Среда, 04 Август 2021   
Потажна прослава на Илинден никогаш немало: Опомена за Македонија
1ab Свекрва
Македонија прослави 118 години од Илинденскоо востание и 77 години од АСНОМ во Пелинце. Но во Крушево беше прослава без народен собир и говор на претседателот Стево Пендаровски на Мечкин Камен. Свесни за својот рејтинг и за да не биде исвиркана од македонскиот народ, актуелната власт немаше храброст и се откажа од традиционалното чествување. Се скри од својот народ во предвечерјето на Крушево. Власта ова го направи за да не може преставниците на меѓународната заедница да видат колку се тие омразени кај својот народ поради нивната трговија со името, историјата, јазикот, корените на македонскиот народ.

Потажна прослава на Илинден никогаш немало.

Но, додека власта се криеше од својот народот, Св. Илија како да се налути и земјата почна да гори. Се појавија повеќе пожари на отворен простор, во североисточниот регион, во кои меѓудругото беше загрозен и градот Кочани, Пожарите открија дека неспособната власт веќе две години ги нема сервисирано авионите за гасење пожари и власт која едвај дочека да ги повика  Бугарите и Србите за да им помогнат во гасењето. Србија во рамките на Отворен Балкан, со што наместо ЕУ, ја оправдува иницијативата за мини шенген и Бугарите во рамките на Договорот за добрососедство.

Ако Бугарија не им помогна на македонските востаници во 1903 година, ако Бугарија беше на страната на Силите на оската во Втората светска војна, ако Бугарија не прифаќа постоење на македонски народ, македонска историја и јазик, зарем некој мисли дека сето ова ќе ги рехабилитира и ќе помогне да се предомисли народот за прифаќање на барањата на Софија.

Во својот говор на Пелинце, премиерот Зоран Заев покрај постојаната употреба на новото наметнато име на земјата, меѓудругото ќе каже дека е „убеден дека Бугарија е пријател и дека е многу блиску до денот кога македонскиот и бугарскиот народ ќе се уверат дека Бугарија нема да биде пречка за ... Македонија“.

Никој не се сомнева дека бугарскиот народ е пријателски расположен кон македонскиот, како и обратно. Но, никој не верува дека бугарскиот народ ќе го смени своето мислење за бугарските корени на македонскиот народ. Исто така, никој во земјата не верува дека Бугарија би го опструирала напредокот на македонскиот народ и дека се што прави се барања на некоја друга голема сила. Така било отсекогаш.

Во минатото Софија морала да се повинува на Русија?

Така на пример, на почетокот на 1904 година, кога сите мислеа дека македонските востаници повторно ќе го земат оружјето, Русија која во тоа време водеше војна на Делечниот Исток со Јапонија ја опоменала Бугарија да остане мирна.

Еве што пишува белградска „Политика“ од 08.02.1904 година, која ја пренесува специјалната телеграма на својот дописник од Софија. Во текст под наслов „Руска опомена, Едно нетачно соопштување“ стои следното:

„Уште на почетокот на војната, руската влада ја известила бугарската влада дека ќе смета како акт на непријателство од нејзина страна ако предизвика или на било кој начин подпомогне востание во Македонија, и дека иако е зафатена на Далечниот Исток енергично ќе настојува да спроведат реформите во Стара Србија и Македонија.

Целосно е невистинита веста на „Нова Слободна Преса“ дека Внатрешната македонска организација со еден проглас му препорачала на населението во Стара Србија и Македонија да повеќе не ги обработува и да не ги засејува своите ниви, бидејќи сето тоа наводно ќе ги уништи овогошната војна. Таа вест е бесмислена и без тоа што Старосрбијанците и Македонците без жетва не би можеле да се исхранат и што се знае дека минатата година баш во време на жетвата и единствено поради жетвата востанието беше прекинато за да се избегне гладта.“

Бугарија до ден денешен не може да се ослободи од притисокот на големите сили. Ако некогаш била Русија која ја создала, па Германија за време на Првата и Втората светска, војна, потоа СССР за време на студената војна, денес Бугарија која е членка на НАТО и ЕУ, ги спроведува нивните интереси.

Бугарија ако сака да стане навистина голема земја и да има пријател во Македонија, треба да ги отфрли овие притисоци, да престане да се заканува и да го острани ветото за членство на Македонија во ЕУ, да го признае македонскиот како посебен народ, да го празнува Илинденското Преображенско востание во Странџа, кренато од бугарите во Одринско, со помош на македонските раководители на Внатрешната македонска револуционерна организација на 19 август 1903 година и да го остави македонскиот народ на мира да го слави Илинденското востание и Крушевската Република.

Пожарите се опомена за Македонија, но и за Бугарија.

Едноставно неспособната македонска власт предводена од Зоран Заев, треба што побргу да си замине од власт, а Бугарија мора да го признава и да соработува со соседите ако сака и тие да и помогнат кога ќе дојди време..

 

На прво место

News image

Јас се ќе прифатам спасувајте ме на избори

Неодговорен пристап на Заев кон идентитетот и историјата

Историја

News image

Билтенот „Лист на ВМРО-ДПМНЕ“

Со своето неколку месечно постоење ВМРО-ДПМНЕ се афирмира како авангардна национална и демократска п...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОГОНЕТИ ДЕЦА – БЕГАЛЦИ (21)

Дo 1959 година, Грциjа преземала екстремни мерки да ги затвори своите граници со Албаниjа, Jугосла...

Фељтон

News image

АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ ВО ДЕЛОТО „ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД АНТИЧКИОТ ПЕРИОД ДО ДЕНЕС“ (1)

Тоа е дело на „Македонска искра“, Скопје, 2008, на 500страници, на македонски јази...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.