Среда, 08 Декември 2021   
Свекрва : Алтернатива почна да свири во бендот „Полни цебови“

1 Свекрва

Во неделата, довчерашниот опозициски лидер на Алтернатива Африм Гаши потпиша со сеуште актулниот премиер Зоран Заев договор за влегување во Владата. Неговото оправдување пред сега поранешниот партнер Алијанса, потоа пред сите оние кои гласаа за нивната програма за борба против коалицијата на власт СДС и ДУИ, како и за целокупната јавност беше дека тоа го направиле поради повисоки интереси за државата и Албанците, а не за пари.

Довчерашните партнери и гласачите кои и ја поддржаа коалицијата Алијанса/Алтернатива на изборите заради нивното ветување дека ќе се борат да ја срушат ненародната влада на СДС и ДУИ се збунети и сметаат дека овој договор за партиципација во централната власт е за „да си ги наполат џебовите“.  

Во своето оправдување лидерот на Алтернатива Африм Гаши ќе појасни дека „во младоста формирал музички бенд „Празни џебови“ и дека не го смета влегувањето во политиката за полнење џебови“, дека се тоа повисоки национални интереси и дека се додека јавноста така мисли нема да има успех.

Меѓутоа, токму изјавата за формирањето на бенд „Празни џебови“ во младоста го дава несвесно одговорот за причината влегување на Алтернатива во Владата каде веќе свири бендот „Полни цебови“. По пазарењето за да „свири“ заедно со СДС и ДУИ, Алтернатива доби три министри, три заменици-министри, како и многу директорски места, додека коалицијата на власт доби според нив стабилни парламентарно мнозинство од 64 пратеници.

Меѓутоа, ова пазарење предизвика реакции кај помалите коалициони партнери во власта. Либерално демократската партија (ЛДП) заедно со Демократската обнова на Македонија (ДОМ) очекуваат Зоран Заев да ги извести „во каква влада влегуваат и дали тоа е прифатливо за ЛДП“. Незадоволството на овие две партии кои имаат три пратеници и само едно министерско место може да го доведе во прашање новото договорено мнозинство.

Едноставно веќе никој не верува дека Алтернатива влезе во Владата заради принципи и високи државни цели. Овде се гледа едно грдо пазарење не само да се влезе во бендот „Полни џепови“, туку и за смислено протерување од власта на се што е македонско. Погледнете само кои ресори ги добива Алтернатива: Министерство за здраство, Министерство за информатичко општетсво и администрација, министер без ресор задолжен за дијаспората и други витални функции кои ќе им носат приходи.

По преземањето на Министерството за информатичко општетсво и во комбинацијата со Министерството за финансии замислете кој ќе има предимство во запослувањето во државните и јавните установи. Мислите ќе се почитуваат квотите или повторно ќе има прекубројни вработувања кои ќе седат дома и ќе примаат плата само за да гласаат на следните избори.

Затоа нека не не’ чуди што во земја каде не владее правна држава, македонските патриоти гнијат по затвори, високошколуван македонски кадар бега надвор од земјата. Затоа нека не не чуди што родителите ги охрабруваат своите деца да земат туѓо државјанство и да заминат за секогаш од оваа земја каде цвета корупцијата и криминалот. Затоа да не не чуди кога полуписмени партиски кадри ја водат земјата без почитување на законите па ни се случуваат претставници на институции да учествуваат во низа криминални дејанија и ни се случуваат несреќи како оние во Бугарија, Ласкарци и модуларната болница во Тетово...

Европа децидно кажа уште со Лисабонската декларација дека не ја сака македонската држава и народ, инаку веќе досега ќе бевме во ЕУ заедно со Слованија и Хрватска.  По Грција сега Бугарија е маша за спроведување на таа политика, утре ќе биде Албанија или Србија. Не помага ни албанизацијата на земјата за да влеземе во Европа барем за догледно време. Но Заевистите со ваквата политика на протерување на македонски народ и прекумерното задолжување на земјата ја водат македонската држава кон тотален распад и поделба на земјата.

Единствен спас од ова зло се помали коалициони партнери на СДС како ЛДП, ДОМ и други. Тие треба да се запрашаат кон каде води нивното останување во власта. За да се спаси Македонија тие мора да одат во опозиција и мора да има нови избори. Оваа ненародна влада треба да замине во историјата, а прогресивните сили треба да ја повратат власта и да го зачуваат населението, достоинството и образот на македонскиот народ.

Доста е со распродажба на националните интереси за да се наполнат џебовите на поединци. Доста е бендот „Полни џебови“ на сцената ни свири предавнички песни. Време е да се стави крај. Македонскиот народ треба да го спречи СДС во дезинтеграцијата на земјата, особено со прифаќањето на условите од Софија, со кои се негира македонскиот идентитет и јазик.

 

На прво место

News image

Панде Колемишевски : Заминувањето на Заев, Ципрас и Бојко

Панде Колемишевски : Заминувањето на Заев, Ципрас и Бојко

Историја

News image

Водици или Богојавление

Именден празнуваат: Богдан, (значи даден од Бога) Богдана, Бојан, Богомил (значи мил на Бога) , Јо...

Иселеници

News image

„НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДОСТИГНУВАЊЕ ЗА 2022 ГОДИНА“ НА ОМД ОД ВАШИНГТОН ЗА СЛАВЕ КАТИН

На предлог на претседателот на организацијата „Обединета...

Култура и туризам

News image

ПОЕТСКИ МОЗАИК од поетесата Гордана Димовска како мост за спојување на далечините просторни и бележење на времињата

Поетесата Гордана Димовска својата видлива линија на заинтересирано премостување на далечните прос...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ПОБЕДИТЕ НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) ВО ИНДИЈА (18)

Стрелците, кои јавале на коњи, први нападнале и речиси веднаш ги онеспособиле бојн...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.