Среда, 31 Јануари 2024   
ОД ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ – „Македонска Трагедија пишувана од бугарската Државна сигурност“ (16)

                       1XL5

Животот на македонскиот дисидент и идеолог на ВМРО ДМНЕ Драган Богдановски поминат во тајниот затвор на Службата за државна безбедност во близина на Македонски Брод бил исполнет, со серија наизменични испрашувања и мачења. Од него било барано да испише неброени редови за политичкиот живот во македонската емиграција, за ДООМ, за финансирањето и издавање на весникот „Македонска нација“, за некакви контакти со странските служби и т.н.

Се се одвивало топло ладно, но и многу болно.

Во продолжение на дневникот, Богдановски говори и за настаните по убиството на Благоја Шамбевски, уште една значајна личност на македонската дијаспора во втората половина на 20 век. Тој бил учесник во НОБ и осуден по војната на 15 години затвор дека бил член на тајното движење за обединување на Македонија. Во 1962 година Шамбевски бил ослободен и емигрирал во Германија каде што станал член а ппотоа и Секретар на (ДООМ)  Движење за ослободивање и обединување на Македонија и бил дел од редакцијата на весникот „Македонска нација“. Шамбевски бил убиен ноќта помеѓу 31 јули и 1 август 1974 во Минхен, во хотелот Ројал каде што работел.

За настаните потоа за кои се интересира и СДБ, Богдановски ќе напише:

„По убиството на Шамбевски Централниот Комитет на ДООМ се состана во Стразбург Франција и многу непромислено го избра Ванета на изпразнетото место на Шамбевски. Ова најповеќе стана бидејќи немаше кој да ја врши техничката работа околу излегувањето и експедирањето на “Македонска Нација“ која се печатеше во Минхен.

Мојата најголема грешка во емиграцијата можеби е таа што техничката работа околу списанието му ја доверив на Ванета. Парите што му ги пуштав да го плати на печатницата списанието тој си ги трошел за себе, па печатницата ми се жалеше зошто навреме не си ги измируваме сметките за печатење. Им кажав дека ние знаеме дека сметките се измирени, зашто пари му се испратени одамна на Ванета. Фатен во проневера и поканет да даде објаснување за својата нечовечка постапка пред Централниот Комитет, свесен дека ќе биде казнет со исклучување од Организацијата, Ване, веројатно по советите на своите удбашки господари од Скопје, издава еден лажен број “Македонска Нација“ за да стори забуна меѓу членството на Организацијата и поширока во македонската општественост. Во лажниот број на “Македонска Нација“ меѓу другите лаги пишува дека Централниот комитет ме исклучил мене од Организацијата поради проневера на материјални средства. Така ајдукот викаше: “Држете го ајдук!“. Но лагата што ја исфрли Ване траеше помалку од што трае една сапуница. Луѓето ме познаваа мене и ми веруваа. Во вистинската “Македонска Нација“ Ване беше разобличен како удбин агент кој успеал да се вовлече во Организацијата за да ја разбие одвнатре...

Тој ден кога милиционерите ме одведоа во ловџиската соба моите иследници беа во нивната комплетна состојба – покрај Илиевски и Гогов беа дошле и Шкатров и Николовски.

-Го читавме твоето пишување за Ванета Петровски – рече Тошо Шкатров - и во него откривме една твоја голема контрадикторност. Ти за жива глава не сакаш да признаеш дека си работел за странските полиции, а ваму пишуваш како си го затворил Ванета во Германија и Белгија. Ти си морал да имаш некакви врски со тие полиции кои тебе те послушале, па го затвориле.

-Ване се шеташе меѓу Македонците во Германија и Белгија и им го покажуваше својот пиштол фалејќи се дека со него ќе ме убие. За Ваневото фалење ме обавестија веднаш моите пријатели. Но јас не отидов во полицијата да го пријавам, туку седнав и на германската а после тоа и на белгиската полиција им напишав анонимни писма дека во нивните земји се шета еден опасен криминалец вооружен со пиштол. Наговестив дека постои голема веројатност дека е агент на УДБА и дека е испратен на Запад да убива македонски патриоти непријатели на југословенскиот титовистички режим. Бидејќи времето се совпаѓаше токму кога во Германија и Белгија беа убиени некои емигрантски водачи од српско и хрватско потекло, полицијата веднаш реагираше го затвори. Моето анонимно писмо пишувано на француски јазик со печатни ракописни букви дури беше објавено и во најголемиот весник “Л соар“. Писмото беше објавено факсимилно. Има ли подобар доказ дека јас ни моите непријатели не сум ги предавал на полицијата како нејзин соработник. Анонимното пријавување го сметав за моја лична самоодбрана да обезоружам еден непријател и да го сторам безопасен.

-Но Ване сега богато ти се одмаздува за она што му го стори–рече Тошо Шкатров – Знаеш ли дека тој сега маме ебе во емиграцијата, во твоето отсуство тој ги скара твоите пријатели меѓусебно, тој му ги нанесува последните удари на ДООМ.

-Не само Ване, туку и целата УДБА на Југославија нема да го разбие ДООМ – реков – Колкави и да се штетите на УДБА што ќе му ги прави на ДООМ, тој нема да умре, зашто неговата идеја е безсмртна. ДООМ тоа е илинденскиот идеал на македонскиот народ, тоа се вековните стремежи на македонскиот народ за слободна македонска држава, за национално обединување. Работата што ја врши Ване е работа на еден платен агент, на еден наемен убиец, зашто јас сум убеден дека Ване Петровски е убиецот на Шамбевски...

-.Знаеш ли ти зошто беше убиен Благој Шамбевски? – праша Митко Николовски.

-.Затоа што беше македонски патриот – одговорив.

-Ти си глуп ако мислиш дека затоа бил убиен – рече Николовски – Тој беше убиен заради неговата врска со Венко Марковски односно со Бугарија.

-За таква негова врска не верувам – реков – зашто во Благој Шамбевски не сум видел никакви пробугарски чувства.

-Ти го браниш Шамбевски бидејќи на тој начин сакаш да ја сокриеш и твојата врска со Венко Марковски, но нас не можеш да не лажеш, ќе мораш да ја признаеш вистината.

-Која вистина – прашав.

-Таа дека си имал врска и соработувал со Венко Марковски, а за нас кој соработувал со Венко Марковски, тој работел за Бугарија, - рече Тошо Шкатров.

- Тоа ќе треба вие да го докажете, а не јас – реков.

-Ќе го докажеме, ќе го докажеме – рече Шкатров – Ти секогаш беше вистинскиот редактор на “Македонска Нација“, без твое одобрување ништо не можеше да се објави во списанието. Ти си тој што си го одобрил печатењето во “Македонска Нација“. Ти не можело да не знаеш дека авторот или пишувачот на “Македонска Трагедија“ бил Венко Марковски? Кажи како го добиваше материјалот од Венко Марковски, преку кој човек?

-Вистина е и јас тоа не го кријам дека објавувањето на “Македонска Трагедија“ во рамките на “Македонска Нација“ јас го одобрив. Тоа го сторив затоа што во текстовите на “Македонска Трагедија“ имаше кажано многу вистини за злосторничката политика на титовштината направена спрема македонската нација, спрема нејзиниот обединителен илинденски идеал. Особено испишано и убедително “Македонска Трагедија“ го разобличуваше предавничкиот лик на новите денешни македонски србомански влстодршци во СРМ. Затоа решив да ѝ се даде место во рамките на “Македонска Нација“. Но јас уште при објавувањето на првиот број “Македонска Трагедија“ се ограничив од нејзината инфобировска идеологија. Бидејќи во одделните броеви на “Македонска Трагедија“ се чувствуваше прикриено бугарофилство, јас не оставив да не го осудам во специјален коментар на “Македонска Нација“ тоа бугарофилство. И кога тоа бугарофилство си ги откри роговите, предлагајќи во “Македонска Нација“ да не се пишува за македонски народ и македонска нација туку да пишуваме само за македонски народни маси, јас јавно ѝ откажав гостопримство на “Македонска Трагедија“ и ја обвинив дека таа е пишувана од бугарската Државна сигурност. Тоа го знаат сите Македонци кои читале “Македонска Нација“. По содржината на текстовите од “Македонска Трагедија“ знаев дека ги пишува некој или некои македонски инфобировци, но никогаш на помислив дека тоа може да биде Венко Марковски.. .

-Како ги добиваше материјалите за “Македонска Трагедија“.

-Ми ги даваше Шамбевски, како ги добивал тој, тоа е негова работа, но Шамбевски е мртов, тајната ја однесол со себе во гробот – реков.

-Таа тајна не е тајна ни за тебе ни за нас, - рече Никола Илиевски – но на нас ни треба твоето признавање. Ќе признаеш или душата низ газот ќе ти ја извадиме.

-Јас ви ја кажав вистината, нема друго што да признавам – реков...

Митко Николовски и Анче Гогов ми дојдоа зад грб, едниот ме фати од едната страна под мишката, другиот од другата и ме кренаа од столицата. Никола Илевски со тупаници почна да ме мава во стомакот. Како некој боксер маваше по мојот стомак, од првите удари ми го испумпа надвор воздухот што беше во мене, секој негов удар како да ми режеше стомакот и цревата на парчиња, жестоките болки беа мешани со силен нагон за повраќање. Кога се измори тој од мавањето, него го замени Шкатров. Да не ме држеа двајцата одамна ќе се струполев на подот. На устата ми изби пена, потоа загубив свест. Кога се освестив гледав милиционери го миеја подот со крпа од моите блуеници. Седев на столица, свиткан со рацете на стомакот, ми се гадеше и уште повраќаше.

-Признај, признај! Да не те мачиме повеќе!.. повторуваа иследниците.

-Нема што да признам, јас ви ја кажав вистината! – беше мојот одговор.

-Никогаш нема да можеш да не убедиш, дека еден Драган Богдановски не се заинтересирал кој е авторот на “Македонска Трагедија“ – рече некој од четворицата иследници. – Ние не можеме да си замислиме дека ти не си го прашал Шамбевски на кој начин го добива материјалот за “Македонска Трагедија“.

-Се разбира, го прашав – одговорив – но тој ми рече дека го добива од Италија како поштенска пратка, но на пратката немало податок кој го испраќа.

-И ти си можел на Шамбевски да му веруваш на таа плитка лага?! Не ние не веруваме во оваа твоја верзија, ти си знаел точно преку кој човек Шамбевски го добива материјалот. Затоа и ти си ни сомнителен дека си имал врска со Венко Марковски, а бидејќи си имал врска со него, си имал врска и со бугарската Државна сигурност.

-Тоа е само бладање на вашите полициски мозоци – одговорив – Тоа е манија на секоја полиција да не верува на својата жртва, но во случајов со мене вие сакате насилно да извлечете признавање од мене за она со кое не сум имал апсолутна никаква врска. Јас веќе реков дека за мене не беше од значење кој го пишува тој материјал, туку што пишува. Бидејќи во пишувањето на “Македонска Трагедија“ поголемиот дел беше жива вистина затоа го објавував тој материјал...“

1Tiho3 Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

За прв пат во историјата на самостојна Македонија, ЖЕНА ќе биде Претседателка на Македонија

Професорката Гордана Силјановска Давкова ги има сите адути да биде идната мајка на нацијата....

Историја

News image

Наредба на Тодор Александров од 22 август 1922 година

Помошната организација во тие краеви, како и македонската рев. Организација е самостојна и непартиск...

Иселеници

News image

ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ КАКО ИГРАОРЕЦ, КОРЕОГРАФ, ВАЈАР... 15)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

СИНИША СТАНКОВИЌ – ПОЧЕСЕН ДОКТОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (10)

Д-р Милка Пљакиќ долгогодишен асистент на Станковиќ, познат биолог и научен работник, за професорот ...

Фељтон

News image

ЗГАСНА СРЦЕТО НА ГОЛЕМИОТ ДОНАТОР И ХУМАНИСТ АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ I) (21)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.