Понеделник, 17 Јуни 2019   
10 години на електронското списание „Македонска нација“

makedonska-nacija-60010 години на електронското списание „Македонска нација“

На 17 јуни 2019 година „Македонска нација“ слави десет години од почетокот на издавањето на електронското издание. Во изминатите 10 години на страниците на „Македонска нација“ се објавени огромен број на текстови кои говорат за историјата, традицијата и културата на македонскиот народ, како за неговата вистинска историја, така и за актуелната политичка состојба. Изразено во бројки тоа се околу 10.000 статии, со илјадници страници текст и документи, која прават „Македонска нација“ да биде права македонска енциклопедија.

Во изминатите десет години уредништвото на електронското списание „Македонска нација“ ги продолжи традициите на печатениот медиум „Македонска нација“, еден од првите демократски и емиграциски гласила на Македонците во дијаспората, кој првпат почна да излегува во далечната 1971 година како орган на Ослободителниот комитет на Македонија (ОКМ). Тие традиции ги постави Драган Богдановски, еден од оснивачите и главен уредник на печетанеиот медиумот, кој тогаш беше вистинска трибина каде секој чесен Македонец без разлика на неговите идеолошки убедувања или партиска припадност, можеше да ја застапува и да и служи на македонската национална кауза.

Ваквата поставеност на печатеното издание, направи „Македонска нација“ да стана чувар на македонските традиции, јаик и култура, чувар на македонскиот идентитет. Тој беше извор на вистината за македонската трагедија но и сведок на македонскиот непокор. Поради тоа во минатото „Македонска нација“ беше со натрпение очекуван и со задоволство читан, препрочитуван и раскажуван меѓу македонската емиграција распослана на сите страни на светот.

Тоа што беше во минатото печатениот медиум „Македонска нација“, тоа денес е електронското издание на „Македонска нација“, која Мане Јаковлевски го возобнови на 17 јуни 2009 година, притоа задржувајќи ги принципите поставени од Богдановски.

Во текот на изминатите десет годинин екипата предводена од Јаковлевски продолжи со потрагата по вистината за одбрана на македонската кауза. На страниците на електронското издание на „Македонска нација“ се појавија безброј статии со нови откритија за македонскиот народ. Објавените текстови во изминатиот период повторно со радост се читани и прераскажувани, како во земјата така и меѓу македонската емиграција во странство.

Многу од овие статии кои говорат за вистината за Македонците се превземани и пренесувани од други медиуми, како домашни така и страни. Текстовите се преведувани на повеќе јазици, а со нив вистината за Македонија и македонскиот народ се ширеше на сите страни на светот.

Ако во седумдесетите години на минатиот век печатениот медиум „Македонска нација“ имаше своја мисија да ги обедини Македонците од сите три дела на поделена Македонија, како и да му ја претстави на светот правата вистина за македонскит народ, денес огромно е значењето на егзистирањето на електронското издание на „Македонска нација“, кое има мисија не само да ги продолжи традициите на печатеното издание туку и да ги разбие обидите на моменталната владеачка гарнитура која влезе не само во промена на името, туку и во распродажба на идентитетот, историјата и македонското културно наследство.

Денешните комисии поставени од актуелната политичка гарнитура за разговори за пеглање на историските несогласувања со Бугарите и Грците можат поради силната желба по секоја цена Македонија да влезе во ЕУ и НАТО, како и под диктат на посилниот да ја сменат историската вистина, но екипата на „Македонска нација“ нема да отстапи од македонскиот патоказ, нема да престане да истражува и да ги расветлува страниците од македонската историја. Дури и нив да ги нема, секогаш ќе се најдат Македонци кои ќе го продолжат нивното дело.

Да ни е вечна „Македонска нација“!

Да е вечна библиска Македонија!

Амин!

 

На прво место

Иселеници

News image

31 годинишно постoење на Фондацијата „Петар Стаматов“ (6)

МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ – САД

Култура и туризам

News image

МОЈА АНТОЛОГИЈА

 Проф. д-р. Марко Китевски Меѓу македонските лирски народни песни љубовните заземаат водечко м...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (18)

ТЕСАЛИСКОТО ПЛЕМЕ ТИРОИ -  II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.