Недела, 01 Август 2021   
Ламбе Арнаудов: ИГРОТЕКА МЕЧКИН КАМЕН С О О П Ш Т Е Н И Е!

1 Lambe

Ламбе Арнаудов: ИГРОТЕКА МЕЧКИН КАМЕН  С О О П Ш Т Е Н И Е! од стечајниот управник на фирмата МАКАТЛАНТИДА, пред ликвидација.

Заради подобрување на општата материјално финансиска и техничко безбедносна состојба, а во чест на големиот празник отвораме нова детска игротека во познатото историско место МЕЧКИН КАМЕН. Свеченостите и уметничките изведби како и спомен сеќавањата ќе бидат насловени со заедничко име што доликува на настанот и тоа е БЕЗИМЕНИ.

Критериумите за присуство се следните: -да немаш Име и Презиме-да не поседуваш наследство-да не го спомнуваш потеклото-идентитетот да ти е претставен со бројки или цртички -и најважно, да немаш мајка и татко туку А и Б родител.

Останатите, вистинските чесни посетители и чествувачи на големиот ден со име, татково име, презиме, со припадност, потекло, идентитет, со наследни тапии и поседовни документи, не сте пожелни, бидејќи по правило сте “расипувачи на забава“ за, на нас и нашите шефови.

Организаторот се погрижи понудата да биде со бројни содржини учество на познати културни и уметнички имиња како С(т)ЕВЕ, Северина со познатото видео, Зорица Брусилица на шахти и други повеќе или помалку реномирани и познати имиња.

Организаторот искрено жали што во програмата не може од оправдани причинида присуствува Боки Геријатрија иако можеби тој е главниот финансиер на овој настан.Организаторот е убеден дека на јубилејното десетгодишно празнување на радост на празноверците ќе биде присутен, но за жал тогаш без Севе и Зорица, кои зад своите имиња ќе прикачат бројка поголема од 13 и ќе се најдат таму каде сега го сместија својот компањон.

Содржините во игротеката ќе бидат со особени вредности бидејќи вакви настани се одржуваат еднаш годишно односно АНАЛЕ и сликовито ќе бидат прикажани сите анални активности во текот на изминатата годината што им ги приредиле на својот народ.

Заради навремено, правилно и непристрасно известување од настанот за селектор на медиумски претставници организаторот го назначи објективниот и стручен Боцки од Гази Баба. Во знак на благодарност за ова високо признание тој најревносно ја изврши својата задача и за единствен известувач демократски го одбра Три(пи)чкоски кој пак заради оваа единствена прилика го напушти својот досегашен ангажман во реноминираната медиумска установа во Близина на Скопје и премина во стадото каде што и вистински припаѓа и се чувствува свој меѓу своите, во зградата на ул.Бихачка.

Свеченоста ќе биде затворена со настапот на познатиот скопски рок бенд од педесеттите години БЕЗИМЕНИ кои нема ни да свират ни да пеат, сé во согласност и да се совпаѓаат со глобалното име сега додадено за крај со додавка БЕЗУМИЕ.

На крај, Една порака до Организаторот Пет години мечката ја шетате по тавани врзана со тешки пранги и дебели синџири со катинар на устата, за денес да ја донесете таму каде што вистински припаѓа на нејзиното светилиште МЕЧКИН КАМЕН. Е, денес, МЕЧКАТА ќе ги искине синџирите, ќе го отфрли катинарот, ќе го среди дајраџијата, ќе му го исфрли дајрето, и така слободна ќе тргне по својот единствен, омилен и вистински пат, ќе ви ги растури кошниците со мед украдени и приграбени, ќе го собере медот и правилно ќе го распореди на сите гладни и страдни мечиња.

МЕЧКА Е ТОА ! ТЕШКО ВАС !

 

На прво место

News image

Јас се ќе прифатам спасувајте ме на избори

Неодговорен пристап на Заев кон идентитетот и историјата

Историја

News image

Билтенот „Лист на ВМРО-ДПМНЕ“

Со своето неколку месечно постоење ВМРО-ДПМНЕ се афирмира како авангардна национална и демократска п...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОГОНЕТИ ДЕЦА – БЕГАЛЦИ (21)

Дo 1959 година, Грциjа преземала екстремни мерки да ги затвори своите граници со Албаниjа, Jугосла...

Фељтон

News image

АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ ВО ДЕЛОТО „ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД АНТИЧКИОТ ПЕРИОД ДО ДЕНЕС“ (1)

Тоа е дело на „Македонска искра“, Скопје, 2008, на 500страници, на македонски јази...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.