Среда, 12 Август 2020   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 80
1martin1 М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ
 
ВЛАДЕАЧКАТА РЕГИМЕНТА НА ЗАМИНУВАЊЕ ЈА ОТПИША ДИЈАСПОРАТА  
 
1. Владеачка регимента во Република Македонија, на заминување, предводена од лицето Зоран Заев (З.З.) забележа во своето злосторничко досие уште еден непростив грев: со своето антимакедонско дејствување за на век, или да се надеваме додека се уште малку на власт, ја отпиша големата македонска дијаспора ширум светот.
 
    Една од најголемите иселенички манифестации на стотиците илјади македонски сонародници во северна Америка, традиционалниот Илинденски пикник што неколку децении по ред го организираше една од најстарите македонски иселенички организации во северна Америка - Обединети Македонци (UNITED MACEDONIANS), оваа година НЕ СЕ ОДРЖА!
 
    Илинденскиот пикник на нам светиот двоен Илинден, се одржуваше во близина на Торонто, а на настанот редовно присуствуваа десетина до петнаесет илјади Македонци од Канада и САД, но често пати и гости од Републиката. Настанот секогаш беше повод да се потсетат нашите сонародници на значењето на двата Илиндена - на оној од 1903 година за којшто  илјадниици наши предци ги дадоа своите животи, и на оној од 1944 година кога беа поставени темелите на современата македонска држава.
 
    Традиционалниот настан во Торонто беше не само повод и за обединување на нашинците од сите делови на разделена Македонија, туку и повод за којшто и канадски врвни политичари - министри, сенатори, конгресмени, гадоначалници, буквално се натпревадуваа кој да настапи на говорницата пред насобраните илјадници Канаѓани и Американци од македонско потекло. Разбирливо, бидејки тие луѓе се сила, тие се гласачи и нивниот глас не ретко пресудува која личност или партија ќе биде на власт во Мисисага, Виндзор или некоја друга канадска општина. Впрочем, и поранешниот конзервативен премиер на Канада Стивен Харпер беше избран за премиер на таа функција во голема мерка со гласовите на македонските избирачи, а негова главна советничка за неколку ресори беша Македонката Јасмина Игнески. И токму Стивен Харпер беше тој што го потпиша меѓувладиниот договор со експремиерот Никола Груевски, според кој Канаѓани од македонско потекло можат да си ги уживаат своите канадски пензии во "стариот крај", доколку се одлучат да се вратат во својата прататковина (колку е голем бенефитот за македонската економија со оваа мерка можеме да си претпоставиме!).
 
    Скрнавењето на светиот ни Илинден на северноамериканскиот континент не е нешто ново! Процесот го започна "реформската влада" на лицето З.З. со злосторничките, антимакедолнски политики. Некадарниот    министер за надворешни работи со полициско досие во Скотланд Јард Никола Димитров, го казни минатата година генералниот конзул во Торонто зошто застанал пред картата на целокупна Македонија. Министре, дилетанту, а каде да застанел генералниот конзул? Па манифестацијата ја организирале  К а н а ѓ а н и  од македонско потекло, во земјата Канада каде има потполна слобода на изразување, за разлика од кај нас! Или, дали според Н. Димитров, генералниот конзул можеби не требаше да се појави на манифестацијата за да не застане пред катрата на целокупона Македонија што ќе беше невиден скандал!? Сега нашинците преку барата не ги ни канат македонските дипломати на своите свечености!!!
 
    Какви дилетанти се индивидуите од власта и луѓе со одсуство  на елементарно чувство на патриотизам и национална годрост!!! А молат и очекуваат донации и инвестиции од дијаспората која секоја година го полни буџетот на Република Македонија од 40% до 60% со свои лични средства!
 
     И наместо Република Македонија да биде своевиден Пиемнот за прогонетите и иселените Македонци ширум светот, со неартикулисаните и пред се антимакедонски мерки и потези на поданичката влада на лицетро З.З. успеа да го разнебити на парчиња внимателно градениот бонд меѓу Републиката и раселена Македонија. А потенцијалнот на македонската иселеничка заедница, на пример во САД знаеше објективно да го процени дури самиот поранешен потпретседател на САД и кандидат на демократите за претседател Џо Бајден кој упати честитка по повод двојниот Илинден, истакнувајки ги заслугите на американците од македонско потекло во неговата земја.
 
    И градоначалникот на Вашингтон, на иницијатива на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) што успешно ја предводи Методија Колоски, не удостои со скапоцено признание прогласувајки го 2ри август -  Илинден, за Ден на македонско-американското наследство!
 
     Од срце му благодариме!

2.  Видовме вистинска бура од реакции за неброените прекршоци од власта за време изборниот процес и особено за време броењето на гласовите, но не видовме, според мене, соодветна реакција од факторите на опозицијата на таквото однесување!? На пример: зошто, во координација со другите незадоволни партии не ги прогласеа изборите за нелегитимни и не ги признаеа "официјалните" резултати на Државната изборна комнисија!? Со масовни демонстрации и протести да се инсистираше на поништување на изборите и да се бараше повторни парламентарни избори со соодветен меѓунарподен мониторинг, а не канцелариски мониториг каков што видовме!

 
     Особено сум лут за некои несоодветни кадровски решенија што ги предложи опозицијата. Така на пример, не знам каде го најдоа оној Наќе Чулев, кој во функција на технички министер за внатрешни работи наместо да штанца кривични пријави за бројните нерегуларности во изборниот процес, тој држеше трибини за себепромоција! Очигледно му се бендиса министерската фотеља, па се занесе дека ќе отседне во неа уште цел четиригодишен мандат!? Или оној Дерковски кого токму опозицијата го предложи за претседател на ДИК!? Кај ли го најдоа на планетава него (наместо еден стаменит правник и патриот Сотир Костов, на пример) едноставно не знам, но имам впечаток дека тој беше поревносен дури и од членот на ДИК Кондарко, предложен од СДСМ, во бруталното игнорирање и отфрлање на приговорите од опозицијата! Предлагам да се проверат банкарски сметки и имотна состојба на Дерковски по избориве - за секој случај.
 
    Посебна приказна во серијалот "Парламентарни избори 2020" е лицето Дејвид Стивенсон. Разбрав од медиумите дека е виден на софра во Охрид со група соросоидни новинари. А да запрашам гласно: како се најде овој ЦИА-ш во Македонија баш за време на - според мене  к л у ч н и т е, парламентарни избори? Па токму тој лично ги спроведуваше налозите на длабоката држава за време претходниот американски амбасадор во Македонија Џес Бејли за промена на името и Уставот на нашата држава и за наметнатите антимакедонски капитулантски меѓудржавни договори со Грција и Бугарија! Дали некој помисли кој го блокираше централниот компјутер на ДИК та мораше рачно да се пребројуваат гласовите? Мој впечаток е дека тоа се случи веднаш по воскликот на секретарот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на прес-конференцијата кога се броеја гласовите и кога обзнани: "насекаде водиме!!!" Арно ама, Стивенсон и експертите за компјутерски мајмунлоци на Калето не мислеле така бидејки веднаш потоа беше блокиран централниот компјутер на ДИК и уследи вистински хаос во сумирањето на резултатите.
 
     А што да очекуваме друго од нашите стратегиски партнери!? Па платформата на длабоката држава и на ЦИА попозната како "Тиранска платформа" сеуште не е довршена!!!
 
    Стратегиските партнери отаде барата уште сега вриштат на сиот глас за евентуалното мешање на Русија (во полза на Трамп) и Кина (против повторниот избор на Трамп за претседател на САД) на претстојните претседателски избори во САД закажани за ноември годинава. Арно ама, истите тие наши стратегиски партнери си дозволуваат да се мешаат во внатрешните работи на многу земји, вклучувајки нивни долгогодишни и докажани сојузници и партнери (уприличија воен удар во Турција) како на пример Република Македонија! Очигледно ним не им е позната народната мудрост која гласи:"Не прави му на друг нешто, што не сакаш да ти го прават тебе"!
 
3.  Неодамна почина познатата писателка Исидора Бјелица. Но нешто што особено не поврзува нас Македонците со неа беше нејзината последна желба: за последен пат да го види древниот Охрид и езерото! Случајно се погодив во Заводот за рехабилитација во Охрид кога ја донесоа кутрата писателка со амбулантно возило дури од Белград, а ја сместија во соба веднаш над мојот апартман во заводот. Таму помина 24 часа, за утредента со приватен авион да ја транспортираат во Белград, каде утредента почина.
 
    Во мојата кариера паметам уште два слични случаи на значајни лугје чија последна желба беше вечното почивалиште да им биде во Охрид. Кон средината на 80-тите години од минатиот век, во една средба во Канбера, светски познатиот славист, професорот на Австралискиот универзитет Реџиналд де Бреј - кој во далечната 1939 година напиша дека македонскиот јазик е основа на  с и т е  словенски јазици,  ја отвори душата пред мене и рече: "Би сакал да почивам во Охрид".
 
    Слична желба искажа и таткото на ласерот во Канада Проф. Борис Стојчев, по потекло од битолско, при една средба кон крајот на 2010тите години во Торонто. И во двата случаи се обидов да ги пренесам на надлежните во Македонија последните желби на двата светски авторитети, но без успех. Ние немаме осет за вакви суптилни, но многу емотивни работи!
 
4.  Деновиве возев по "Западната магистрала" од Охрид кон Скопје. Од пред Кичево, па се до Скопје развиорени знамиња на странска држава и мноштво џамии, небаре си во арапскиот свет (во населбите пред да стигнете до предградието на Скопје "Ѓорче Петров" избројав дури пет).
 
     Слично искуство имам доживеано во Шведска каде во јужниот дел на земјата наречен Сконе (од Гетеборг кон Малме) се виорат државни знамиња на Данска! Тој регион во средниот век, во феудализмот, бил под Данска окупација и претпоставувам дека се работи за симболичен сентимент, но денес - во 21от век некој да има феудални претензии на територија од земја - членка на НАТО, тоа навистина не го разбирам!
 
    Вакви феудални манифестации пројави и амбасадорот на Репблика Македонија во Берлин Рамадан Назифи кој објави слика со знамето на странската земја, во придружба на амбасадорите на Косово и Република Албанија!?
 
    За ваков недозволен и многу сериозен гаф во етаблирани дипломатии следи отповикување на амбасадорот и негово враќање дома, или најмалку негово повикување на консултации, но не и во нашата дипломатија!
 
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
 

На прво место

News image

БУГАРСКИТЕ ВЕСНИЦИ ОД 1905 ГОДИНА ЈА НАПАЃАЛЕ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ДЕЈНОСТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Во нашата јавност е малку познато дека, за разлика од денес, бугарските весници од околу илинденск...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (72)

Македонскиот народ се соочува со огромни притисоци и со оваа марионетска власт предводена од лидер...

Иселеници

News image

БОГАТО МИНАТО И СЕГАШНОСТ НА ДРЕВНАТА МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА (3)

Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на ...

Култура и туризам

News image

МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ЈУГОСЛАВИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. КИРИЛ“ ВО РИМ ВО 1979 ГОДИНА - ДЕЛ I (23)

ЕДИНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ 

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (39)

  ХЕСПЕРИДИНИТЕ ГРАДИНИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.