Среда, 09 Јуни 2021   
Ламбе Арнаудов: Зоране, МАКЕДОНИЈА нема да умре иако ти ја труеш!

1 Lambe Ламбе Арнаудов

ВМРО 128 години ја брани, чува, возобновува, воскреснува и ја одржува во живот Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ќе го прави тоа и во наредните 128 години, и ако треба уште 1280 години од таквите како тебе, домашни предавници, прва категорија.

МАКЕДОНИЈА не е сама, и не е скроена во облик како што ти посакуваш да ја претставиш наоколу или поточно кажано:

Таму каде патриотизмот ги загубил своите вредности, предавството има своја цена. Тогаш на виделина се појавуваат разни белосветски ловци на уценети глави, одродени блудни синови, тешки глупаци и среброљупци, сите со заеднички именител, апокалиптични типчиња, со нула корисна човечка вредност но со застрашувачка разурнувачка моќ како координата на предавството во вашиот поход врз темелните вредности на нашата Татковина и Народ.

Комплетната акумулација на власт што се наоѓа во твоите валкани раце како плод од присвојување на партијата и грабање на државата дава искривена слика за владеење на демократија и правна држава што доведува до изедначување со владеењето на државен тероризам.

Тогаш, демократијата и државниот тероризам си личат една на друга како сестри близначки, и ако таквата слика потрае подолго време, тешко човек може да препознае што е оригинално а што фалсификат. Униформноста, за жал тогаш ги  изедначува доброто и злото и управувањето на властодржецот, државниот терорист се претопува во општо политичка и наметната филозофска догма со што секое отстапување од мислата и говорот на властодржецот во случајов Зоран Заев, станува своевиден ерес.

Затоа, токму сега е времето да се застане на пат на дивеењето на оваа ненародна власт, сега, кога се редат неправдите, понижувањата, предавствата на својот народ. Власта која го понижува сопствениот народ не заслужува ни осуда, ниту гнев или понижување, а најмалку сожалување, туку брзо и комплетно детронизирање и освестување за нивното султанско владеење со несогледливи штетни последици по интересите на народот и Македонија.

Доколку задоцниме, бидејќи за овие состојби утре нема, во нашата Македонија ќе останат само три вида луѓе: мртви, оние кои што починаа како резултат на неспособната власт и оние кои од истата причина ќе умрат. За четвртиот вид, загинатите, ниту посакувам, а убеден сум дека до тоа нема да дојде иако со оваа власт никој со сигурност не може да се заколне ни во најочигледната вистина.

Почитувани ВМРОВЦИ, ПАТРИОТИ, РОДОЉУБИ верувајте во себе. Застанете исправени, макар и сам гордо и пркосно пред Зоран, Стево, Рада ... нивните заслепени следбеници, приврзаници, глупави трабанти кои само знаат да кружат и привезоци од личен и групен интерес. Не плашете се! Застани сам против сите нив, макар биле и илјадници, ти сам - тие сите, ТИ си сам мнозинство. Исправи се со својата љубов кон татковината и народот пред олтарот на Македонија, правилно искористи се себеси, прослави го твоето име и помогни на Македонија и ќе ги исполниш сите свои животни желби слеани во една желба МАКЕДОНИЈА.

Зарем ТИ, слободоумен граѓанин и патриот, светлина и топлина, што ни ја осветлуваш иднината и ги затоплуваш нашите срца и души ќе отстапиш пред мракот кој што ти го носи Зоран Заев.

Присети се на неговата најнова глупост од многу изречените до сега, цитирам: “Можно ли е Христијан Мицкоски да биде премиер кој никогаш нема спомнато ни С од Северна Македонија.“ Засрами се и покриј го валканиот образ, ти Зоране, кој никогаш немаш спомнато ни М од МАКЕДОНИЈА.

Ти, кој ја распадна Македонија, со твоето глупаво прашање му направи комплимент на најголемиот народен трибун кој ја брани Македонија од таквите како тебе, нашиот лидер Христијан Мицкоски.

Сосема исто како што кога германскиот нацистички сс генерал го прашал Пикасо за тоа дали ти го направи ова врвно уметничко дело – ГЕРНИКА, одговорот на уметникот бил НЕ, ти го направи.

Нема да ти дозволиме Зоране од МАКЕДОНИЈА да направиш ГЕРНИКА.

МАКЕДОНИЈА нема да умре затоа што ти сакаш.

МАКЕДОНИЈА  ќе заздрави и вечно ќе живее заради што народот ја сака.

 

На прво место

News image

Македонија – Голи Оток за Македонците

Тешко се движи проколнатиот “Пунат” кон крајната дестинација Голи Оток. Тажното брчење на ...

Историја

News image

Повик за Илинденското востание

Повик за Илинденското востание

Иселеници

News image

ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА „ИЛИНДЕНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“ ВО ЉУБОЈНО (18)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

News image

По стапките на Месијата (9) 14 станица е посебна црква во која се наоѓа Христовиот Гроб

Црквата на Светиот гроб- Гробот на Христа Под големата ротонда на Црквата Светиот Гроб, направена е...

Фељтон

News image

ОДНОСОТ НА АТИЊАНИТЕ, ТРАКИЈЦИТЕ И ДРУГИТЕ АНТИЧКИ НАРОДИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ (21)

Она што започнало како интереси на Атина во егејското крајбрежје за да се заштити Ба...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.