Среда, 09 Јуни 2021   
СДСМ води анационална политика!

1ab Свекрва

Додека власта води преговори со Софија, која го оспорува македонскиот јазик и идентитет, за тоа време во Тетово се реафирмира идејата за „Репблика Илирида“ и федерализација на земјава. Недела дена подоцна Али Ахмети најави дека неговата партија ДУИ ќе стане зелена партија, што асоцира на враќање во планините и шумите, откаде што дојдоа во 2001 година. Во исто време, чудна коинциденција е смената на генерал Павле Арсовски со генарал Бесник Емини, како и донацијата на САД на нови оклопни возила на безбедносните сили на Косово.

Во последно време власта предводена од Зоран Заев води тајни преговори со Бугарија, која го оспорува македонскиот јазик и идентитет. Иако власта негира дека се водат преговори за јазикот и идентитетот, со оглед дека е таа предводена од Зоран Заев кој се колнеше дека нема да го смени името, нема да биде чудно ако  повторно се изврши национално предавство. 

И претседателот Стево Пендаровски, како што пренесува МИА, во интервју за белградска „Политика“, вели дека „македонскиот идентитет и јазик не се ниту би можеле да бидат предмет на било какви преговори“, а „идеите за ново прекројување на границите се анахрони и им припаѓаат на минатото“. Исто така, тој вели дека „положбата на етничките Албанци, државјани на Македонија, не е дел од некакаво регионално албанско прашање, туку е дел од нашиот внатрешен уставен и политички поредок.“

Сепак,  дали е тоа баш така.? 

Тајноста со која се водат преговорите во Софија, го демантираат претседателот Пендаровски. Да не се водат преговори за македонскиот јазик, идентитет и култура, преговорите ќе беа транспаретни. Едноставно по сите афери кај нас, кога е во прашање кожичката на челните луѓе од СДСМ, тогаш кој ги гледа националните интереси.

Инаку по наредба на премиерот во овие преговори учествува Владо Бучковски, кој како министер за одбрана во 2004 година, во врска со законот за територијална реорганизација и спас на Струга ги навреди Стружани, поради што имаше големи протести, па мораше да интервенира и да го спасува специјалната полиција. 

Во оваа ситуацијај, кога нема салам пастир во државата кој ќе ги чува националните интереси на македонскиот народ, во услови кога се поставени сите услови за целосна федерализација на земјата, зошто етничките Албанци да не размислуваат за реафирмирање на идејата  „Репблика Илирида“.

Неодамна во Тетово се одржа дебата на тема „Република Илирида-фундаментално решение за функционирање на рамноправноста во Македонија“. Оваа дебата беше најава за формирање на нова политичка партија која планира да учествува на изборите, Неџат Беџети кој беше преставен како претседател на Движењето Илирида ќе изјави дека „Крајно време е за промени. За да постигнеме регистрација како политичка партија и да учествуваме во изборите и изборната кампања, ќе го поднесеме барањето за федерализација на државата и ако ги освоиме гласовите на граѓаните, по автоматизам ќе го формираме парламентот на Илирида, која ќе функционира како втора Ррепублика во рамки на Македонија”. 

Реафирмирањето на идејата за „Репблика Илирида“, ги размрда шерифите од ДУИ кои беа задремани во својот комформизам. Веројатно чуствувајќи се загрозени за своите позиции лидерот Али Ахмети најави дека ДУИ станува зелена партија. Сето тоа асоцира дека членството на ДУИ се враќа на своите корени. Имено тие стартуваа од македонските шуми и планини во 2001 година како терористи, за подоцна да станат борци за човекови права. 

За да останат на власт ДУИ по се изгледа ќе коалицира со традиционалниот партнер СДС за престојните локални избори, со кого успешно ги уриваат темелите на македонската држава, институциите, а со тоа и можноста таа да се одбрани.  

И додека се кршат копјата меѓу Косово и Србија, а САД донира оклопни возила на безбедносните сили на Косово, чудна коинциденција е смената на Гостиварецот генерал-мајор Павле Арсовски, човек кој никогаш не го употребил името Северна Македонија и кој во 2001 година командувал со батаљон во Тетовско и на Шар Планина, со бригадниот генарал Бесник Емини, кој отсега ќе раководи со „најголемата оперативна команда во Армијата на Република Македонија“. Артан Груби веќе се пофали на социјалните мрежи дека за прв пат во историјата Албанец станал генерал во Армијата на Република Македонија.   

Очигледно е дека власта предводена од СДСМ, за да ги задржат позициите на своите челници и да не одговаарат за бројните афери, ја уништиваат етапно земјата, распродавајќи ги националните интереси. По промената на името, воведување на двојазичноста, во последно време под притисок на Софија, наводно заради членство во ЕУ, се врши и засилена бугаризација на земјата со распродажба на македонската историја,  култура, јазик и идентитет.  

СДС води анационална политика и ова зло треба да се спречи. Најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ отворено се спротивставува на тајните преговори со Софија, и на ваквата анационална политика со која се доведува во прашање иднината на Македонија и евроинтеграциите на македонскиот народ, македонската нација и држава во рамките на ЕУ. Во знак на предупредување ВМРО ДПМНЕ започнува со протести и блокади во Скопје и други 10 градови во Македонија.  

 

На прво место

News image

Македонија – Голи Оток за Македонците

Тешко се движи проколнатиот “Пунат” кон крајната дестинација Голи Оток. Тажното брчење на ...

Историја

News image

Повик за Илинденското востание

Повик за Илинденското востание

Иселеници

News image

ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА „ИЛИНДЕНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“ ВО ЉУБОЈНО (18)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

News image

По стапките на Месијата (9) 14 станица е посебна црква во која се наоѓа Христовиот Гроб

Црквата на Светиот гроб- Гробот на Христа Под големата ротонда на Црквата Светиот Гроб, направена е...

Фељтон

News image

ОДНОСОТ НА АТИЊАНИТЕ, ТРАКИЈЦИТЕ И ДРУГИТЕ АНТИЧКИ НАРОДИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ (21)

Она што започнало како интереси на Атина во егејското крајбрежје за да се заштити Ба...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.