Среда, 08 Декември 2021   
Св. Климент Охридски сам си одбрал именден, празник на христијанскиот маченик Папата Климент

1Marija_Kukubajska.jpg Проф. д-р Марија Емилија Кукубајска

1ohr1212.jpg

Св. Климент Охридски сам си одбрал именден, празник на христијанскиот маченик Папата Климент 

Патронот на Македонската православна црква светителот Климент Охридски (840-916), одбрал да го слави својот именден во чест на рано-христијанскиот маченик од 1. век, првиот Римски Папа Климент (владеење цар Трајан). Римскиот Папа Климент го примил христијанството откако се запознал со космополитското и космичко значење на проповедите на апостолот Петар и посебно на мисионерството и писмата на апостол Павле до Македонците, со неговите проповеди низ Македонија. За својата христијанска вера тој бил мачен и прогонет во Херсон, Крим.

Климент Охридски од Македонија, бил вдахновен од саможртвата на Папата Климент за Христијанската вера, наспротив паганските религии на Рим и Атина пред официјалното прифаќање на Христијанство во Римското царство (325, Концил во Никеа). Тогаш сеуште не била поделена црковната власт на Источна Православна во Константинопол и Западна Католичка во Рим. Настанот кога Кирил и Методиј, по Божје провидение, ги пронашле моштите на Папата Климент, за време на нивната мисија во Хазарија, бил пресуден за сестрано образованиот Климент Охридски и самиот да го празнува овој римски маченик. Св. Климент Охридски нашол истомисленик во Папата Климент и во нивната широка образовна и мисионерска дејност во повеќе земји. Папата Климент го проповедал христијанството и меѓу Египјаните и македонското население од Птоломејската династија која владеела во тој дел од светот по смртта на Александар Македонски. Го ширел Христијанството во први век и меѓу паганите од хазарското племе во Херсон, каде браќата Кирил и Методиј, 7 века подоцна, спроведувале Христијанска мисија среде хазарите и муслиманите. Во контекст на христијанизацијата во 9 век, азиските татарски племиња Булгари ја примиле  христијанската вера од македонските словенски просветители, дури во 864 година. Византија ги принудила Бугарските пагански и муслимански племиња да се христијанизираат за време на нивниот хан Борис. Тоа се случувало во Македонија која била христијанска земја веќе седум века, од времето на Мисијата на Апостол Павле меѓу македонците, и меѓу соседните грци-елини.    

Во својата библиска, словенска, античка Македонија, Климент останува и во историјата како прв Македонски епископ во Охрид и основач на првиот словенски македонски универзитет за 3.500 богослужбени кадри - „Охридска книжевна школа“. Космополитска мисија на Климент го шири христијанството во источните и средно европските земји каде јазикот е сличен со старословенскиот од Македонија и Солун. Заедно со своите учители од Македонија, Кирил и Методиј, и со своите со-ученици Наум, Горазд и Ангелариј, Климент го шири христијанското просветителство низ Моравија, Панонија, Киевска Русија и кај новиот азиски окупатор на Балканот, Бугарија. Климентовата најтемелна дејност ја остварува во својата родна Македонија и епископскиот град Охрид. Тој по сопствена волја одбрал да биде погребан во својата татковина Македонија, во Охрид, во црквата Пантелејмон, каде сам си го одредил гробот.   

Св. Климент е македонскиот духовен просветител, педагог, книжевник, преведувач на црковна литература од грчки и латински, и чудотворен излечител. Своите универзални христијански вредности Климент Охридски ги застапува во период кога Римска Европа сеуште нема свој систематски организиран образовен центар. Седумдесет и шест годишниот живот на Св. Климент е восхитувачки одраз на христијанска просветленост во цивилизациски активното средновековие, отпочната во Македонија и проширена меѓу православните народите. Поаѓајќи од матичната земја Македонија, Св. Климент спроведува наобразба, описменување и култура во овој дел од светот побивајќи го стереотипот за „темен среден век“.

Библиските студиски програми во Православното просветителство на најраниот универзитет во Европа, во Охрид, Македонија.

Ако историчарите на уметноста се сложуваат дека религијата е колевка на уметноста, изворите на учењето на Св. Климент се служеле со највисоката уметност - верување во Божествената Тајна. Теолошката психоанализа на конструктивното, креативното, доброто, во духовните записи на книжевникот Св. Апостол Павле, I в., е вклучена во просветителската програма на архиепископот од Македонија, Св. Климент, кој со неуморно човекољубие ги проповеда Библиските учења:

За љубовта, величествената химна на бесмртната врска (relegio) меѓу душата и Бог:

„1. Ако ги владеам јазиците на човекот и на анѓелите, но во себе немам љубов, ќе бидам само ехо на ударот, неподнослив тапан. 2. Ако имам дарба да гледам во иднината и да ги разбирам сите тајни и сите знаење, и ако имам верба што покренува планини, но немам љубов, ништо сум. 3. Ако се што поседувам раздадам на сиромашните или си го запалам телото во пламен, а немам љубов во себе, ништо не сум постигнал. 4. Љубовта е трпелива, љубовта е љубезна. Таа не завидува, не  се фали, не е горделива. 5. Љубовта не е груба, не е себична, лесно не се налутува, не е злопамтило. 6. Љубовта не ужива да чини зло, но се радува на вистината. 7.  Секогаш заштитува, секогаш верува, секогаш се надева, секогаш издржува. 7. Љубовта никогаш не изневерува. Затоа, сите пророштва ќе престанат; сите јазици ќе замолчат; сите знаење ќе поминат. 8. Бидејќи ние разбираме само ограничено и предвидуваме ограничено, 10. Но кога ќе дојде време за совршенството, несовршеното ќе исчезне. 11.  Кога бев дете, зборував како дете, размислував како дете, расудував како дете. Кога постанав човек, детските нешта ги оставив зад себе. 12. Сега како во огледало гледаме само еден блед одраз; но тогаш ќе се видиме лице в лице. Сега делумно знам; тогаш целосно ќе знам, како што ќе бидам и целосно знаен. 13. И сега остануваат следните три вистини: вера, надеж и љубов. А најголемата од нив е љубовта.    

(Нов Завет, Првото писмо на Св. Павле, до Коринтијаните, 1:13)

За Плодовите на духот (доблестите), вредности кои атеистичката Биоетиката не ги толерира, но ниеден закон не може да ги побие: љубов, радост, мир, трпение, добрина, љубезност, милозливост, верност, само-контрола, (Св. Павле, Галатјаните 5: 22-23)  

Во својот Охридски книжевен универзитет Климент предава науки за духовно толкување на човекот и природата, пренесува низ теорија и пракса од природните науки, од агрикултурата, архитектурата, донесени и од Мала Азија. Своето здраворазумско разбирање за практичниот живот, Климент го засновува на почит кон божествено инспирираните духовни закони и нивно интегрирање во сеопштиот развој на човековите цивилизациски и морални вредности. Климентовото познавање на историјата на христијанството и неговиот јудео-христијански континуитет (Стар и Нов Завет), се споено со неговата искуствена мудрост и извонредна наобразба. Со тоа тој ја има развивано суштина на христијанското разбирање на мислата и материјата кои во себе го содржат надвременски позитивното за човекот, божествено објавувано од Седржителот на Вселената. Климент Охридски се посветил дидактичките и етички да го корегира негативното, во свесна и совесна борба на доброто против злото, светлите наспроти мрачните сили во човековото духовно и физичко постоење, низ средниот век, и во времињата потоа.  

 

На прво место

News image

Панде Колемишевски : Заминувањето на Заев, Ципрас и Бојко

Панде Колемишевски : Заминувањето на Заев, Ципрас и Бојко

Историја

News image

Водици или Богојавление

Именден празнуваат: Богдан, (значи даден од Бога) Богдана, Бојан, Богомил (значи мил на Бога) , Јо...

Иселеници

News image

„НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДОСТИГНУВАЊЕ ЗА 2022 ГОДИНА“ НА ОМД ОД ВАШИНГТОН ЗА СЛАВЕ КАТИН

На предлог на претседателот на организацијата „Обединета...

Култура и туризам

News image

ПОЕТСКИ МОЗАИК од поетесата Гордана Димовска како мост за спојување на далечините просторни и бележење на времињата

Поетесата Гордана Димовска својата видлива линија на заинтересирано премостување на далечните прос...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ПОБЕДИТЕ НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) ВО ИНДИЈА (18)

Стрелците, кои јавале на коњи, први нападнале и речиси веднаш ги онеспособиле бојн...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.