Среда, 20 Март 2019   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИ

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор     

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИ 

1. На север од нашата земја врие. Впрочем, тоа не треба да не изненадува бидејки истото сценарио, што се одвива во соседна Србија беше грда реалност цела измината деценија и кај нас дома! Тоа недвосмислено говори дека ист е и сценаристот на случувањата и во Македонија и во Србија и лесно претпознатлив е истиот "ракопис" на сценариото, како што би рекле историчарите на уметноста. Само што, за разлика од историчарите на уметноста и во македонскиот случај и во српскиот случај не станува збор за уметност, туку за брутално мешање во внатрешните работи на две суверени земји и силеџиско нематнување на туѓа политичка волја и туркање на легално избрани влади!

2.  Двата наши северни соседи - Србија и Косово континуирано и се понагласено ги заоструваат меѓусобните односи и ѕвецкаат со оружје што не ќе да е на арно! Србија нема намера (засега) ни да помисли официјално да го признае Косово и сеуште го смета за своја јужна покраина, а Косово не помислува да попушти додека званичен Беглрад не ја признае неговата независнот.

Статусот на Косово беше многу актуелна тема на почетокот на овој век, а како едно од можните решенија понуди и мојата маленкост како амбасадор на Република Македонија во кралството Шведска (2001-2005). Имено, им предложив на Швеѓаните (Шведското МНР) да размислат, но и да ја промовираат идејата: на Косово да се додели идентичен статус каков што го има архипелагот Оланд, што е составен дел од Финска (Архипелагот Оланд го сочинуваат околу 4.500 острови во Балтичкото море којшто историски одсекогаш бил дел од Шведска, но заради учеството на Шведска во Првата светска војна на страна на Германија, за да биде казнета, Велика Британија издејствувала во Лигата на народите да биде доделен на Финска). Во архипелагот Оланд живеат околу 25 илјади жители од кои помеѓу 80% и 90% се Швеѓани; комлетната управа, образование, медиуми...буквално се е на шведски јазик, само одбраната и дипломатијата се во надлежност на Хелсинки!

Шведите многу благонаклоно ја подржаа оваа идеја! Пишував дописи и известував до Македонското МНР и уследи реакција: делегација на ДУИ предводена од Муса Џафери допатува во посета на Финска, ама попат го посетија и главниот град на Оланд Maриехамп, за да се запознаат лично со она што јас самиот го пишував.

Идејата ми беше: да се задоволат максимално и двете страни, што е врашки тешко - Србите  (бидејки јужната покраина ќе останеше во границиците на Србија), но и Косоварите кои ќе си обезбедија гарантирани максимални права! За жал, идејата не помина бидејки планерите од меѓународната очигледно имале други решенија за проблемот на ум.

3. Во Светата земја Македонија веќе е во тек интензивна кампања за претстојните претседателски иѐбори. Во старите и нормални (!?) демократии изборите се рутинска операција, но нашите се одбележени со бројни "бисери".

Бисер бр. 1. Каде се чуло и видело странска амбасада до определува консензуален кандидат за претседател? Не знам за таков пример, освен токму кај нас - во Република Македонија;

Бисер бр. 2. Каде се чуло и видело еден од кандидатите за претседател на Република Македонија (кандидат на странска амбасада) да биде лице кое има полициско досие во странска земја за поседување 300 пилули дрога;

Бисер бр. 3. Каде се чуло и видело кандидат (на странска амбасада) за претседател да оди со папка полна со исечоци и агитира против и да омаловажува друг кандидат (исто така на странска амбасада) и да го блати пред странски дипломати, а за да истакне себеси!?

4. На 7ми мај во прва званична посета на Република Македонија пристигнува Папата Франсис, шеф на државата Ватикан и духовен татко на една и половина милијарди Католици ширум светот! Македонија нема во моментот свој амбасадор во Ватикан кој би морал според протоколот да присуствува на  дочекот и активностите на Светиот Оттец за време на неговата посета на земјата!? Што да се рече за нашата дипломатија и нејзиниот непартиски министер без елементарно чуство на одговорност. Бедно

5. Франција и Холандија веќе пресекоа: нема нивна подршка за почеток на преговорите за членство во Европската Унија бидејки "не биле убедени дека сме спремни". Зарем не можеа овие две уважени членки на ЕУ да покажат барем респект за се она што нашата земја направи и придонесе во овие речиси три децении од стекнувањето на независноста? Зарем дотичните земји не можеа да прифатат делкање на фалинките во нашиот систем во текот на преговорите и зарем сите земји што се зачлениа во ЕУ последните неколку кругови на проширување беа со идеални перформанси, реформи и сл, на пример Кипар и да не наведуваме други???

Се сеќавате на оној многу интересен и оригинален министер за финансии во првиот состав на владата на Ципрас, Јанис Варуфакис? Тој  ваквото однесување (на Франција и Холандија) го нарекуваше"деспотски садизам" 

6. Сосема извесно е дека во јуни  н е м а  да добиеме конкретен датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Ние можеме да се лутиме колку што сакаме но факт е дека преговорите за членство не се само папирологија, т.е преведување на правната регулатива на Унијата, реформите во земјата и сл.

Нашата земја, за жал е вистинска депонија со ѓубришта на секој чекор, загаден воздух, ненормални учесници-силеџии во сообраќајот, корупција на секој чекор и да не редиме понатаму. Додека тоа не се свати треба да сме свесни: долг е патот до Брисел.

7. Го гледам често на вестите портпаролот на СДС Костадин Костадинов. Тој многу силно ме асоцира на припадник на Хитлеровата младина (Хитлер југенд): укрутен како сталагмит, без трошка емоции (небаре е воштена фигура) и веднаш ми се раѓа помисла: не дај Боже на овој тип да му падне в'раце Калашников!!! Ни настанот (злосторот) во Крајстчрч нема да може да се соредува што може да се деси дома, кај нас!?

 

На прво место

News image

Заев е свесен дека доаѓа крајот на неговото владеење

Заев е свесен дека доаѓа крајот на неговото владеење

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (8)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (8)

Иселеници

News image

СЕЌАВАЊА

Навираат, но не носат светлина во денот Тие овенуваат, ис...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (27)

НОМИНАЦИЈА ЗА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР НА ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (13)

ПРАИСТОТИСКИОТ РАЗВОЈ НА ДРЕВНИТЕ МАКЕДОНЦИ И ЕОЛЦИ – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.