Среда, 25 Март 2020   
Товарот за справување со корона вирусот треба да го понесат побогатите!

1 1Свекрва

Товарот за справување со корона вирусот треба да го понесат побогатите!

Во 2001 година за време на вооружениот конфликт кога имаше борбени дејства, не беше проглаена воена состојба. Како резултат на некординираноста и несоодветен одговор на безбедносниот систем за време на воениот конфликт, неколку години потоа беше донесен Законот за управување со кризи со кој се овозможи сите субјекти на системот за управување со кризи да се информираат и кординираат се со цел справување и надминување на последиците при разни несреќи, катастрофи, епидемии и сл. 

Врз основа на овој Закон беа прогласени неколку кризни состојби, меѓу која е и последнта на територијата на Дебар и Центар Жупа за справување со Корона вирусот KOVID 19. До сега Системот за управување со кризи успешно се справуваше со сите предизвици, почнување од пожарите во 2007, потоа бегалската криза почната во 2015 г. која патем трае до денес на северната и јужната граница, како и оваа прогласена кризна состојба во ЕЛС Дебар и Жупа.

Ако се има во предвид настаните во 2001 година, како изненадување дојде прогласувањето на Вонредна состојба на целата територија на државата. Прогласувањето на вонредна состојба што е за првпат во нашата историја, дојде како резултат на зголемениот број на заболени лица со KOVID 19,

Пред претседателот на државата да прогласи вонредната состојба на целата територија на земјата беа консултирани сите главни политички чинители. Во тој контекст ВМРО ДПМНЕ беше голем поборник во битката со KOVID 19, наместо вонредна да се прогласи кризна состојба на целата територија на земјата. Меѓутоа, не наидувајќи разбирање кај владеачката гарнитура, се согласи и на вонредна состојба само за да не се изгубат драгоцени минути во војната со невидливиот непријател кој ја напага речиси целата планета.

Сите беа свесни дека со прогласувањето на вонредна состојба ќе дојде до низа ограничувања и до можно кршење на човековите права. Оттука опозицијата покрај што ја даде целата поддршка во справувањето корона вирусот, опомена дека будно ќе ги следи сите постапки на техничката влада и ќе реагира на секоја злоупотреба  и кршењето на човековите права.

Првите реакции за кршење на правата доаѓаат токму од медиумите. Советот за етика на медиумите (СЕММ) и Здружението на новинари (ЗНМ) побара од Владата да ја преиспита одлуката, односно регистарот не смее да биде услов за давање дозволи на медиуми.

Всушност сите се свесни дека секој несоодветен збор кажан во вакви времиња, лошо известување може да предизвика несакани последици кај граѓаните. Не секој може да се носи во ваква состојба. Оттука се и грешките кои се појавуваат на пресовите и при начинот на известување. Затоа во ваква фаза потребна е обука како за новинарите така и за оние кои се дел од односи со јавноста на владините институции, како и оние кои ги водат прес конференциите. Така на пример не е добро една иста личност да ги води пресовите на министерството за здраство, зошто лесно моѓат да се направат грешки при известувањето. Исто така на овие пресови ги нема експертите од сите сфери кои директно се вклучени во борбата со вирусот.

Јасно е дека здравјето на граѓаните нема цена и властите мора да вложат огромен напор за да го спречат ширењето на KOVID 19 и да се справи со последиците од епидемијата. За таа цел државата мора да ги ангажира сите капацитети човечки и технички ресурси, за да справи не само со здравствените, туку и да ги санира и економските штети.

Сепак, тоа не треба да биде на штета на обичниот граѓанин. Зачудува појавувањето на лидерот на СДСМ Зоран Заев пред јавноста кој во свое обраќање до граѓаните изјави дека освен оние кои се во првите борбени редови со невидливиот напријател (војска, полиција, здраствени работници), сите други од јавната администрација треба земаат минимална плата од 14.500 денари. Сите се свесни дека чим тоа тој го нуди, техничката влада ќе го примени. Но тоа е популистичко решение, кое не ги прави равноправни сите луѓе.

Имено, секој кој зема плата над 30,000 денари, сигурно има доволно акумулирано за да издржи и неоклку месеци без редовен приход. Но што ќе прави онај кој зема плата до 20.000 и кој секој месец едвај врзува крај на крај и кој не знае што е тоа црн фонд. Всушност и со сите ослободувања од плаќања тој теко ќе сврзе крај со крај.

Затоа овој товар треба да го превземат побогатите, оние кои имаат средства да се скијаат во Италија, Австрија, Банско и др. места, од каде всушност и беше донесена болеста. Ако можат во западниот свет богатите да донираат средства за борба против корона вирусот, зошто тоа да не го направат и нашите, наместо да местат да заработат и по сто евра за слика која ќе покаже како може да се мине во самоизолација.

Едноставно, не смее воведувањето на вонредна состојба богатите да ги направи уште побогати, а сиромашните уште посиромашни.

Во овие моменти нема место само да гледаме за себе. Туку е потребно сите да застаниме во одбрана и заштита на нашата земја, заедно и институциите и граѓаните, секој на свој начин и можност, да се избориме со „Чумата на 21 век“. Само така утре ќе може да се оправда воведувањето на вонредна состојба во земјата.

 

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (57)

Голем број познати личности од јавниот живот говарат за ликот и делото на Мане Јаковлески. За неко...

Иселеници

News image

ПОЕТСКАТА ПРИКАЗНА ЗА РАДА КРСТЕВСКА – ВИДИНОВСКА (5)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ ...

Култура и туризам

News image

ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ (5)

ВЕСТИТЕ ЗА КИРИЛ И МЕТОДИЈ СПОРЕД ИТАЛИЈАНСКАТА ЛЕГЕНДА

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (21)

ФЛЕГИЈЦИТЕ НА БЕОТИЈА И НА ТЕСАЛИЈА - ДЕЛ I

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.