Среда, 28 Јули 2021   
Нашите свети места се поцрвенети од срам
1ab Свекрва  

Се навршуваат 118 години од Илинденското востание и 77 години од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ. По тој повод од 1 до 10-ти август во Крушево ќе се одржи манифеставијата „10 Дена Крушевска Република“.  а на 2 – ри август чествувањето во Пелинце по повод Првото заседание на АСНОМ.

Манифестацијата во Крушево, официјално ќе биде отворена на 1 август, во 20 часот на платото на Гумење во Крушево. Претходно, со полагање свежи цвеќиња ќе им биде оддадена почит на сите значајни дејци кои ги положиле своите животи за слободата на Македонија, а на полноќ ќе биде изведен импровизиран напад на градот, како симбол на почетокот на слободата на илинденско Крушево.

На ден Илинден, како во Крушево, така и во Пелинце ќе се говори за борбата на македонскиот народ и за поставување на темелите на македонската држава. За  важноста на двата Илиндена во 1903 –тата и 1944 година, како и за третиот Илинден, 8 септември 1991 – Деност на независноста на Македонија, ќе се говори и во Скопје.

Говорите на преставниците на коалициската влада на СДСМ и ДУИ, како и секогаш ќе бидат полни со фалби за постигнувањата, преувеличувања и надвор од вистината. Ќе се говори за Преспанскиот договор, за Договорот со Бугарија, за тоа како земјата станала членка на НАТО, потоа како таа напредува на сите полиња и како сме го исполниле аманетот на нашите претци.

Но тоа е ноторна лага. Имено за цело време устата на говорниците ќе им биде полна со Република Северна Македонија, име кое не им било познато ни на македонските востаноци во 1903 година, ни на македонските партизани од 1941 до 1945 година. Тие никогаш не се бореле за Северна Македонија, туку за обединета Македонија.

За тоа најдобро зборува говорот на Панко Брашнаров на отварањето на Првото заседание на АСНОМ, кој Власта сака да го заборави, а во кој се вели:

„Во овој момент, во ова историско место „Св, Отец Прохор Пчински“ и на овој историски ден – ИЛИНДЕН  – кога пбјавуваме  да е отворено Првото антифашистичко собрание на народното ослободуење на Македонија, душата ми е преполна со радост и пред премрежните очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да је измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропаста на Самуиловата држава, за да се роди сега нова, светла и слободна македонска држава.

Во овој момент, земјата на нашите покојници – многубројни народни герои, паднали и посејали коскити си по цела Македонија, им станува по лека  и оние во мир веќе го гледаат изгревот на нашата слобода, гледаат идеална дружба на старите Илинденци – на Гоце Делчев и на денешните Илинденци – младата македонска војска, и поставените темели за остварението на идеалот на две поколенија, на две епохи – слободна обединета Македонија.“      

Власта која ги остранува спомениците на македонските херои кои ги дале своите животи за слобода на Македонија, власта која го брише бугарскиот фашистички окупатор од спомениците и ја ретушира историјата, власта која се откажува од македонското малцинство во соседтвото и се откажа од името, историјата, а во догледно време по се изгледа и од македонскиот јази и идентитет, власта која ја дозволува неформална федерализација во земјата, нема кредибилитет да говори на овие историски свети места.

По толку газење на идеалите на накедонските востаници и партизани, Крушево и Пелинце се поцрвенети од срам. Ниту едно цвеќе, ниту едно извини на овие преставници нема да го одоброволи духот на нашите востаници и партизани. Македонските херои гледаат како сонцето полека заоѓа над државата на македонскиот народ. Тие гледаат како оваа власт за неколку години ги рушат темелите на македонската држава, во кои се вметнати коските на многубројни македонски жртви во текот на 20 век..   

Поради тоа, од шумите се слуша шепотот на дрвјата, кои како неми сведоци на борабата на Македонците за слобода, го изразуваат гневот на хероите на Илинденската епопеја. Тие говорат против денешната власт која со смеа, лажејќи дека ги следи нивните идеали, го крши Уставот, Законите, прописите и т.н.

Истовремено тие молат да си замине оваа власт додека не биде прекасно за Македонија и за македонскиот народ и воопшто да не доаѓаат на светите места, да не ги поганат, зошто таму нема места за оние кои ги погазиле идеалите на македонскиот народ.

 

На прво место

News image

Јас се ќе прифатам спасувајте ме на избори

Неодговорен пристап на Заев кон идентитетот и историјата

Историја

News image

Билтенот „Лист на ВМРО-ДПМНЕ“

Со своето неколку месечно постоење ВМРО-ДПМНЕ се афирмира како авангардна национална и демократска п...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОГОНЕТИ ДЕЦА – БЕГАЛЦИ (21)

Дo 1959 година, Грциjа преземала екстремни мерки да ги затвори своите граници со Албаниjа, Jугосла...

Фељтон

News image

АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ ВО ДЕЛОТО „ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД АНТИЧКИОТ ПЕРИОД ДО ДЕНЕС“ (1)

Тоа е дело на „Македонска искра“, Скопје, 2008, на 500страници, на македонски јази...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.