Среда, 07 Ноември 2018   
Пандорината кутија е подотворена, а во кој правец ќе оди земјата и регионот наскоро ќе се види!

svekrva-nova
Свекрва

Наместо одлуките, Прогласот од АСНОМ во новата преамбула на Уставот

По неуспешниот референдум и најавените уставни измени, кои предвидуваат создавање на бинационална држава, Македонија се повеќе се поларизира.

Игнорирајќи ја вољата на македонскиот народ, уставот и законите во Македонија, ЕУ и НАТО со помош на марионетската влада на Зоран Заев, како и малцинствата во земјата, кои го поддржуваат договорот со Грција. ја туркаат земјата, регионот и пошироко кон дестабилизација.

Францускиот претседател Еманиел Макрон неодамна предупреди дека „Европа е на прагот на војна“, укажувајќи на сличноста на денешното време со времето меѓу двете светски војни.  Но, од наш аспект, ова време повеќе наликува на времето пред Првата светска војна кога Македонија беше поделена на Букурешкиот мировен договор во 1913 година..

Во тоа време Македонија беше една од главните причини за почеток на Првата светска војна (1914 - 1918). Но, од тогаш до денес измина повеќе од еден век и опомените се заборавени. Сега, под надворешен притисок. се прават истите грешки. Се бара со уставни промени Македонија да стане бинационална држава, што потоа неминовно може да доведе до поделба на земјата и создавање на Голема Албанија, и војна со несогледливи размери.

Се е поврзано со Уставот на Република Македонија.

Отварањето на Уставот не значи само промена на името на земјата во Република Северна Македонија, туку и отварање на Пандорината кутија.

Имено, најавено е во Преамбула на Уставот на Република Северна Македонија, како составен дел да биде Рамковниот договор од Охрид и наместо одлуките на АСНОМ да стои Прогласот.

Сите овие постапки се историски погубни за Македонската држава и Македонската нација.

Но, според актуелната власт, „причините зошто се тргаат одлуките од АСНОМ биле во содржината на една реченица во која се повикува на обединување со Македонците од Грција и Бугарија, додека во Прогласот го нема тој дел и тоа е фер пристап на градење на пријателство со соседите“.

Меѓутоа, сегашната власт заборава дека Прогласот ја нема тежината со Одлуките на АСНОМ, односно дека се губи државотворниот континиутет на македонскиот народ, а со влегување на Охридскиот рамковен договор во Преамбулата Македонија го губи мултиетничкиот карактер. Односно, албанскиот се изедначува со македонскиот народ, за разлика од другите етнички заедници.

Неофицијално новиот текст на идната Преамбула на Уставот на Република Северна Македонија  би гласел:

„Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, албанскиот народ како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање граѓанска и демократска држава, одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на сè што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Северна Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро – Република Северна Македонија – во согласност со традицијата на Крушевската Република, Прогласот од АСНОМ од антифашистичката Народно ослободителна борба, како и на Референдумот од 8 септември 1991 година и Охридскиот рамковен договор, одлучија да ја конституираат Република Северна Македонија како самостојна, граѓанска држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Северна Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој Устав на Република Северна Македонија.“

Со ова од АСНОМ се бришат: Манифестот на АСНОМ; Решение за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и извршно тело на демократска Македонија; Декларација на АСНОМ за основните права на граѓаните на демократска Македонија; Решение на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава и др.

Наместо одлуките од АСНОМ, како што гледаме во идната Преамбула на Република Северна Македонија треба да стои Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ. Во овој Проглас, посочувајќи дека се „Удрени се темелите на македонската федерална држава во нова демократска и федеративна Југославија“, се вели:

„На 2 август 1944 година - Илинден - се свика првото историско Антифашиско собрание на народното ослободуење на Македонија -АСНОМ. 122 полноправни представители, синови и ќерки на македонскиот народ, испитани низ маките и искушенијата на Народно-ослободителната борба, собрани на своето прво заседание во манастирот „Св. Прохор Пчински", во присаствие на делегатите: од Врховниот Штаб на Маршал Тито, војните сојузнички мисии и на Главниот штаб на Србија, ја изразија суверената воља на својот народ и ги донесоја следните решенија:

1.  Македонија ја прогласи за федерална држава, во нова, демократска федеративна Југославија.

2.  Народното собрание се конституира во врховно законодателно и исполнително представителство на македонската федерална држава.

3. Се донесе декларација, со која се гарантира слобода и равноправност на секој граѓанин и граѓанка во Македонија, без разлика на вера, националност  и  политичка припадност,  право  на секој  граѓанин  и граѓанка над 18 години да избира и да биде избран, слобода на совеста и вероисповеданието, право на бесплатна просвета, итн.

4.  Се формира Президиум на АСНОМ со функции на привремено народно представителство на македонската федерална држава.

5. Македонскиот народен јазик се воведува како службен јазик.

6.  Илинден, 2 август, се прогласува за народен и државен празник во Македонија.

7. Се формира комисија за испитување војните злодејствија, направени од окупаторите и нивните слуги.

8. Се формира комисија за изработување законски проекти на македонската федерална држава.

9.  Се избраја 40 представители на македонскиот народ за Антифашиското веќе на народното ослободување на Југославија и неговиот Президиум.

Македонски народе!

Со овија основни историски решенија се удрени темелите на македонската федерална држава. Това се први плодови на твојата тригодишна народно-ослободителна борба, това се првите плодови на братството и единството со другите народи на Југославија. Овија плодови представуваат остварување на вековните идеали на нашиот народ.

Македонски народе!

Антифашиското собрание на народното ослободување на Македонија е одржано во најжестокиот бој во оваја војна, кога се кинат фашиските синџири, кога геројската Црвена армија настапува кон Берлин, а мошните сојузнички армији настапуват од запад и југ на Париз и Германија, кога нашата јуначка Народно-ослободителна војска на Југославија навлегува во последен бој со фашиските окупатори. Во оган и крв на развихрената и решавашта битка, во зората на победата, македонскиот народ преку своето Антифашистко народно собрание си ја кажа думата за својата судба.

Фашиските окупатори и нивните слуги се пред пропаст, ама ги превземат сите мерки како би го одложиле своето пропаѓање. Они изнајдуват нови трикови, како би го задржали македонскиот народ мирно да (го) поднесува фашискиот јарем. Ванчо Михајлов и неговата група издајници и крвници на македонскиот народ, готват платени банди да по истеглувањето на бугарските фашиски војски ја завладејат Македонија за сметка на Хитлер или некој друг господар. Од друга страна, това исто се готви и од најголемиот издајник и слуга на Хитлера Милан Недиќ, кој се токми да умаршува во Македонија и да го обнови големосрпското ропство.

Македонски народе! Родољуби и родољубки!

Слободата е на прагот! Темелите на нашата федерална држава се удрени! Ама баш није сите требе да бидеме на штрек. Сега баш треба да се прибериме сите во Народно-ослободителниот фронт на Македонија, во нашата Народно-ослободителна војска, за да (ги) сачуваме придобивките на досегашната борба. Краен е час за секој еден Македонец да го отфрли секое колебание и тргне во последен бој за слобода на нашиот вековно поробен народ.

Во името на новата македонска држава, во името на нејното изградување, ние ви викаме:

Уште повеќе зацврснете го единството на целокупниот македонски народ преку Народно-ослободителниот фронт на Македонија - единствoто, кое ти овозможи создавање на македонската држава, единството, које ќе ти ја сочува таја држава!.

Стани целиот на воражено востание и навлези во својата Народно-ослободителна војска на Македонија, војската која ти создаде држава и која ќе знае да ти ја сочува! Разрасни ги што по скоро своите бригади во мошни дивизии и корпуси!

Уште посилно пристапите кон формирањето на народно-ослободителните одбори, органите на новата народно-демократска власт, преко која треба да се соберете за изградувањето на новата македонска држава!

ДА Е ЖИВА СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА ВО ДЕМОКРАТСКА И ФЕДЕРАТИВНА ЈУГОСЛАВИЈА!

ДА Е ЖИВО АНТИФАШИСТИЧКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА.“

Инаку, посебен документ за прогласување на Македонија за федерална во нова Демократска Федеративна Југославија не е донесен, туку тоа произлегува од контекстот на другите документи презентирани и усвоени на Заседанието, како и од прифакањето на одлуките донесени на Второто заседание на АВНОЈ во 1943 година.

Ако се погледне овој Проглас, кој со Охридскиот Рамковен договор треба да се најде во најавената Прембула на новата држава, како да ни укажува на намера на актуелната власт за создавање на конфедеративна или федеративна држава со албанците или пак на најавената но не остварена во 2001 година поделба на земјата.!? Пандорината кутија е подотворена, а во кој правец ќе оди земјата и регионот наскоро ќе се види!

 

 

На прво место

Историја

News image

Привремена влада на Македонија – Единство создадена 1880 г.

Привремената влада на Македонија - Единство е политичка институција на народот во Македонија. Владат...

Иселеници

News image

ВОЛИНЦИ ЈА ОДРЖАА ХУМАНИТАРНАТА ВЕЧЕР

Во саботата, на 10-ти ноември, во прекрасните простории од...

Култура и туризам

News image

ИМПРЕСИВНИ ЦРТЕЖИ НА КАРПАТА „ЦРВЕНИЦА“ КАЈ СЕЛОТО ЛОПАТИЦА, ПРИЛЕПСКО

На околу 1 км западно од селото Лопатица, Прилепско, во подножјето на Селечка Планина, јужно од врво...

Фељтон

News image

Александар Македонски (58)

Во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.