Среда, 12 Август 2020   
Душан Ристевски - Секој што ќути и не им се спротивставува на будалите заевисти, за жал постанува јаничар

1Dusan Ristevski

Со минатиот напис сигурно навредив повеќе луѓе кои гласаа за заевистите. Знам, признавам но за тоа нема да им се извинам. Не го заслужуваат тоа внимание.

Кога кажуваме дека некој е будала, не мислам на некој што има ментален или психички проблем кој ете поради некоја причина добил психичко пореметување, туку мислам на неговиот нехуман однос или несвесност што доведува да се впушта во дивијанство во даденото општество. Значи будалиот е сосема друго, ќе го учиш, советуваш и ќе му ги опростуваш првите грешки но после грешењето по четврти пат за исто нешто, треба да се казнува и со право можеш да го наречеш будала бидејќи ништо не научил од своите постапки и ја заслужува таа „дијагноза“.

Би им предложил на тие истите заевисти но и на сите други Македонци да ги прочитаат уводните страници на романот „Калеш Анѓа“ од македонскиот Толстој (Стале Попов) па нека размислат (доколку знаат рационално да размислуваат), за да не се мачам и им ги објаснувам моите изнесувања од претходните написи или да ги објаснувам најосновните принципи како да се живее за да биде некој окарактеризиран како човек

Можам слободно да кажам дека Заевистите се јаничари.

Не се тие само јаничари на Сорос, длабоката држава на Клинтоновци, ЕУ или на нацистички настроените соседски држави туку тие им се јаничари и на повеќе. Ете за пример покрај ЗЗ да ја земеме екс-министерката за одбрана Шеќерка која застана со гордост пред орелот од УЧК кои ги убиваа македоснките деца.

Заевистите не ја осудија и таа си остана со пластична насмевка им го крена средниот прст на Македонците за да им каже „кој ве шиша“ и дека е недофатлива. Тоа да се случеше во една демократска Австралија како партал ќе беше исфрлена од парламентот, исклучена од нејзината партијата и ќе ја пуштеа да шета како некоја искубана кокошка. Или пак како беше можно да им се дозволи на терористи да влезат во македонски парламент и да решаваат за судбината на македонската нација или пак да им се дозволи да се интонира немакедонска химна во македонскиот парламент?

Како може да биде некој пратеник во влада кој не знае или не сака да зборува македонски јазик? Тоа не е дозволено во едно мултукултурно општество како што е во Австралија или Канада, а да не зборуваме во другите демократски држави. Едноставно во Македонија се може бидејќи султаните одлучуваат за иднината на нашата нација, а пак македонските борци - нашите патриоти кои застанаа во заштита на македонскиот устав, по барање на јаничарот ЗЗ, сега лежат по занданите.

Ете со тоа се гледа дека ова е почетокот кога Македонците на стовариште ќе се продаваат како некоја стока и нивните животи ќе бидат поевтини од животите на магарињата и коњите.

Па заевистите нека се лутат што ги нареков будали, изроди, ништожници... Тие се тоа – фактите го кажуваат своето. Но прашањето е до кога Македонците кои мислат за своите деца, за нивната иднина, а со тоа и за иднината на својата нација, ќе им ќутат и пасивно ќе гледаат на деструкцијата на јаничарите заевисти?

Секој што ќути и не им се спротивставува на будалите заевисти, за жал постанува јаничар.

 

На прво место

News image

БУГАРСКИТЕ ВЕСНИЦИ ОД 1905 ГОДИНА ЈА НАПАЃАЛЕ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ДЕЈНОСТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Во нашата јавност е малку познато дека, за разлика од денес, бугарските весници од околу илинденск...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (72)

Македонскиот народ се соочува со огромни притисоци и со оваа марионетска власт предводена од лидер...

Иселеници

News image

БОГАТО МИНАТО И СЕГАШНОСТ НА ДРЕВНАТА МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА (3)

Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на ...

Култура и туризам

News image

МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ЈУГОСЛАВИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. КИРИЛ“ ВО РИМ ВО 1979 ГОДИНА - ДЕЛ I (23)

ЕДИНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ 

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (39)

  ХЕСПЕРИДИНИТЕ ГРАДИНИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.