Среда, 19 Јуни 2019   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XIV

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер за информации и иселеништвто и повеќекратен амбасадор на РМ

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ-XIV

1. Помина уште една стресна недела за мојот македонски народ, дома и во дијаспората. Ни ја приредија, како по правило, од една страна домашната владеачка анационална гарнитура фатена со големите лаги и понижувања, од друга страна нашите источни соседи кои се во транс до лудило по секоја цена и без скрупули, да си го присвојат нашиот Гоце Делчев и светиот Илинден.

Повод за најновиот изблик на хистерија од бугарска страна да ти било прашањето: чиј е Гоце Делчев и како "заеднички" да сме го прославувале!? Нашите предложиле во фамозната меѓувладина комисија за историја да го славиме денот кога коските на Гоце се префрлени од Софија во Скопје (7ми октомври 1946), што за бугарските историчари, а особено за нивната МНР Захариева, било "смешно" и  "неприфатливо", а бугарската страна инсистира категорички дека Гоце бил Бугарин, а Илинденското востание, бугарско. Па дури уследија и закани од устата на оној шовинист Красимир Каракачанов (продукт на бугарските тајни служби), во стилот: кога Македонија веќе направила толку големи отстапки (демек прифатила се) во договорот со Грција, сега (кога Македонијаа инсистира на почеток на преговорите за членство во ЕУ) е шанса да биде притисната и уценета од бугарска страна да ги прифати бугарските барања, а според министерката Захариева Гоце и Илинден им биле "клучни"!?

Масло на огнот додаде и поранешниот бугарски претседател Георги Парванов кој не остана покус  и изнесе теза дека "Во Скопје треба да признаат дека Македонската државност се создала врз вековната сила на бугарската држава. а бугарската борба за  слобода доведе до создавање на Македонска држава". ова го истресе јавно Прванов и остана жив.

Единствен глас на разумот за прашањето чиј е Гоце стигна од неговата најмала внука КатеринаТрајкова Нурџиева која категорички своевремено потврди дека Гоце живеел и загинал за Македонија, додавајки дека "кога би знаел Гоце што сега прават бугарите, ќе се преврти во гробот"!!!

Во неколку наврати ја цитирав изјавата на Бугарскиот премиер, генералот Рачо Петров објавена на 18ти август 1903 година во весникот Сидни Морнинг Херад, која гласи:"Востанието (станува збор за Илинденското востание, М.Тр.) во Македонија е чисто внатрешна и национална работа на Македонската внатрешна организација (станува збор за организацијата ВМРО)". Прашувам: Можно ли е бугарските историчари да не го знаат овој податок, или свесно го заобиколуваат? Но исто така се прашувам дали и македонските историчари не го знаат овој, според мене, круцијален доказ како се гледало на Илинденското востание во Бугарија во 1903 година, за да го употребат како необорлив аргумент во меѓувладинтата комисија за историја???

За нас македонците нема и неможе да има никаква дилема на кој народ му припаѓал Гоце - тој припаѓа на македонскиот! Тоа што посетувал воено училиште и работел некое време во Бугарија во никој случај не е аргумент за да биде присвојуван од бугарите. Најглавен принцип за определување на националната прилпадност на една личност е делото на кое му е посветен!!! Ќе наведам неколку примери: Што е Никола Тесла, Србин или Американец? Ако прашате некој во САД, веднаш ќе ви одговори дека е Американец, со можна додавка дека е од српско потекло. Или, што била нобеловката Марија Склодовска Кири, Францускиња или Пољакиња? Во Франција категорички ќе ви речат дека Марија Кири е Французинка со евентуална додавка дека е од полско потекло. Таа почива во Храмот на најславните французи во Париз. Истото важи и да Шопен кого французите го слават како еден од најголемите француски композитори, но и тој е од полско потекло. По аналогија, истото важи и за најголемиот злосторник на сите времиња Адолф Хитлер. Сите го знаеме како Германец, Германски фирер кој го запали светот, а малкумина се свесни дека Хитлер во суштина е Австриец, роден во Линц, но според (не)делото чиј инспиратор и егзекутор беше тој, цел свет го знае го знае како Германец.

Но да се вратиме на бугарската агресија за Гоце и Илинден. Сакам да поставам прашање: Зошто ни е договор за пријателство кога (не)европска Бугарија по кој знае кој пат започна хистерија до лудило за нашите културни и историски вредности? За какво пријателство станува збор кога како хиени се нафрлаат на нашите светии од подалечното и поблиското минато? Една англиска поговорка вели:''Со пријатели како нив, не ти требаат непријатели'' (With Friends Like Them, Who Needs Enimies).

Познавам двајца  н о р м а л н и  и реални бугари кои ја признаваа вистината за Гоце Делче, Илинден, постоењето на Македонската нација и македонските национални дејци! Едниот е пок. Георги Димитров, по мајка Македонец (нему треба да му благодариме што ни ги даде моштите на нашиот Гоце) и пок. претседател Жељу Желев, слава им!

За споменатиот многу штетен договор за пријателство најодговорен е лицето Зоран Заев кој само два месеци одкога ја превзеде власта, на 1 август 2017 сред Софија го потпиша тој контроверзен документ за наводно пријателство. Да се надеваме дека не ќе му падне на памет на дотичниот да дава инструкции за прифаќање на бугарските шовинистички и иредентистички барања бидејки неизбежно ќе му се случи народ!!!

2. Бугарското безобразие не завршува со скрнавењето на ликот и делото на Гоце и Илинден, туку најнов бисер од Софија е тезата дека во Втората светска војна бугарите не биле окупатори во Македонија!? А кој стрелаше младинци во Ваташа и Дабница? Кој депортира 7.180 Македонски евреи во Треблинка/ Кој, Кој Кој?

Да имавме влада како што треба и влада која ќе ги штити и застапува македонските национални интереси треба да им пратиме во Софија сметка со барање да ни платат РЕПАРАЦИИ за сите штети, пљачкосувања на цркви и манастири и други зла што ни и направија за годините фашистичка окупација! Репарации, секако, а не да се мајтапат со нас и да ги поганат наши светии. Пред капитулацијата на 09..09. 1944 бугарите го демонтираа прекрасниот иконостас во длаборез во црквата Св. Спас во Скопје, каде денес почиваат моштоте за Гоце, и го спакувале во сандаци за да го транспортираат во Софија. Благодарение на бунтот и масовните протести на скопјани операцијата е стопирана! Сандаците биле депонирани во подрумите на Народната банка (се сруши во земјотресот во 1963) и благодарение на капитулацијата на фашистичка Бугарија пред налетот на Црвената армија, ни останаа во Скопје и иконостасот повтороно е поставен во црквата СВ. Спас. Од кога ги опљачкаа сите реликвии од црквата Св Богородица во Скопје, пред повлекувањето како фашистички окупатори ја запалија и до темел ја разурнаа. Благодарение на донаторот г. Трифун Костовски истата е обновена.

Репарации, репарации, репарациида да се бараат од Бугарија за сите пљачкосувања и штети што ни ги направија како фашистички окупатори.

3. Едно нешто што во неколку наврати инсистирав во прилозите за mn.mk, а тоа е: одвојување на Македонија од Албанија како група од две земји-кандидати за ЕУ. К о н е ч н о, сосема очигледно, тоа  станува реалност. Таа "услуга" ни ја направи Хоналндскиот парламент кој усвои резолуција за подршка за отпочнување преговори за Македонија, но и резолуција  п р о т и в почнување на преговори со Албанија. Холанѓаните дури упатија до надлежните во Брисел иницијатива со заложба за повторно воведување на влезни визи за граѓаните на Албанија.

Да се разбереме, не се радувам на туѓи маки, но сепак не гледам зошто ние би страдале за други и тоа после сите небиднини што ни се случуваа во минатото, особено последниве години.

4. Зоран Заев со коленичење буквално изнуди средба со германската канцеларка Ангела Меркел. По средбата тој се пофали дека добил конкретно ветување со прецизен тајминг за почеток на преговорите, додека германската страна објави штуро соопштение во кое се вели дека преговори ќе има, но не прецизира кога!?

Но нешто што посебно боде очи во однесувањето на Заев е неговото тотално непознавање на протокол и убаво однесување, како во многу прилики во минатото, и за време на таа средба. По ракувањето со Меркел Заев си зеде слобода да ја допира (Меркел) по грбот небаре му е школска другарка, и неводејки сметка дека беше примен во Берлин не дека е убав и паметен, туку заради огромниот притисок врз неа во Бундестагот (Германскиот парламент), како и притисокот од самата ЕУ по петицијата од 13 министри за надворешни работи на земјите членки во која се инсистира на почеток на преговори со Македонија. Така стојат работите Зоране Заев, а на тоа треба да ти укажуваат десетиците советници што ги насобра околу тебе.

Од владејачката ЦДУ на канцеларката Меркел за ФАЦ велат дека не ја разбираат нервозата во Скопје. Датумот за почеток на преговорите со ЕУ за Северна Македонија ќе биде одобрен во септември.

Да не биде покусо, ЗЗ направи невиден скандал и испадна смешен викендов на познатиот Европски форум за Балканот во манастирскиот комплекс во Вахау, Австрија, каде Европската Унија ја опиша како "најсексипилна девојка која ќе не мотивира.....", по што медиаторот буквално му го одзеде микрофонот од раце. Гротексно, однесување на Муртинецот, без дискусија!

Патем, како појаснување, манастирскиот комплес во Вахау, покрај Дунав, е едно од најсветите католички места во длабоко католичката Австрија!!! Вахау е споменик на културата на листата на УНЕСКО што, на наше длабоко жалење, го оскрнави "реформаторот" од Муртино.

 

На прво место

Иселеници

News image

31 годинишно постoење на Фондацијата „Петар Стаматов“ (6)

МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ – САД

Култура и туризам

News image

МОЈА АНТОЛОГИЈА

 Проф. д-р. Марко Китевски Меѓу македонските лирски народни песни љубовните заземаат водечко м...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (18)

ТЕСАЛИСКОТО ПЛЕМЕ ТИРОИ -  II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.