Среда, 03 Март 2021   
Мартин Треневски: ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 108

1martin1

АКАДЕМИЦИ - АНГЕЛИ СПАСИТЕЛИ НА ТРАУМАТИЗИРАНАТА МАКЕДОНИЈА

1. Конечно, зрак за надеж за нашава трауматизирана Македонија! На упорното настојување на постоечката антимакедонска констелација на власт за разнебитување по сите основи на македонската нација и општеството во целост, на што со невидена посветеност (!) работи владеачката анационална номенклатура на Зоран Заев, се појави авторитет и тоа дојден од јабана, којшто одлучно им порача: СТОП!!! ТОА ТАКА НЕМА ДА МОЖЕ!!!

   Овој ангел-спасител ни дојде од дијаспората и се вика Љупчо Коцарев и во моментов е претседател на Македонската Академија на науките и уметностите (МАНУ)!

   Академик Коцарев, кој 20 години работел како професор на елитните американски универзитети во Беркли и Сан Диего, веднаш по изборот за претседател на МАНУ им покажа на колегите академици (од кои најголемиот број до сега полтронски се однесуваа кон актуелнава ненародна власт) што значи да престојуваш и да работиш во академска средина со потполна слобода на мислење и делување и на радост на сите нас, тој пристап го донесе и веќе го практикува дома, во Македонија!

   121unnamed

Заслуга на академик Коцарев е токму повлекувањето на Законот што се обиде да го подметне во Собранието на РМ Министерството за правда на Бојан Маричиќ, со кој се предлагаше преименување на МАНУ, наводно согласно октроисаниот нов Устав на земјата -стокмен според капитулантскиот Договор од Нивице! Измените на Законот за Македонската академија на науките и уметностите, се однесуваат на името на МАНУ, па така „Законот за Македонската академија на науките и уметностите“ предвиделе да го менат и според новиот предлог да гласи: „Закон за Академијата на науките и уметностите на Република Cеверна Македонија – МАНУ“, како што стои во предлог-законот на Министерството за правда.

  Контроверзниот закон веќе беше стигнат во Собранието и академиците, предводени од нивниот претседател Љупчо Коцарев, енергично реагираа и тој беше повлечен од процедура!

   Немам никакви илузии дека лицето Зоран Заев (З.З.) пак ќе проба да подметне некакво кукавичко јајце за да ја постигне својата цел, т.е да  и с п о р а ч а  она што го ветил на Бојко Борисов и на фамозната "меѓународна", но враќањето на академикот Љупчо Коцарев да и служи на мајка Македонија ми дава надеж дека не е се изгубено и дека многумина, особено академиците во МАНУ (Или како што рече професорката Јасна Котевска:"Дојде Коцарев и за шест месеци ве среди") ќе се охрабрат да го следат неговиот пример.

   Велат: "Една ластовичка не чини пролет", но ластовичката Љупчо Коцарев, е голема како птицата кондор и веќе привлече огромно јато подржувачи не само во закржлавената МАНУ, туку ширум Македонија.

   Во меѓувреме се огласи и Зоран Заев со закана дека МАНУ сепак ќе мора да го смени името - согласно,  новиот Устав на РМ што предвидува дека сите установи што се финансираат од Буџетот на државата, вклучувајки и МАНУ ќе мора да го додатат атрибутот "северна" во своето име. Како ќе се развиваат работите понатаму останува да видиме, но важно е дека некој одлучно се одважи да му покаже црвен картон на лицето З.З!

   Љупчо Коцарев блесна во македонската јавност и со одлучното спротивставување на наводните "реформи" на Филолошкиот факултет "Блаже Конески" при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, со кои рушителите на македонштината (власта на Зоран Заев) - повторно наводно,  предвиделе - замислите: укинување на Катедрата за македонски јазик и македонска литература!? Последиците од такво нешто (далеку било) би биле непроценливи и конкретно би значеле укинување на катедри и семинари по македонски јазик секаде по светот каде се изучува македонскиот јазик (лично дарувавме со мојата сопруга над 700 книги и помагала на Катедрата по македонски јазик на универзитетот Комениус во Братислава)!

   На реакцијата на академик Kоцарев oстро реагираше професорката на Филолошки факултет, Румена Бужаровска која на фејсбук ја нарече "скандалознa и тенденциознa" и го оптужи академикот дека шири "невистини и манипулации во однос на укинувањето на Катедрата на факултетот". Нејзината реакција беше подржана со потписи од 16 доктори и магистри од катедрата по македонистика на Филолошкиот факултет "Блаже Конески", којшто годинава одбележува 100 години од неговото раѓање и 75 години од основањето на таа катедра.

    Академик Љупчо Коцарев се извини за изреченото и рече дека се радува дека нема да се укине Катедрата за македонистика!

   И покрај се, не верувам дека академик Коцарев туку-така, од ракав, го кажа тоа што го кажа, бидејки уверен сум дека до него стигнала некаква информација за намерите на анационалната владе на Зоран Заев. Впрочем, да се потсетиме и на намерите за укинување на предметот историја и негово спојување со некои други предмети во новите школски програми, што предлагаше Министерството за образование.

   Веќе лесно препознатлива е тактиката на владеачката номенклатура да пушта во јавност "пробни балони"

за особено чуствителни прашања за да ги испита реакциите и зависно од тоа, да инсистира понатаму, или да се повлече, како што го стори тоа безброј пати.

2. Како што најчесто бива, секоја кауза бара жртви. А прва жртва на овој драматичен и исклучително охрабрувачки пресврт што го промовира академикот Љупчо Коцарев, е неговиот колега во МАНУ, исто така од дијаспората, академик Илија Чашуле, професор по македонистика (сега во пензија) на светски угледиот универзитет "МекКвори" во Сиднеј, Австралија, кој важи за еден од најголемите подржувачи на претседателот на МАНУ, академикот Љупчо Коцарев, против промената на името на МАНУ и на неговата матична татковина Македонија. Токму таквиот став на Чашуле, според мое лично мислење, беше и причината Заевите загари да го следат низ Македонија на 25. фебруари, да го блокираат додека возел и да го претепаат пред семејното живеалиште сред Скопје!? Имено, додека се враќал од Прилеп, како што напиша самиот на фејсбук, академик Илија Чашуле, бил следен од три лица кои му го попречувале патот враќајки се од Прилеп за на крај да биде начекан и брутално претепан на неколку метри пред својот дом во Скопје.

   Но кој и да стои зад ова дивјаштво над угледниот македонски академик, Илија Чашуле им порача:"Да го натепаат најеминентниот етимолог, индоевропеист, македонист, балканолог и славист? Ама не предвидоа колку сум јак и дека можам да се одбранам. И никој не ме штити, никој не застанува во моја одбрана само крокодилските солзи на фејсбук, а инциденти колку да сакаш"!

  Инцидентот со Илија Чашуле доволно јасно говори за грдите реалности во татковината  - мајка Македонија и жртвите што секојдневно се полагаат на олтарот на одбраната на нејзиното достоинство, нејзините вредности, минато и иднина. До кога? Се зависи од сите нас, дома и во дијаспората!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

 

На прво место

News image

Високи функционери од власта се директно инволвирани во "Мафија"

Високи функционери од власта се директно инволвирани во "Мафија", Пекер 3 месеци бил тука и се сре...

Историја

News image

Картичка од германски воен логор испратена од Македонец и адресирана до Круево - МАКЕДОНИЈА, иако во 1942 Македонија бил

Картичка од германски воен логор испратена од Македонец и адресирана до Крушево - МАКЕДОНИЈА, иако...

Иселеници

News image

СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (14)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА СВЕТЛЕ – СТИВ СТАМЕВСКИ

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА ВО АНТИЧКИОТ ПЕРИОД (6)

Во Воведот на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.