Среда, 19 Мај 2021   
Македонците во патoписот на Џио Марио Анџиолело (1470 година)

patopisЗа постоењето на Македонците како посебен етникум од соседните народи зборува еден патопис на италијанецотЏио Марио Анџиолело.  Тој по потекло бил од Виченца, а неговиот дневник во вид на патопис е пронајден во библиотеката во неговиот роден град под реден број 382. Поголем дел од неговиот дневник се однесува на Грција, но дел има и во Македонија. Бил турски заробеник каде и го научил турскиот јазик. Напишал историја на турскиот Султан Мехмед II Освојувачот поради што од него лично бил помилуван. Џио Марио прави јасна дистинкција помеѓу Македонците, Грците, Власите, Турците. Во продолжение следи делот од патописот посветен на Македонија:

„8 август 1470 година. Султанот запре и конакуваше во другата страна на клисурата во едно поле, што ја претставува границата на Македонија.

На 9 август преноќеваше во близината на една крепост наречена Платамон од каде што човек може да го види Солунскиот залив и градот Солун.

На 10 август, поаѓајќи од Платамон, застана и конакуваше на едно место наречено Китрос во споменатиот залив. Тука има многу солани и во близина се наоѓа голема река наречена Вардар која поминува низ Македонија и се влева во Солунскиот Залив. Во овие места има во изобилство одлични и расни коњи. Некои се донесени тука од Азија, бидејќи овие места се погодни за одгледување на коњи.

На 11 август, минувајќи ја реката преку мостот, султанот логоруваше во Солунското Поле. Солун е град кој се наоѓа на многу убаво место и добро е укрепен. Има своја тврдина. Тука има изобилство храна и други видови стока, а особено кожи и волна. Исто така, тука се наоѓа и телото на Свети Димитрија и од неговиот гроб излегува масловидна течност која се препорачува за многу болести.

Тргнувајќи од Солун на 12 во месецот, султанот логоруваше на една планина, наречена Богданос и преноќеваше на нејзиниот врв.

На 13 во месецот султанот логоруваше во близина на еден град, наречен Серес, кој така се нарекувал и во древноста. Тука била погребана онаа убава физиономија на благородникот Франциско Брандолино, кој беше генерал на Свети Марко во Мореа. На 14, поаѓајќи од ова место, конакуваше во близина на Света Гора, кој се простира во должина од 30 милји внатре во морето. Оваа планина е многу високи тука се наоѓаат многу манастири на христијански калуѓери, од кои некои се Грци, други Македонци, Власи па дури и Италијанци како и од други нации, кои живеат живот на светци. Никогаш не јадат месо, а во разни годишни времиња дури и пресна риба што би имала крв. Мнозина од нив не јадат во текот на постот ништо печено и никогаш не спијат в кревет. Местото за молитви им е далеку од манастирите, таму одат сами и остануваат по 8-10 дена. А прават и многу добрини. Во сите овие манастири има чешми со прекрасна вода и посадено многу овошни дрвја.

На Света Гора и по манастирите забрането е влегување на секаков женски род, дури и на кокошка, дури и на кучка итн. А во нивните братства не примаат ниедно момче без брада. Воопшто, таму живеат свети луѓе. Но, покрај тоа Турците се многу предани на овие калуѓери и живеат со нив во мир.

На 15 август султанот замина и логоруваше на едно место, кое некогаш бил голем град наречен Филибегош (што значи земја на Филип), изграден од царот на Македонија, Филип. Тука има многу старини и на планинката се зачувани неколку пусти кули. Дури и на билото од планинката има еден подиум издлабен врз една голема карпа. На долната страна од градот е еден столб многу поголем и висок, а околу него е зачуван натпис со грчко писмо што покажува дека на ова место била шталата на Александар Велики каде што имало многу коњи, мошне поголеми од денешниве, бидејќи на столбот се издлабени во природна големина потковиците на овие коњи, кои споредени со сегашните наши коњи се многу поголеми. Овде-онде се наоѓаат доста стари паметници ширум рамнината. Дури и тие се многу поголеми од денешните во нашите градови.

На 16 август замина султанот. Поминавме по една планинска долина која се вика Кавала, вртена кон морето. Тука се наоѓа теснина во која се наоѓаат две убави тврдини, едната врз планината, а другата покрај морето, а и двете се запуштени. Меѓу овие две тврдини изгледа дека имало многу убави градини со многу овошни дрвја, што сега остареле и веќе не дават плодови. На овие места се јавуваат и многу пирати кои ги напаѓаат патниците и ги ограбуваат.

Тој ден султанот застана на една рамнина во близината на една река, наречена Аква Бруна (Црна Река). На 17 август замина од ова место и залогорува во близината на една убава и раскошна крепост, наречена Бари, која се наоѓа покрај морскиот залив. Тука живеат Грци и Македонци.

На 18 август 1470 година замина, а потоа логоруваше во близина на една друга крепост наречена Мерканово. Тука еднаш во неделата, значи во неделен ден, има голем пазар на добиток од секаков вид, како и на секаква стока т.е. на теписи и килими, на големи количества волна, железарија, а има и изобилство на жито. Тука доаѓаат и Турци и Евреи од далечни места за да купат и да продадат.

На 19 август, султанот замина од Мерканово и конакуваше во Ѓумилѓина, која е населена со Турци и Грци. Тука има храна во изобилие.

Кичево.мк

 

На прво место

News image

Македонија – Голи Оток за Македонците

Тешко се движи проколнатиот “Пунат” кон крајната дестинација Голи Оток. Тажното брчење на ...

Историја

News image

Повик за Илинденското востание

Повик за Илинденското востание

Иселеници

News image

ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА „ИЛИНДЕНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“ ВО ЉУБОЈНО (18)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

News image

По стапките на Месијата (9) 14 станица е посебна црква во која се наоѓа Христовиот Гроб

Црквата на Светиот гроб- Гробот на Христа Под големата ротонда на Црквата Светиот Гроб, направена е...

Фељтон

News image

ОДНОСОТ НА АТИЊАНИТЕ, ТРАКИЈЦИТЕ И ДРУГИТЕ АНТИЧКИ НАРОДИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ (21)

Она што започнало како интереси на Атина во егејското крајбрежје за да се заштити Ба...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.