Среда, 20 Јануари 2021   
Свекрва: Настаните во Вевчани, најава за распад на ненародниот режим!

1ab Свекрва

Во 1987 година, дојде до протести и судири со милицијата во Вевчани. поради незадоволство од плановите на тогашните власти за земање на вода од Вевчанските извори за водоснабдување на Октиси и населбата Елен Камен.

Сега по повеќе од три децении повторно Вевчанци се судрија со полицијата која се обиде наводно заради пандемијата со корона вирисот да го спречи традиционалниот карневал кој се одржува секоја година на св. Василиј.

Со оглед на досега бројни прекршувања на мерките за забрана на јавни собири, каде органите на редот не реагираа да го заштитат јавното здравје (прославата во Штип по изборот за градоначалник, прославата на роденденот на Али Ахмети без маски во државна установа), полициската акција во Вевчани беше  беше демонстрација на сила против народот, кој преку сатира ја критикува актуелната политика на власта, но и пробен балон како ќе реагира народот за она што се подготвува власта да спроведе – тотална распродажба на националните интереси.

Инаку, Вевчанскиот карневал, кој има длабоки корени во минатото, се одржува на 13 и 14 јануари секоја година. Се смета дека овој пагански обичакој посветен на Св Василиј е стар повеќе од 1400 години, На тој ден се дочекува Новата православна година и се испраќа старата. Вевчанските василичари, учесници во традиционална вевчанска поговорка, облечени во разни маски, преку шеги за актуелните власти, политиката на соседите, на она што се случува во светот, како и со песни и игри го прават карневалот привлечен не само за жителите од околните места, туку и пошироко.  Секоја година, тие му даваат на знаење на соседите и меѓународната заедница дека народ кој има обичаи и традиција не може да изумре.

Сегашната власт очигледно гледаше на овие уникатни маски како на правокација. Меѓутоа многу подобро би било кога таа како и сите други би го прифатиле овој обичај како обична шега, народна мудрост со која се исмеваат сите без разлика на припадност, вера, пол или позиција во општеството. Многу подобро ќе беше ако тие заедно со Вевчанци го испратеа злото (во овој случај корона вирусот) и би  посакале бериќетна година.

Но наместо тоа, на денешната власт му сметаше собирањето и критикувањето на власта и со интервенција на полицијата се обиде да ја спречи карневалската поворка. Под изговор дека нема придржување на мерките за спречување на ширење на Ковид 19, големи полициски сили влегоа во Вевчани и употребија сила за растурање на поворката. 

Иронијата да биде поголема, иако оваа година никој не се пријави како организатор, најголемиот дел од Василичарите од карневалската поворка се придржуваа до пропишаните две мерки од познатото светото тројство (носење маски, држење на физичка дистанца и хигиена). Едноставно Вевчанци беа на дистанца маскирани, под маски и со маски, за разлика од припадниците на органите на редот од кои голем дел беа без маски.

Од друга страна, органите на редот наместо да спровед ред направија неред. Наместо да ја одржуваат физичката дистанца во поворката, направија грешка при самата интервенција. Тие предизвикаа мешаница меѓу населението, учесниците, гостите и новинарите и создадоа услови за блиски контакти (збивање на масата, повлекување на маските), а со тоа и услови за пренесување на вирусот преку флигеови капки, ако некој во толпата бил носител на вирусот.

Сепак. интервенцијата на полицијата не ги спречи Василичарите целосно да ја продолжат традицијата. Вториот ден тие ги фрлија маските во огнот што преставува симбол на уништување на злото и влегување со чиста душа и позитивни мисли во Новата година, во која треба да се дарува љубов, да се подаде рака на своите блиски и на сите што им е потребна.

Во тој контекст меѓу многуте маски беше запалено и знамето на соседна Бугарија, што е израз на негодивање на ветото које Софија го стави во ЕУ за Македонија, кон крајот на минатата година. Земјата во која се гореше македонското знаме, наместо да го прифати овој чин како дел од карневалската традиција, со остар демарш до македонските власти побара да се осуди овај за нив „вандалски чин“.  

И додека власта на социјалдемократите молчи за навредите, уцените и палењето на македонското знаме од страна на соседите, таа наместо да шири љубов кон соседите, да подаде рака и подари љубов на Вевчанци, веднаш презеде мерки за да се открие и казни Василичарот од Вевчани кој го запали соседното знаме кое као реквизитот од маската беше запалено.

Точно е дека палењето знаме е казниво, но мора власта да разгледува во кој контекст е направено тоа. Не би смеело да казни оној кој го направил тоа во духот на традицијата на Вевчанскиот карневал. Со тоа се руши една милениумска традиција.

Постапките на оваа антинародна власт кои на барање на соседите го сменија името, а сега работат на реформи во образованието со цел откажување од сопствената историја, јазик и култура) даваат основа за сомнеж дека и ова е дел од целта за ништење на традиците на македонскиот народ, односно се она што го сочинува македонскиот идентитет.

Сепак власта заборави на последиците од настаните во Вевчани во мај и август 1987 година. Тогаш судирот на милицијата со жителите на Вевчани ја разбрануваа пошироката македонска и јигословенска јавност, добивајќи широки општествени и политички димензии. Овие настани тогаш имаа и рефлексии во распадот на Југославија.  

Во Вевчани тогаш дојде до протестно самопрогласување на „држава Вевчани“ (република) со свој пасош и пари, а по рекацијата на пошироката јавност две години потоа случајот доби разврска и голем дел од инволвираните членови на Комунистичката партија на Македонија мораа да си дадат оствака. Вевчанци тогаш ја добија битката, иако личната вина на еден дел во власта остана до ден денес нејасна.

Овогодишните настани во Вевчани, како и оние во далечната 1987 година, најавуваат распад на еден ненароден режим кои го водат наследниците на тогашната Комунистичката партија. На народот веќе му е доста од црвената боржуазија, која додека јаде со златен прибор, го тепа сопствениот народ, му го одзема идентитетот и го прави роб за да работи за нивните интереси.

Ваквиот дрзок однос на челниците на социјалдемократите и нивните коалициони партнери, недопирливите од ДУИ, набргу мора да имаат разврска, да си заминат еднаш за секогаш од историската сцена на македонската политика.

 

На прво место

News image

Македонија да ја направиме повторно Горда

  Претседателот на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Мане Јаковлески на средба кај Мет...

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.