Среда, 24 Јануари 2024   
ОД ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ – „Чесен Македонец не убива Македонец“ (15)

1XL5

Иследнците ги интересиураше соработката на Драган Богдановски со странските разузнавачки служби, исто така се имтересираа за неговата антијугословенска дејност, како и за неговата долгогодишна борба со Службата за државна безбедност. По испрашувањето Богдановски повторно бил вратен во келија, каде почнал да ја пишува својата сторија. Немајќи што да крие, тој на темите кои му ги задале ќе напише:

„.Ме вратија во келијата и почнав да пишувам. На темите што ми го зададоа го напишав следното. Напишаното пак го давам во форма на резиме.

Самиот збор “комитет“ во своето етимолошко значи одбор или избор на мал број луѓе кои имаат задача да раководат со нешто некоја секција или работа. Комитетот, дури и тој кога е Централен, може да се состои само од три или четири човека, без разлика на ширината и длабината на акцијата кој тој се нафатил да ја спроведува во живот. Ослободителниот комитет на Македонија даваше слика на широко, масовно македонско движење. Движењето за обединување на Македонија требаше да ја покаже ширината на македонското национално движење од сите распарчени делови на Македонија и од емиграцијата од дијаспората во акција за обединување на Македонија и за самостојна македонска држава.

Меѓутоа, веднаш по прокламирањето на новото име на Организацијата некои македонски патриоти по потекло од Вардарска Македонија направија забелешка што во името на организацијата не е ставено и за “ослободување“ на Македонија, зашто Македонија може да се обедини а пак да не биде слободна. Вардарска Македонија денеска е обединета со другите народи во Југославија а пак не е слободна. Јас лично сметав дека оваа забелешка е правилна и затоа го додадовме и она “за ослободување“. Така ДОМ стана ДООМ.

На Бременскиот конгрес Организацијата не само што си го промени своето име туку и донесе нов статут и политичка платформа. Новото раководство беше задолжено да работи по новиот статут и политичка платформа. Меѓутоа по конгресот Димко Нечевски новото име на Организацијата не го применуваше, а во работата се раководеше уште од некогашниот статут на Ослободителниот комитет на Македонија, напишан уште од предавникот Благој Миленковски. Со таквата своја постапка Нечевски не ги почитуваше решенијата на Бременскиот конгрес – конгрес на кој тој беше избран за претседател. Бидејќи не сакаше да се повикува на законите на Организацијата тој беше сменет од претседател. Тој не беше сменат од мене, туку од здравите патриотски снаги на коишто неговата политика им личеше на миленковштина, на политика помирлива кон Југославија.

Со Гарвански случајот е чисто криминален. Кога стана секретар на ДООМ тој од бившиот претседател, т.е. од мене ја побара “касата“ на Организацијата, мислејќи си идиотот дека Организацијата има некаков буџет за нејзиното издржување, од кој буџет ќе може тој да краде за себе. Кога му беше речено дека Организацијата нема некаква каса, т.е. дека касата е празна, не сакаше да поверува. Сакаше да знае од каде ѝ биле парите на Организацијата за печатење на “Македонска Нација“ и на други печатни материјали, и кога му кажавме дека сме давале од нашите џебови и од помошта што ни ја давале другарите, мислеше дека го лажеме и го криеме изворот на финансирањето на Организацијата. Бидејќи го знаеше нашето неслагање со Димко Нечевски по горе наведените причини се фати со него да комплотира против нас. Гарвански откако беше согледал дека Организацијата не може да му биде крава молзница, беше изгубил и волја за вистинска работа. Затоа Организацијата само после неколку месеци по Бременскиот конгрес не само што го смени од секретар, туку и го исклучи од своето членство.

Кога утредента се најдов пак пред иследниците, Анче Гогов ми рече: “Значи второто “О“ во скратеницата “ДООМ“ си го внесол за да ја потврдиш твојата теза дека Вардарска Македонија не е ослободена, па затоа треба да се води борба за нејзино ослободување.

-.И за нејзино ослободување – реков – за ослободување на цела Македонија.

-.Но во Вардарска Македонија и врапците керамидите знаат дека во неа македонскиот народ е национално слободен – рече Анче Гогов.

- Тоа ваше удбашко поимување на национална слобода, но в суштина со тој поим вие само го манипулирате народот, му раскажувате заносна бајка да си помисли дека е навистина слободен иако е окован во синџири и прангии.

-.Да не сме правна држава, знаеш што заслужуваш да ти направиме? – рече Никола Илиевски.

- Правна држава не киднапира луѓе на чисто мафијашки начин од територија на една друга држава – реков. Вие удбашите правдата ја толку почитувате колку што ја почитувате слободата.

- Молкни!, не сери! – викна Илиевски да не те врзам пак долу за дирекот – рече налутено Илиевски.

- Сакав да ти кажам, но ти ме пресече, дека ти заслужуваш да те земеме и да те однесеме пред работниците на некоја македонска фабрика, или пред студентите на некој македонски факултет, или пред учениците на некоја гимназија, и да им кажеме: “Еве другари, ова е тој Драган Богдановски!, кој во емиграцијата пишуваше дека Македонија не е ослободена, дека таа е српска колонија, дека македонскиот народ е е рамноправен во Југославија, па затоа другари, ние ви го предаваме на вас, судете му, правете му што сакате!“. И што мислиш народот ќе ти направи? Со камење главата ќе ти ја столче како на змија отровница.

- Тоа ќе ми го направат само вашите агенти и други србомански изроди во Македонија – реков.

– Чесен Македонец не убива Македонец. Пред да бидам каменуван од вашите агенти, дозволете ми на масата да и одржам еден говор, да им кажам зошто сум се борел, да им кажам јас моите вистини, а не само вашите да ги кажете, па тогаш ќе видиме како ќе реагира македонската маса. Но вие се плашите од слободата на зборот, слободниот збор го гушите, или не дозволувате да биде изговорен. Ченто беше најчесниот и најславниот Македонец што го дала Народноослободителната борба, па кога го судевте судската сала ја наполнивте со олош да му се исмејуваат и да викаат: “смрт за Ченто!“.

- Со тебе требаше на друг начин да се зборува, а не вака. Со тебе требаше да се зборува со чекан или со секира по главата, како што се зборуваше со Благој Шамбевски.

- Никој не ви пречи и тука со мене да зборувате со вашиот јазик на чекан и секира? – реков.

-.Сега имаш право, кој ни пречи да ти ја столчеме главата? Никој. Ќе наѓубриш некоја бука во ова македонска планина – рече Никола Илиевски. –

Крајот делото го краси, ќе дојде крај и на оваа истрага па ќе видиш што те чека.

- Кога вие го избравте Гарвански за секретар ние во Службата мислевме дека нему му падна секирата во мед, си рековме тој хохштаплер сите ќе ги изманипулира и ќе се збогати на сметка на Организацијата, но ти излезе поголем манипулант од него, не му ја даде касата и го избрка од организацијата. Мајсторот си нашол мајстор!

-.Вие Гарвански го тепавте во Минхен, а неговото тепање е доказ дека вие знаете да применувате сила, терор – рече Никола Илиевски. – Ти ли им даде наредба да го истепаат.

- Гарвански го тепаа мои луѓе, луѓе кои ми беа мошне блиски, го тепаа по своја сопствена иницијатива затоа што зборувал против мене. Јас за тепачката разбрав дури две недели подоцна – реков јас.

- Кој му ја скршил вилицата – праша Никола Илиевски.

- Александар Котсенцов – реков.

- Имаше ти доста луѓе околу тебе кои можеше да ги искористиш да сеат страв и трепет среде твоите противници – рече Гогов. Но ти тоа не го искористи.

- Јас моите непријатели ги тепав со зборови, со вистината – јас не бев никаков терорист – реков.

- До каде стигна со твојата автобиографија? – ме праша саркастично Илиевски.

- До тепањето на Гарвански во 1973 година односно до убиството на Шамбевски во 1974 година.

-.За убиството на Шамбевски другпат ќе зборуваме, сега сакам за утре да ни го опишеш периодот 1973-1974 година, последните три години од твоето непријателско дејствување. Посебно не интересира за случајот со Ванета Петрески.

- За Ванета Петрески што има да ве интересира, кога тој е ваш агент, сте ги читале неговите извештаи за неговата удбашка дејност во емиграција – реков.

- Ако сме ги читале, сакаме да ја слушаме твојата верзија на неговите успеси – рече Никола Илиевски.

- Браво! – реков – Еднаш и вие нешто да признаете.

- Што тоа праша – зачудено Илиевски.

-.Дека Иван Петрески или Ване Самоилов Петровски како што тој ни се прикажуваше во емиграцијата бил агент на УДБА – одговорив.

Зарем тука во овие услови на оваа планина има смисла Драгане да се лажеме – одговори Илиевски – Зошто да те лажеме за нешто кога ние знаеме дека ти ја знаеш нашата права вистина. Неприликите што ти ги правеше Ване во емиграцијата ти ги правеше УДБА. Вистина ти излегуваше победник од играта што ти ја местевме, ти го проеба и Ванета, дури и направи да биде затворен во Германија а потоа во Белгија, но на крајот УДБА пак победи. Те фативме и те донесовме овде.

- Признајте си дека и убиството на Благој Шамбевски беше ваша работа – прашав.

- Ти реков дека за убиството на Шамбевски другпат и во врска со друга работа ќе зборуваме – одговори Илиевски – но баш кога навалуваш, тогај знај: ние му го светивме маслото. Мораше така да биде, друго решение немаше.

- Еве и едно кусо резиме од “писмената задача“ тоа попладне што ја напишав во мојата келија.

Се до убиството на Благој Шамбевски на 2 август 1974 година јас Ванета Петровски го немав видено ниту се имав допишувано со него. За Ванета за првпат слушнав неколку месеци пред убиството на Шамбевски од самиот Шамбевски. Шамбевски ми го претстави како “силен Македонец“, кој е спреман и да извршува терористички акции за Организацијата. На Шамбевски му реков да внимава со еден таков човек...“

1Tiho3 Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

За прв пат во историјата на самостојна Македонија, ЖЕНА ќе биде Претседателка на Македонија

Професорката Гордана Силјановска Давкова ги има сите адути да биде идната мајка на нацијата....

Историја

News image

Наредба на Тодор Александров од 22 август 1922 година

Помошната организација во тие краеви, како и македонската рев. Организација е самостојна и непартиск...

Иселеници

News image

ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ КАКО ИГРАОРЕЦ, КОРЕОГРАФ, ВАЈАР... 15)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

СИНИША СТАНКОВИЌ – ПОЧЕСЕН ДОКТОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (10)

Д-р Милка Пљакиќ долгогодишен асистент на Станковиќ, познат биолог и научен работник, за професорот ...

Фељтон

News image

ЗГАСНА СРЦЕТО НА ГОЛЕМИОТ ДОНАТОР И ХУМАНИСТ АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ I) (21)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.