Среда, 01 Февруари 2017    Печати
Мијачка крајина (Постојбина)

mijacko-pleme

Бидејќи во дојдувањето сите биле пастири, ним им требел планински крај. Таков прекрасен крај го нашле во Бистра. Шо је Бистра и коде се наодит?

Бистра је планина и теја доста висока. Рамникот нејзин се вртит околу 1500 метри, а врвовите достигнувајет и до две и преку две илјади, како Меденица и Крковдол (Брзовец, Пискупија).

Бистра је една гранка одделена од Шар Планина во половината на неговата д’лжина. Шар започнуват од Качаничка Клисура со врвот Љуботен, а завршуват над град Дебор, пак со еден таков, мрва понизок – со Крчин Планина. Должината на оваја најмила и најпозната планина је околу 115 километри.

Бистра се делит од трупот шарпланоински меѓу Гостивар и Жерноица. Делењето зафаќат од село Ореше под село Дув и до Маврови Анови је спојена со трупот, преку Влаиница, а одонде цепењето го вршит Радика, се до Дебор.

Бистра имат правец северозапад – југоисток и се протегат дури до над Кичава и имат должина околу 40 километри. Ширината је је различна како коде. Преку Буковиќ је врзана со Сува Гора и други поречки планиање.

Од овеја се гледат али мијачково племе имат најближни гратчиња, зафаќаеќи од Галичник: Дебор кон југозапад, 25 километри, Гостовар кон североисток – 40 и Кичава кон југоисток – 45 километри.

Воѓето од Бистра скоро сите влагајет во Радика, оваја во Дрим, а овја преку Шкодранско Езеро во Синоно Море.

И таке и мије Мијациве можеме да се бројиме мрва како да сме некакви приморци, зашчо и во Бистра дишит воздув од Сино Море и зате некоји не бројит да сме во Албанија.

Овја здрав и живописен крај со селата по Радика бројит околу 25 села. По височина надморска најниските села се на околу 700, а највисоките како Галичник и Лазорополе, терајет 1350 метри.

Странава на Бистра шо ја имајет населено Мијациве гледат кон југозапад кон Дебор и Елбасан и заклонета је од ветрови. Селата по Радика, и повеќето исламизирани, се завртени кон југосток.

Оваја Бистрина страна је многу богата со извори ладни како мраз и со богати планински речици п’лни со најфина риба. Таков је составот на оваја планина.

Бистра имат многу набори и дипли, многу долови и ридови и сите села се растурени по долови, рамници или завртиње и покрај воѓе се. Со вода је оскудно саде Лазополе и Сушица. Сега и Лазорополе е богато со  вода, зафалувајќи на државава.

Сиве села се прилепени како ластовички седела и сиве се прекрасни, али ниједно немат земја за работање и зате народов је употен на сточарство и печалбарство.

Гледани од некоја висина, селава изгледајет како бисерни зрна, растурени во зеленило. Најголемиот бисер и је Галичник, а по него идет Лазополе.

И вистина зар Бистра некаков поет не би могол да ја успоредит со некаква голема бисерна школка? Од Галичник који је највисок, слези за еден саат пашечки до Јанче и во коложег (јануарија) и сечко (февруарија) бери кукурек, качунка и подлеска; во јулија и август качи се горе кон Требишка Рупа и Бери снег.

Ете оваква је постојбинава мијачка. Во овја крај заклонат и од пот, дојдени се некогаш и однекаде Мијаци со своите прастари обележја славјански и овде до сега им била и столнина и гробнина. Зар оваја усаменост вистина не била и не је најпогодна за да си зачувајет своја телесна и душевна чистота?

Исламизирање

Народов во сиве овије села некогаш бил рисјански, и теја напреднат рисјански, и после стотици годиње во рисјанска вера, многу, скоро поголемата половина се исламизирани под голем притисок и од државата и од зулумќари. Исламизирањето идело по Дрим и од Дебор по Радика. Теја се требет да зафатило брго по исламизирањето на Ѓорѓа Кастријота, који бил албански господар. Брго по 1500 година требет да се појавила оваја нестреќа и требет да трајела се до 1750 година, кога посилно кога послабо спроти како што било времето во Турција.

Најпрво и најмногу се изламизирани д’лните села по Радика.

И во Галичник, Тресонче, Лазорполе, и Мелничани пробале и исламизирале или заселиле по неколку куќи, али првенците наши тогашни - нека им је фала и слава – ја спречиле таја нестреќа ушче во сефтето,  вратувајеќи и исламизираните на стара вера. Таја слава, и заслуга и слава припаѓат на две фамилији на Томовци и на Аџијевци. Ѓурчин Кокале од Лазорполе и Саржо Брадина од Тресонче имајет доста и белки рамна заслуга во овеја. Се требет да имале голем ифтибар (чест) тогашните првенци за да ја свршит таја работа. Со овеја чудо, Галичник и сијон крај имајет право да се погордејет.

Д’лните села оваке стојит со вера: Горенци, Скудриње, Присојница, Ажијевци, Жерноница и Болетин  се се исламизирани, а мешани се негде повеќе, негде помрва: Видуше, Велебрдо, Требишче, Ростуше, Јанче, Косоврасти и Могорче. Галичник, Сушица, Росоки, Селце, Тресонче, Лазорополе, Гари, Осој, Мелничани и Рајчица се рисјански.

Овеја исламизирање је вчерашно и едва да имат више од триста години.

Од книгата „Галичник и Мијаците“ од Риста Огњановиќ -= Лоноски,  Скопје 2004.
(Подготви Марко Китевски)