Коментари
Понеделник, 11 Март 2019 18:21   
Стани таен агент, сликај го Пендаровски

1312

Стани таен агент, сликај го Пендаровски

Само што не започнала официјалната кампања за Претседателските избори, во таборот на сдс почна да се чувствува параноја. Ако ја оправдуваме, може слободно да се каже дека е свесно префрлање на вина и „оправдување“ за идната загуба на Пендаровски од Силјановска-Давкова.

Замислете, ни повеќе ни помалку, Стево Пендаровски е следен од тајни странски служби низ град кои го сликаат на секој негов чекор. Како да е Пендаровски некој анонимен и обичен граѓанин кој не е секојдневно на телевизија и никој не го знае. Тој јавно изјави дека во државава никој не е сигурен и дека во нашава држава работеле странски служби и види мајката, тие биле блиски до опозицијата.

Ова е доказ дека Пендаровски е несозреан политичар, новокомпониран европјанин, кој по несреќа повторно е кандидат за претседател на Република Македонија од СДС.

Дочекавме Пендаровски да ни каже дека е опасно да живеме во нашата татковина, Пендаровски кој е човек од власта признава дека Македонија не е безбедна држава. Овојпат тој отворено го напаѓа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека е неспособен и дозволува странски служби да се шетаат низ земјава и да фотографираат политичари и кандидати за Претседател. На ова се надоврза и Кирацовски, кој побара одговор од Спасовски.

Врз основа на чувство дека не е безбеден, Пендаровски го обвини Спасовски за загрозување на безбедноста на целата држава. Па, дали тие таму во СДС имаат некаква координација за соработка или си вадат очи едни со други на сметка на функционалноста на државата?

Си играат со функциите, со народот, па и со стабилноста на Македонија. Како мали деца кои имаат улога во детска претстава.

Пендаровски параноичен, седнат во своето „југо“, следен од странските служби блиски до опозицијата, на крај ќе го удри реалноста повторно во глава кога по вторпат ќе изгуби на изборите за Претседател на Република Македонија.

Овојпат ќе изгуби од жена која пред себе и позади себе се борела за право и правда.

Гордана Силјановска ги посети сите краишта на Македонија, слободна и неоптеретена од параноични мисли како Пендаровски, затоа што е убедена дека овојпат народот повторно ќе избере одговорен човек на чело на државата. Овојпат народот ќе избере мајка на нацијата.

Жал ми е Пендаровски, лагата со странските служби кај народот не ти поминува.

Манојил-Мане Јаковлески

 
Четврток, 07 Март 2019 09:25   
Неправди кон една мала држава, еден мал народ и нација

VesnaВесна Атанасовска (Маневска)

Повеќе...
 
Среда, 06 Март 2019 14:26   
Никовски: Бојкот на претседателските избори најмногу им одговора на СДСМ и ДУИ

altНиковски: Бојкот на претседателските избори најмногу им одговора на СДСМ и ДУИ

Повеќе...
 
Среда, 06 Март 2019 11:40   
Крвопис си, Македонијо!
Maja SlavevaМаја Славева
Повеќе...
 
Среда, 06 Март 2019 01:00   
Време е Македонија да ја добие својата прва жена Претседател

doomМакедонска нација

Повеќе...
 
Среда, 06 Март 2019 01:00   
Дали Бејли стои позади прогонот и намера за убиство во затвор на Груевски?

DzeposkiАлександар Џеповски

Повеќе...
 
Вторник, 05 Март 2019 10:00   
Со бојкотот на Претседателските избори ова самоволие на власта ќе продолжи

mane 1Манојил (Мане) Јаковлески

Повеќе...
 
Понеделник, 04 Март 2019 20:28   
АНГЕЛОВСКИ: Подмолното сценарио против Македонија
КОЛУМНА НА АНГЕЛОВСКИ: Подмолното сценарио против Македонија
КОЛУМНА НА Страшо Ангеловски
Повеќе...
 
Среда, 27 Февруари 2019 17:00   
Вистината за историјата на Македонија, колку убаво звучи и колку крв се има прелеано

DzeposkiАлександар Џеповски

Повеќе...
 
Среда, 27 Февруари 2019 15:35   
Бојкотирањето на овие избори е свесно одкажување од нерамната борба која ни предстои
42474026 1820154744748296 214113478439337984 n

Иван Соколов: Победата на претседателскиот кандидат од ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори значи гарантирање и чување на Уставот на Македонија

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

ГОРАН АНГЕЛОВ СО ПОРАКА ДО ДРУГАРИТЕ: Браќа да се обединиме против трговците со човечки судбини

ГОРАН АНГЕЛОВ СО ПОРАКА ДО ДРУГАРИТЕ: Браќа да се обединиме против трговците со човечки судбин...

Историја

News image

Запознај ја татковината за да ја сакаш повеќе!

Запознај ја татковината за да ја сакаш повеќе!

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ – ПРВИОТ АРХИЕРЕЈ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (18)

ОСВЕТУВАЊЕ НА ЦРКВИТЕ „СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“ ВО ХАМИЛТОН ...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (1)

ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА ЗА МАКЕДОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.