Среда, 11 Декември 2019   
САД ја принудуваат Македонија да го смени името за членство во НАТО - Напакостувајќи и' на Русија

75xNxlogo big.jpg.pagespeed.ic.nusQ9ylHNgСАД ја принудуваат Македонија да го смени името за членство во НАТО - Напакостувајќи и' на Русија

Републиканците станаа Демократи - маѓепсаниот круг на анти-македонската политика на САД

Открив зошто Републиканците станаа Демократи и зошто дозволуваат администрацијата на Обама уште да управува со Стејт Департментот. За инает на Русите. Колку и да се мразат двете партии меѓусебно, и двете повеќе ги мразат Русите. Инаетот владее со Вашингтон.

Крајната цел на надворешната политика на САД е да го прошири империјализмот на САД (додека ги игнорира светските критики за истото) и, како шлаг на тортата, да ги разбесни "лошите Руси".

Новата стратегија (во која Македонија е играчка) е да се внесе Македонија во НАТО. Зошто да не се внесе земја на која тоа не и' треба и која тоа не може да си го дозволи во непотребна организација која требаше да изумре заедно со Советскиот Сојуз, но која сепак постои само за да ги исполни горенаведените цели?

Бруталните несакани последици во овој случај (а секогаш ги има кога се работи за американската надворешна политика) е што Македонија е принудена да ги смени името, идентитетот, јазикот, етничката припадност и историјата за да му удоволи на својот најголем потчинител, Грција, за Грција да се откаже од своето вето и да и' "допушти" на Македонија членство во НАТО.

Новото СЕ' на Република Македонија би било "Северна Македонија" и "Северно-Македонци", а ова, се разбира, ја менува самата дефиниција на "Македонец". Се разбира, бришењето на името и идентитетот на една етничка група претставува геноцид и кршење на меѓународното право и конвенциите за човекови права, но ова нема да ги запре САД, самопрогласената и брутално иронична "најдобра демократија на светот".

Тука не зборуваме само за бришење на Република Македонија. Западот, со својот безграничен расизам, ја распарчи целата Македонија во 1913 и им подели делови од неа на Србија/Југославија (делот кој сега е независна Република Македонија), на Бугарија, на Грција и, подоцна, на Албанија. Редефинирањето на нашата вековна националност им оди во прилог на сите наши потчинители и нивната стратешка цел - бришење на нашето постоење. Македонците насекаде, со меѓународна поддршка, кои се бореа против опресијата на Грција, Бугарија, Албанија и Србија сега се оставени на цедило (и се дозволува нашата народност на изумре) само затоа што на САД му е поважно НАТО од човечката пристојност и демократијата.

И да не заборавиме - САД го добиваат она што го посакуваат. И покрај отпорот, ако го има, од страна на меѓународната заедница.

Се разбира, едноставното решение да се задоволи опсесијата на САД со проширување на НАТО, а сепак да се ПОЧИТУВА правото на постоење на цел еден народ, е да се отстрани механизмот на вето од страна на само една земја во НАТО, нешто за што се залагаше дури и Џорџ Буш. Доналд Трамп, ќе дозволиш ли Џорџ Буш да биде твојот глас на разумот?

Ако, сепак, да се сменат правилата на НАТО е преголем напор за некомпетентната сегашна администрација на САД, САД лесно би можеле да побараат (односно да и' наредат) на Грција да се воздржи од употребата на вето за потенцијална земја-членка на Алијансата.

Кога Доналд Трамп би обрнал внимание - на било што, веднаш би го запрел овој дебакл, не заради нешто друго, туку за да го спаси својот најдобар пријател/шеф Владимир Путин од поразот што НАТО прима уште една земја-членка.

Да не даде Господ (а Господ наводно ги чува Републиканците) Трамп да се однесува како вистински претседател и да воведе своја надворешна политика, на што повикував уште кога Трамп стана претседател во оваа редакциска статија во The Hill. Причините се повеќекратни и вклучуваат здрав разум, почитување на човековите права и меѓународното право, заштеда на милиони долари на даночните обврзници на САД преку понатамошно неимплементирање од влада на Македонија со која управува Сорос, и - инает, нешто што на Трамп би му одговарало исто како уште еден Биг Мек.

Но, бидејќи Трамп е неспособен и незаинтересиран да дејствува, можат ли Републиканците кои тврдат дека се неговиот "глас на разумот" (или, уште подобро, анонимниот Републиканец од Њу Јорк Тајмс кој тврди дека го држи Трамп на ланче) да спроведуваат СОПСТВЕНА надворешна политика и попатно да ја спасат земјата? Наспроти типичната надворешна политика на САД на која уништувањето земји и' е крајна цел?

Се прашував кога Демократите станаа Републиканци во оваа редакциска статија во The Hill, кога ја нападнав нивната надворешна политика на странски интервенционизам која ја уништува Македонија. Но сега, иронично, Републиканците ја поддржуваат и спроведуваат оваа Демократска политика налик на Републиканска. Ако од ова не ви се сврте...

Ова е маѓепсаниот круг кој ја движи надворешната политика на САД. Македонија е заглавена во него и се врти во кругови како на рингишпил. Но наместо да се чека на Трамп или на кој било американски политичар да развие совест и да дејствува, маѓепсаниот круг ќе заврши кога нештата во него ќе престанат да се движат. Македонијо - ЗАПРИ. Престани да си дозволуваш да бидеш пион во нездравата игра "Ризик" на САД. Но, овој случај, како што објаснив и во “Играта Македонија”, играта и' припаѓа на Македонија и таа може да престане да игра во кој било момент.

Па, македонски политичари, ќе почнете ли конечно да ја браните Македонија, човековите права и здравиот разум, и ќе ја запрете ли веќе оваа катастрофа со промена на името? Одбранете се себеси и светот ќе ве брани, наместо да бидете уште едно американско чергиче за нозе и да живеете во епизода на американската серија "Сајнфелд", во која еден бесен Украинец им вика на Крејмер и Њуман: "Мислите дека Украина е слаба? Украина ви е вам игра?!" Заменете ја "Украина" со "Македонија" и видете како "Сајнфелд" погодува во центар.

И на крај, една последна референца на "Сајнфелд" (ликот требаше да биде претседател). Дали Републиканската партија ќе го стори тоа што треба и, чисто од инает, ќе се врати на политика на Стејт Департментот која не е анти-македонска?

Бил Николов, претседател
Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права 

 

На прво место

News image

Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ утре објавува огромен скандал – ВИСТИНАТА ЗА БИЗНИСОТ СО МАРИХУАНА!

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во интервју за порталот Економски Лидер откри де...

Историја

News image

ЕКСКЛУЗИВНИ ДОКУМЕНТИ СВЕДОЧАТ ДЕКА СИТЕ СЛОВЕНСКИ ЈАЗИЦИ ПОТЕКНУВААТ ОД МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Документ кој датира од 1967-та, 1968-та и 1969-та година беше ексклузивно обелоденет во „Отворено ...

Иселеници

Култура и туризам

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (4)

ЕПИСТЕМОЛОГИЈА НА ОНОМАСТИКАТА НА ПАНОНИЈА (ДЕЛ II)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.