Среда, 12 Февруари 2020   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (43)

1 4

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (43)

Македонскиот ресторан „Ново Скопје“ во Берлин, беше неформална амбасада на Македонија во Германија. Овој ресторан го посетуваа македонски политичари, бизнисмени, спортисти, емигранти, македонци на привремена работа во странство и секој од нив наоѓаа дел од својата татковина. Тие во оваа македонско катче кое ја чуваше од заборав македонската култура и традиција, надополнето со љубезноста и патриотизмот на браќата Маноил и Гојко (Гоце) Јаковлевски се чуствуваа како дома.

Во книгата на гостите запишаните импресии на гостите говорат многу за чуствата на посетителите на ова македонско катче во Берлин. Авторот Киро Кипровски во книгата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески“ ни презентира дел од впечатоци на гостите, меѓу кои за време на посетата на македонскиот претседател Борис Трајковски, македонската парламентарна делагација, како и македонската женска ракометна репрезентација. Во овие записи можр да се прочита следното:

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ ВАСИЛИЦИ ГИ ПРОСЛАВИ СО МАКЕДОНЦИТЕ ВО „НОВО СКОПЈЕ“

01Претседателот Трајковски со дел од персоналот на „Ново СкопЈе

При официјалната посета на СР Германија, во јануари 2000 година, претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, со сопругата Вилма и делегацијата, беа гости на македонскиот ресторан во Берлин, „Ново Скопје“. Претседателот Трајковски, заедно со Македонците што живеат и работат во Берлин и со домаќинот, сопственикот на ресторанот, Манојил Мане Јаковлески во добро расположение и со богата трпеза со македонски специјалитети (тавче гравче, зубовски колбаси, македонска зимска туршија, пита и сл.) ја пречекаа и ја прославија Православната нова Година-Василица.

Во книгата за впечатоци напишаа и се потпишаа претседателот Борис Трајковски и делегaцијата:

„Искрено сме возбудени и длабоко почестени што бевме гости во легендарниот ресторан  „Ново Скопје“, кој Македонија не само на германските простори, туку во светот ја афирмира како прекрасна туристичка дестинација со многу привлечни летни и зимски туристички центри, за лов и риболов, со исклучително вкусна македонска кујна, вина и ракија.

Па, нека времето минато и времето сегашно се спојат со времето идно и Македонија наша од аирлии  да не куртули“. - Берлин,13 јануари 2000 год.

02Факсимил од пораката и потписите на претседателот Трајковски и на членовите на делегацијата

„Ново Скопје“ е матица македонска. Нека чини добро - за доброто на Македонија, зашто ништо посвето немаме од Македонија“.- 30.10.1997 год Јован Стрезовски

„Во градот, во кој се крои судбината на Европа, Берлин, опстојува ресторанот „Ново Скопје“, прекрасно македонско катче во кое се кроеле визии за субината на Македонија, катче во кое се сонува за македонската иднина, катче во кое се чувствува мирисот на Обединета Македонија. Нека Господ му даде снага на господинот Мане Јаковлески, да ја доврши заедно со сите нас идејата за македонското национално обединување. тогаш „Ново Скопје“, ќе остане како споменик на македонштината и како мавзолеј на човекот со големо срце – Мане Јаковлески. Му благодарам!“ - Берлин, 31.10.1997 год. Страшо Ангеловски

„Репрезентирањето на една земја во странство го врши професионалната дипломатија, но исто така и аматерската дипломатија, составена од Македонци - патриоти, на овој план дава значаен придонес.

Кога станува збор за СР Германија и конкретно за Берлин, пионерската улога во презентирањето на Македонија, му припаѓа несомнено на Мане Јаковлески и неговиот брат Гоце (Гојко Јаковлески).

На првиот „амбасадор“ на Македонија во Берлин, му пожелувам да ја продолжи својата активност во достојното претставување на својот крај и Македонија, како и лична среќа и долго здравје.“ - Берлин,31.10.1997 год. Петко Стефановски, Министер-советник на Амбасадата на РМ во Бон

„Запознав еден голем Македонец, тоа е Мане Јаковлески. Го почитувам и му се восхитувам.“ -  Берлин, 07.09.1998 год. Д-р Тодор Бојаџиев, композитор

„Видов една мала Македонија во центарот на Берлин со име „Ново Скопје“, со еден голем Македонец - Мане Јаковлески.“ -  Берлин,07.09.1998 год. М.Бојаџиева

„“Ново Скопје“ - прекрасно место за здивнување, сладок, муабет, пријатно дружење со домаќините и се што е за душа. „Ново Скопје“ и господата Јаковлески, претставуваат амбасадори на Р.Македонија. За мене „Ново Скопје“, претставува како фонтаната „Di Trevi“ во Рим, каде што при посета секој посетител фрла паричка и посакува да му се исполнат три желби. Обично се посакуваат желбите: да имам долг живот; да бидам многу богат и повторно да дојдам во Рим - вечниот град. За „Ново Скопје“ важи, да дојдам повторно. При секоја посета, се јавува желба за нова. Секоја средба со господата Јаковлески, возбудува нова.“ - Берлин,13.12.1997 год. Свештеник Методија Мирчевски, Штип

„Упорноста и истрајноста се најголеми особини на човек - патриот, кој знае за што се бори. Најголемо задоволство е да се бориш и да победиш во борбата за доброто на својот народ и својата татковина. Јас ја имав големата чест, вечерва да бидам во друштво со мојот голем пријател и соборец и да му се заблагодарам за огромниот придонес во борбата за македонската кауза и во негова чест, да ги напишам овие зборови на ГОЛЕМИОТ човек, но и македонски патриот МАНЕ Јаковлески од денес МАНЕ МАКЕДОНСкИ, за навек.“ - Берлин, 08.03.1999 г од. Ламбе Арнаудов

„За вистинскиот амбасадор на сите Македонци, кои живеат во Берлин и кои доаѓаат од време на време. за прекрасните мигови и големата срдечност во единствениот ресторан „Ново Скопје“.“ -  Лидија Божиновска

„Во центарот на Европа, во центарот на Берлин, кај Мане значи сонцето свети во срцето, во душата, во центарот на Европа, во Берлин, во работните простории на еден голем Македонец. чест ни беше да се сретнеме со овој голем човек, голем Македонец и пред се човек, другар, пријател Мане Јаковлески, ценет во Македонија, во Европа. во овој голем ден, кога имавме прием кај вице канцеларот, ни беше задоволство да бидеме и со господинот Мане.“ - О7.09.1998 год., Берлин проф. Стојан Стојков, Сојуз на Композитори на Македонија

„Јас, Ристо Аврамовски ја сакам Македонија.“ - Берлин, 07.09.1998 год. Ристо Аврамовски, композитор

ПРАТЕНИЦИТЕ ЗА МАНЕ

„Големо задоволство и чест е, да се седи во друштво со Мане Јаковлески, сопственик на кафеаната „Ново Скопје“ во Берлин и со амбасадорот на РМ во СР Германија – Срѓан Керим и да се слушаат убави муабети и ставови за независна Македонија од сите соговорници.“ - 13.10.1999 г. Чедомир Крсковски –пратеник во Собранието на Р. Македонија, од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во името на делегацијата на Собранието на Република Македонија и во свое лично име, изразувам посебна благодарност на г. Мане Јаковлески, за укажаната чест за време на нашата посета во Берлин.“ -  Берлин, 1999 год. Љубомир Поповски, шеф на делегацијата на Собранито на Р. Македонија на ИПУ

„Честитки за првиот и се уште полниот македонски ресторан, кој во духот на традицијата е подеднакво отворен, топол и гостопримлив. Да биде секогаш вака жив и наш.“ -  Радмила Шеќеринска ,пратеник во Собранието на Република Македонија.

„Чест ми беше да бидам гостин во ресторанот „Ново Скопје“. Поминав една прекрасна вечер, во друштво со членовите на парламентарната делегација во ЦУ, амбасадорот на РМ - г. Срѓан Керим и сопственикот на ресторанот.“ -  13.10.1999 год. Потпредседател на Парламентот во РМ

„Ви благодарам многу за денешниот прием кај вас, во ресторанот „Ново Скопје“. Бевме пречекани како што знае и умее наш човек од Македонија, од нашиот полошки регион. Ви пожелувам целосен успех во иднина и многу здравје за вас и за вашата фамилија.“ - 12.10.1999 год. Абдула Алиу, пратеник во Собранието на Р.Македонија, член на ПДП

03впечатоци на пратениците: Чедомир Крсковски, Љубомир Поповски и Радмила Шекеринска

04НЕЗАБОРАВНА ПРОСЛАВА НА МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТАРКИ

На 13- тото светско ракометно женско првенство, што се одржа во СР Германија, во декември 1997 година, македонската репрезентација го освои 7- то место, што претставуваше дотогаш најголем успех на македонскиот екипен спорт. На 14 Декември, во борбата за 7-то место, ја победија репрезентацијата на Полска. Тогаш македонската репрезентативка Индира Кастратовиќ, со постигнатиот 71 гол, беше прогласена за најефикасна на првенството. Д-р Срѓан Керим, тогашен македонски амбасадор во СР Германија, вечерта во „Ново Скопје“, приреди свечен прием со вечера за репрезентацијата, стручниот штаб и за новинарите. На најдобриот стрелец и подари букет со 71 црвена роза, симболично, за секој погодокпо една.

05амбасадорот Керим, браќата Гојко и Манојил со ракометарките и стручниот штаб

Таа ноќ беше незаборавна, за паметење. Ракометарките, разбирливо, беа највесели и најрасположени. Неколкупати се фатија на оро и ја запеаја нивната химна „Македонско девојче, китка шарена...“

Задоволни од пречекот на гостопримливите домаќини, ракометарките за спомен им подарија на браќата Јаковлески македонско знаме, со посвета: „Голем спортски поздрав од македонската женска ракометна репрезентација до браќата Јаковлески: Билјана Наумоска, Милева Велкова, Елма Пршеш, Оксана Маслова, Индира Кастатовиќ, Надежда Тасиќ, Љубица Ѓорѓиевска, Лариса Киселова, Клара Боева, Мими Ќупиќ, Гордана Нацева, Дана Филиповска, Марина Абрамова и Валентина Радуловиќ“. Истовремено, тие во книгата за впечатоци ќе запишат:

Гордана  Нацева, капитен на репрезентацијата: „Во центарот на Берлин се чувствував како да сум во Скопје“

Љубица  Ѓорѓиевска: Наши домаќини, успешни сте во Вашата работа. Верувам дека Ве направивме среќни и со нашиот пласман на ова светско првенство. Со големи желби и честитки до фамилијата Јаковлески“.

Валентина Радуловиќ: Се надевам дека секогаш со Вас, тука во Берлин, ќе се чувствуваме како дома, во Скопје“.

Дана Филиповска:  „Македонија можеби е мала, ама со големо срце. Голема благодарност за гостопримството“.

06Манојил наздравува со македонските ракометарки

Мими Чупиќ:„Ви благодарам на убавиот пречек, гостопримството, вкусната храна. Ни овозможивте уште една убава вечер во Берлин“.

Зоран Поповски, коментатор на Македонската телевизија, ќе напише: „Некогаш спортот е и повеќе од тоа. Ракометната репрезентација е национална гордост. Тоа го покажуваат и вечерва во ресторанот „Ново Скопје“. И оваа 14. Декемвриска ноќ во летото Господово 1997 сме голема Македонија“.

Иван Бојков, водач на патот и пратеник во Собранието на Република Македонија, воодушевен од пречекот на браќата Јаковлески, нема да штеди зборови: „ Задоволство ми е и чест што последната вечер од престојот на репрезентацијата на Република Македонија на светското првенство во Германија го поминавме во ова преубаво македонско каатче во Берлин, каде што се чувствувавме како дома. И во спортот и во секојдневниот живот трудот е многу значаен и решавачки фактор. Македонската репрезентација и девојките вложија многу труд. Да се отвори ваков угостителски објект во центарот на Берлин, потребно е многу време и труд. Значи, трудот, покрај другите околности, е заедничко нешто што ги поврзува вечерва и успешните гости и успешните домаќини. Најзначајно е тоа што сме сите наши,Македонци“.

Ракометарките направија незаборавна атмосфера.Се фатија на оро и ја запеаја „Македонско девојче“. Се играше и пееше до раните утрински часови. На најдобар можен начин, далеку од татковината, во македонско катче среде Берлин, беше прославен големиот успех на македонската женска ракометна репрезентација остварен на Светско првенство во ракомет.

07разгледница „Ново Скопје“

(придолжува)

 

На прво место

News image

Децата во Македонија ќе учат дека Александар Македонски бил Грк, а Македонците Илири

Учебниците по историја во Македонија ќе се преправаат и во нив изричито ќе биде наведено д...

Историја

News image

Заедничка изјава меѓу Јосип Броз Тито и Тодор Живков-(јануари 1976 година)

“Претседателот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и претседател на Сојузот на комун...

Иселеници

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (13)

VI ДРЕВНА МАКЕДОНИЈА ВО ПРАИСОТИРСКИОТ ЕГЕЈ (ДЕЛ III)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.