Среда, 14 Ноември 2018    PDF Печати Е-пошта
Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (17)

prespa17-1

ОДЕЊЕТО НА БОГОРОДИЦА ПО МАКИТЕ
(НОВОЗАВЕТЕН АПОКРИФ – II дел)

Слушајќи го ова, пресвета Богородица и сите ангели извикаа во еден глас: „Слава на твоето милосрдие Владико, слава на царството твое, слава на твоето владеење, заедно со безначелниот Татко...“

„Појди, ќе ти покажам огнено езеро, да видиме каде се мачи родот христијански." Запраша Пречистата: „Оние кои се? Што им се гревовите?" Рече архангелот: „Овие се, Пречиста, крстените, кои му се ветиле на Христа, а творат дела ѓаволски, и го изгубија времето за своето покајување, па таму се мачат." My рече Пречистата на архангелот: „И уште едно те молам тебе Михаиле, и јас да се мачам со овие христијани, бидејќи синови Божји се нарекоа." И му рече Пресветата на архангелот: „Нареди им на ангелските редови да ме земат и да ме постават пред невидливиот Татко."

Веднаш, по волјата на архангелот пристапија херувимите, серафимите, и ја зедоа Пресветата и ја поставија пред престолот на невидливиот Татко, и простирајќи ги своите раце кон страшниот престол и кон Невидливиот, и насочувајќи ги очите кон безначелниот свој Син, се помоли, зборувајќи: „Помилувај го, Владико, христијанскиот род, не можам да го трпам нивното житие, туку да се мачам и јас со нив."

Дојде од „Колку се маките каде што се мачи христијанскиот род Владиката глас: „Како можам да ги помилувам...?" Рече Пречистата:?" И рече архангелот: „Безбројни се маките." Рече Пречистата: „Псжажи ги оние кои се на небото и на земјата." Тогаш нареди архистратигот, открија западните ангели и зина пеколот и виде Богородица мачен народ, мажи и жени, и го запраша архангелот: „Кои се овие и што им се гревовите?" И рече арахангелот: „Овие се, Пречиста, оние кои не веруваа во Тројцата, заради што се мачат."

prespa17-1
Црквата „Света Богородица“ во Битола

Воздивна Пречистата и ги впери очите свои кон небото и рече: „Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, да се дигне оваа темнина и да ги видам овие маки!" И се дигна темнината и ги покри седумте небеса. Лежеше тука народ, мажи и жени, виде голем плач Пречистата, просолзи и рече: „Што стоите тука?" И немаше глас од мачените. И им рече архангелот на грешниците: „Зошто не и зборувате на Пречистата?" Одговорија тие и рекоа: „Од века не сме виделе светлина, па не можеме да ја видиме Пречистата."

Лежеше врела смола на нив и извикаа мачените: „О, Пречиста Госпого, Синот твој дојде и не не извести, дојде Аврам, дојде Јован Крстител и апостол Павле и не ни се јавија, а ти Пречиста како не прашуваш?" Тогаш рече Пречистата: „Кои се, какви им се гревовите?" „Овие се Пречиста, оние кои не верувале во Светата Тројца и тебе Богородице не те исповедуваа, иако од Тебе се роди твојот Син и Бог наш Исус Христос." Им рече Пречистата на мачениците: „Зошто така сте се излажале окајани, а не знаевте дека за името мое име се мачи целото битие."

И ова го кажа пресвета Богородица и пак падна темнина врз нив. И и рече архангелот на Пречистата: „Каде сакаш да излеземе, на запад или на полден?" Рече Пречистата „На полден." И веднаш пристапија херувими, серафими и мноштвото ангелско, и ја изнесоа Пречистата на полден. Оттаму излегуваше река огнена и во неа стоеше многуброен народ, мажи и жени, некои до појасот, некои до вратот, ги виде Пречистата, воздивна и ги запраша ангелите:

Кои се овие кои до појасот во оган стојат?" Рече архангелот: „Овие кои до појасот во оган стојат, тие се, Пречиста, оние кои примиле татковска и мајчина клетва, затоа така се мачат." И рече Пречистата: „А овие кои се до градите?" Рече архангелот: „Овие се оние кои на своите кумови лоши зборови им кажувале и во своето безумие се огрешија, затоа толку се мачат." И рече Пречистата: „Овие кои се, што се до вратот потопени во огнот?" Рече архангелот: „Овие се, Пречиста, оние кои јаделе човечко месо."

И рече Пречистата: „Возможно ли е да се јаде човечко месо?" Одговори архангелот: „Слушај, Пречиста, тие што јаделе месо човечко, јас ти кажувам дека тие се оние кои од цревата ги изнесуваат своите чеда и им ги фрлаат на кучињата да ги изедат, и брат братот го предаваат на смрт, таткото дури своите чеда, дури цареви и кнезови, тие се човечки меса, затоа толку се мачат." „Оние се кои чесен крст држеа, се колнат во него со лаги, така што трепери небото и земјата, ангелите и архангелите, а луѓето се колнат во лаги, затоа се мачат."

prespa17-3
Исус Христос во Берово

И виде Пречистата на она место човек кој виси за нозете, го јадеа црви и запраша Пречистата: „Кои му се гревовите на овој човек?" Рече архангелот: „Овој земал лихва од своето злато, затоа се мачи." И виде Пречистата жена обесена за ушите свои и го запраша архангелот: „Кои и се гревовите?" У рече: „Оваа пренесувала, клеветела, ги карала меѓусебно блиските, затоа се мачи“. Рече Пречистата: „Зошто си се родила?" Пак рече архангелот: „He си видела уште поголеми маки."

И му рече Пречистата на архангелот: „Да одиме и да ги видиме сите маки." И рече архангелот: „Каде сакаш Пречиста да излеземе?" Рече Пречистата: „Да излеземе на запад." И пристапија херувими, серафими и множество ангели и ја одведоа Пречистата на запад. И виде Пречистата голем облак, во средината на облакот стои одар, на него беше народ, мажи и жени, и змии огнени лежеа над нив. Огнените пламени како трски ги јадеа грешниците на одарот.

Гледајќи, Пречистата просолзи и го запраша архнгелот: „Кои се овие, што им се гревовите?" Рече арахангелот: „Овие се, Пречиста, оние кои не станале на утрена во Света Недела, а лежеа како мртовци, затоа вака се мачат." Слушна Пречистата ако некому му се запали куќата и ја опфати огнот, а не може да избега, таквите немаат грев. Виде Пречистата столови огнени, седеа на нив множество мажи и жени кои гореа во оган и запраша: „Кои им се гревовите и колку се?" Рече архнгелот: „Овие се, Пречиста, оние кои не им стануваа на поповите кога влегуваа во црквата, затоа така се мачат."

Продолжува

Пишуваат:

Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВКА-АНТИЌ и
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Жител на Арачиново до Спасовски: Оние со кои се сликате ни ги инфицираат со наркотици нашите деца

Жител на Арачиново до Спасовски: Оние со кои се сликате ни ги инфицираат со наркотици нашите деца во...

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Иселеници

News image

Стив Пљакас и неговата посветеност на Античка Македонија (8)

СТИВ ПЉАКАС ВО ПОСЕТА НА АНТИЧКИОТ ЛОКАЛИТЕТ СТОБИ

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (21)

ПРЕДАНИЕ ЗА ГОЛЕМИОТ КРСТ И ЦРКВАТА СВЕТА БОГОРОДИЦА

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.