Историја
Среда, 18 Април 2018 03:59   
Што преставуваше Бугарија за Македонија

macedonia-bulgaria-flag-180На почетокот на август 2017 година Македонија и Бугарија потпишаа Договор за пријателство, добрососедство и соработка. Договорот беше потпишан  на македонски и  бугарски јазик согласно Уставите на двете држави.  И покрај одредени недоследности, Договорот преставува историски чекор напред за двете држави и покажува дека минатото може да биде темел на идната соработка, односно Софија да се заложи за евро атланските аспирации на Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 18 Април 2018 03:09   
Андартите ја преувеличуваат историјата на своето движење во Македонија!

Macedonian Rebel Band Kalambaka 1897 - Underwood and Underwood-180Лука Иванов (Панаѓуриште, 14.VII 1867 – Сборско, 25.VIII 1906) бил бугарски офицер и револуционер, воденски војвода на Македонската револуционерна организација.  Привлечен од Организацијата тој учествувал во Илинденското востание во 1903 година и како воденски војвода учествувал во многу други битки со турскиот аскер и четите на грчката вооружена пропаганда по востанието. На 16 август 1906 година (ст.стил) кон неговата чета се приклучил американскиот новинар и публицист Алберт Сониксен, кој своите искуства ќе ги објави во својата книга „Исповед не еден македонски четник“.

Повеќе...
 
Среда, 18 Април 2018 03:04   
Вистината за создавањето на грчката држава

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

До 1830 година кога е призната грчката држава, Грција како организирана држава никогаш не постоела. Единствено во античко време постоеле грчки градови држави наречени полиси, кои често војувале меѓу себе. Подоцна истите биле освоени и биле во рамките на Македонската, Римската, Византиската и Османската империја. Туѓите освојувања не го потиснале грчкиот јазик, кој како трговски се наметнува меѓу народите на Средоземноморието, поради што некои Грција ја сметаат како наследничка на Византија.

Повеќе...
 
Среда, 18 Април 2018 03:03   
Александар Македонски и цар Самуил зборувале ист јазик – потврдува книга објавена во Венеција во 1532 година

Kniga-Aleksandar-Makedonski-Car-Samoil-180Во оваа исклучително интересна книга што се чува во НУБ „Св.Климент Охридски“, професор Винко Прибојевич, користејќи голем број цитати од грчки и латински писатели, тврди дека Македонците отсекогаш го зборувале јазикот којшто го зборувале и во 1525-та година, кога тој ја пишувал својата книга. Според него, Македонците живееле на овие простори и во 16-от век, како што живееле и во вековите што претходеле.

Повеќе...
 
Среда, 11 Април 2018 03:43   
Македонска граматика од Пулевски печатена во Софија во 1880 годона!

slognica-180Ѓорѓија Пулевски или Ѓорѓи Пулевски (1817 – 1893) е македонски писател, лексикограф, историчар и воен водач.  Тој е автор на првата печатена македонска граматика и автор на еден од првите речници на македонски јазик.

Повеќе...
 
Среда, 11 Април 2018 03:40   
Жестоки борби со грчките андарти во Ениџевардарско и Воденско

Cheta of andarts-180„Борбата со андартите стана уште пожестока. Во Воденско, Ениџевардарско и Берско "Христовите војници" ги напаѓаа жестоко (македонските – н.з.) и влашки села и убиваа по нивите и патиштата невооружени луѓе. Во Воденско најмногу настрада влашкото село Патечино - 10 изгорени куќи и десетина убиени и ранети селани. При еден грчко-(македонски – н.з) судир кај село Јанчишта (Ениџевардарско) загина андартскиот капетан Капсалис (подпоручик Христос Прантупас). Во село Агора, Ениџевардарско, андартски напад беше одбиен на 2 јуни од милицијата. Во село Ликовиште, Берско, андартите се јавија четири дена откако се случи обезоружувањето на селото од муљазимот Кемал бег. На 1 јули (андарите) ги изненадија работниците по нивите и убија седум лица, а неколку фатени жени биле силувани. Во селото Бозец, на 12 август, милицијата, по двочасовна престрелка, ги избрка напаѓачите.“ – пишува Христо Силјанов во своето дело „Ослободителните борби на Македонија“.  

Повеќе...
 
Среда, 11 Април 2018 03:37   
500 „Вардарци“ трчаа пет часа во битката која ја спаси Србија!

vardarci-180Во август 1913 година Македонија беше поделена меѓу Србија, Бугарија и Грција, а еден мал дел и припадна на новосоздадената држава Албанија. Година потоа, еден месец по атентатот врз австрискиот надвојводата Франц Фердинанд во Сараево (28.06.1914),  на 28 јули 1914 година со нападот на Австроунгарија врз Србија започна Првата светска војна. Со почетокот на војната Србија, Бугарија и Грција извршиле мобилизација на околу 200.000 луѓе од населението од Македонија. Во бугарската војска биле мобилизирани околу 120.000 луѓе, во грчката војска околу 20.000 и во српслата војска околу 50.000 Македонци.

Повеќе...
 
Среда, 04 Април 2018 09:29   
ГЛАС на ВМРО-ДПМНЕ: Вести од Татковината

На завршеното собрание на Западноевропската унија, одбранбено-воена организација на европските земји во чија работа Република Македонија учествуваше како посматрач, изразена е...

Повеќе...
 
Среда, 04 Април 2018 09:20   
„Нема да бидат поштедени и жените и децата“ - се вели во писмото на капетан Акритас

Kapetan Akritas-180„Селаните на Св. Марина, Јамчишта и други села од Сланицата му донеле на Апостол писма испратени од андартите со потпис: "Ваш брат по вера Костас Акритас". "Братот по вера" ​​ги предупредуваше да не испраќаат до европејците жалби и протести против "војниците на верата", бидејќи непослушните ќе бидат убивани. "Нема да бидат поштедени и жените и децата; ние ќе ги исечеме на парчиња. Ќе убиваме секој кој е против нас ", - завршуваше писмото на капетан Акритас. Писмата носеа дата од 7 февруари 1906 година.“ – сведочи во своите спомени американскиот новинар и писател Алберт Сониксен. 

Повеќе...
 
Среда, 04 Април 2018 09:16   
Струшки вредности - 1928 година!

struski-vrednosti-180„Во овој дом сретнав еден редок човек во нашата земја, еден благороден странец, кој со право го дише нашиот воздух, кој со алал го јади нашиот не баш така сладок леб. Тоа е доктор Николај Незнобински (Никола Незлобински – н.з.)  сјаен и лекар, и научник и јавен деец. Иако не основач на овој дом, тој е необично заслужен за таа установа, бидејќи го донесе во сегашна состојба и како некаков  подвижник постојано во неа работи предано и чудесно со невидена љубов према ближните. Покрај Струга тој под своја управа ги има поликлиниките во Охрид и Кичево, па пак стигнува да го направи потребното, иако нема повеќе лекари или официјално лице за службена преписка.’ – пишува еден од водачите на српската пропаганда во Македонија и дописникот на Политика меѓу двете Светски војни Григорије Божович.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Го повикувам Заев да покрене постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката

Изјава на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов

Историја

News image

Поздрав до Член 7 од предложениот „договор“ со Грција

Диодор од Сицилија (Хеленски-ГРЧКИ историчар што живеел во првиот век п.н.е.)

Иселеници

News image

Атанас Близнаков – најголемиот донатор од македонското иселеништво (15)

Атанас Близнаков пројавил голема активност во една од зн...

Култура и туризам

News image

Светилишта во Струга: Црквата Света Петка

Култното место Света Петка е познато од дамнина. Тоа беше само обележано, но стружани редовно таму п...

Фељтон

News image

Александар Македонски (37)

Плашејќи се дека на начин што предходно го одбраа Перијците нема да успеат на земјиш...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.