубови од Париз, Хамбург, Гетеборг, Хановер, Малме, Келн, Брауншвајг, Дуисбург, Нирнберг, Мајнц. Присуствуваа и претставници на Екуменскиот совет на сите цркви во Берлин, на Сириската православна црква, пријатели на Македонија и Македонци од Скопје, Гостивар и Зубовце. Чинот на осветувањето го следеа госпоѓа Барбара Јон и д-р Дитрих Мало, пратеник во Бундестагот и член на Комисијата за надворешни работи, докажан пријател на Македонија.

Ценејќи ги заслугите на Манојил Мане Јаковлески за формирањето на МПЦО „Климент Охридски“ во Берлин, за заживување на црковниот живот, за празнувањето на црковните празници со божествена литургија и неговото ангажирање за збогатување на меѓусебната соработка на македонските православни црковни општини во Европа, надлежните едногласно го избраа за потпретседател на Европската епархија, при МПЦ -ОА. Тој оваа функција успешно ја извршуваше еден мандат.

nnnnn

Богослужба во МПЦО „Свети Климент Охридски“ во Берлин

Многу  манифестации за првиот роденден

Првиот роденденна МПЦО „Свети Климент Охридски“ во Берлин беше одбележан со голем број свечености, со што беше ставен печат на денот кога во германската метропола - Берлин, за првпат беше запалено Светиклиментовото кандило.

На прославата присуствуваа повеќе илјади Македонци, но меѓу нив беа забележани и голем број Германци и берлинчани со друго етничко и верско потекло. Тоа укажува дека македонската црква за само една година стекнала голема афирмација во германската јавност, а особено меѓу нашите луѓе, кои успеа да ги прибере во своја закрила, заштитувајќи ги од антимакедонската пропаганда на другите цркви на овие простори.

МПЦО „Свети Климент Охридски“ е вистински двигател на Македонците во Берлин. Со самото формирање Црковниот одбор беше вклучен во организацијата на сите македонски демонстрации што се одржуваа во Европа за признавањето на Република Македонија, под уставното име, како демокраатска, независна и суверена држава.

На велигденското славје, што се одржа во април 1993 година на Велја сабота, на опходот околу црквата и на првиот ден Велигден, на богослужбите што ги одржа свешеникот Методија Мирчески, присуствуваа над илјада Македонци, а меѓу гостите беше и госпоѓа Барбара Јон, застапник на странците во Сенатот во Берлин, која беше восхитена од велигденското празнување на Македонците. На заедничката велигденска македонска прослава, што се одржа на вториот ден на Велигден, на која присуствуваа претставници на Здружението на Македонците од Полска, генералниот конзул на Република Македонија во СР Германија, г. ТашкоТ еодосиевски, рече: „Пред сите Македонци, без разлика каде се наоѓаат, по меѓународното признавање на Република Македонија стојат уште поголеми обврски за зачувување на државата и за нејзината надградба“.

Поздравувајќи ги гостите од името на Црковниот одбор на МПЦО „Св. Климент Охридски“, претседателот Манојил Јаковлески, рече: „Македонија воскресна на Велигден, а со меѓународното признавање на Република Македонија се исполнија вековните идеали на нашите предци, македонскиот народ да има своја суверена и независна држава. Сега најважно е единството меѓу сите Македонци во Македонија и насекаде во светот во елиминирањето на најновите антимакедонски тенденци и за менување на името на Република Македонија, на Уставот и на државното знаме“.

Како и вообичаено, на велигденската македонска вечер на песната и орото им немаше крај. За тоа се погрижија членовите на КУД „Александар Турунџиев“ од Битола, кои за оваа пригода пристигнаа од турнејата низ Шведска. Членовите на друштвото од автобус, практично се појавија на сцена. Настапот на играорците, пејачите и на оркестарот ги воодушевија присутните кои бурно ги наградуваа со громогласен аплауз. Сплет на македонски ора изведе и германската фолклорна група „Фаукс пас“. Гостите со посебен интерес ги проследија настапите на легендата на македонската песна Јонче Христовски и на вокалните солисти Софија Кочовска и Војо Стојановски.“

(продолжува)Цела книга: https://drive.google.com/file/

 

На прво место

News image

ВМРО-ДПМНЕ ќе достави свои мерки за спас на економијата

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски веднаш откако Владата ги презентираше...

Историја

News image

Русинот Бурич од Историската Конференција на Малта 1989: Без Македонизмот паѓа и целата цивилизација!

Осврт кон делото на рускиот мислител Владимир Бурич базиран на разговорите водени со него од макед...

Култура и туризам

News image

СЕ СЛУЧУВА ПРЕСВРТ, ВЕЧНИОТ „СОН“

Бранко Сотировски Појавата на Корона вирусот најава е на новиот светски поредок. Република М...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (14)

VI ДРЕВНА МАКЕДОНИЈА ВО ПРАИСОТИРСКИОТ ЕГЕЈ (ДЕЛ IV)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.