Среда, 28 Ноември 2018    PDF Печати Е-пошта
Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (19)

slivnica1

СРЕДНОВЕКОВНА ЦРКОВНА ПОЕЗИЈА – АКАТИС НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА – II дел

Кондак VIII

Откако го видовме чудното раѓање, да се оддалечиме од овој свет, да го издигнеме нашиот ум кон небото, зашто вишниот Бог се јави на земјата како смирен човек, за да ги привлече кон себе оние што му пеат: Алелуја!

Икос 8

Неискажливото Слово потполно беше на земјата, без и најмалку да отстапи од небото; зашто раѓањето на Дева Богородица не беше промена на место, ами Божја милост, затоа да и запееме на Богородица:

Радуј се, приемнице на неопфатниот Бог; Ти си врата на пречистата тајна!

Радуј се, за Тебе неверните слушаат со сомневање; радуј се, тврда пофалбо на верните!

Радуј се, пресвета колесницо на Оној што седи на херувимите; радуј се, преславно живеалиште на Оној што седи на серафимите!

Радуј се, Ти си ги собрала заедно спротивностите; радуј се, Ти си ги соединила девството и раѓањето!

Радуј се, преку Тебе се прости престапот; радуј се, преку Тебе се создаде рајот!

Радуј се, Ти си клуч на Христовото царство; радуј се, Ти си надеж на вечните блага!

Радуј се, Невесто неневесна!

 

Кондак IX

Сите ангели се зачудија од големото дело на Твоето овоплотување, зашто во недостапниот Бог гледаа човек достапен, Кој живее со нас и од сите слуша: Алелуја!

 

Икос 9

Красноречивите беседници ги гледаме како безгласни риби штом станува збор за Тебе, Богородице; тие не можат да објаснат како си Дева кога си родила. Ние сме восхитени пред тајната и со вера извикуваме:

Радуј се, живеалиште на божјата премудрост; радуј се, ризницо на Неговата промисла!

Радуј се, Ти ги покажуваш мудреците како немудри; радуј се, Ти ги изобличуваш за неразумност итрите мајстори на словото!

Радуј се, зашто избезумија ужасните испитувачи; радуј се, зашто овенаа баснотворците!

Радуј се, Ти ги растури итрите сплетки на атињаните; радуј се, Ти ги исполнуваш мрежите на рибарите!

Радуј се, Ти извлекуваш од длабочината на незнаењето; радуј се, Ти просветуваш мно-зина со знаење!

Радуј се, Ти си кораб за оние што сакаат да се спасат; радуј се, Ти си пристаниште за оние што пловат во животот!

Радуј се, Невесто неневесна!

Кондак X

Создателот на се, сакајќи да го спаси светот, доброволно дојде во него и, бидејќи Бог, се јави заради нас како човек. Затоа, откако го повика подобното преку подобно, како Бог слуша: Алелуја!

4 Статија

Икос 10

Богородице Дево, Ти си закрила за девиците и за сите што доаѓаат кај Тебе; Творецот и на небото и на земјата Те направи така, Пречиста, кога се всели во Твојата утроба. Тој ги научи сите да Ти пеат:

Радуј се, столбе на девството; радуј се, Ти си врата на спасението!

Радуј се, началнице на духовниот растеж; радуј се, подателко на божествената благост!

Радуј се, Ти си ги обновила зачнатите во грев; радуј се, Ти си ги вразумила духовно расеаните!

Радуј се, Ти го гониш разложителот на умовите; радуј се, Ти си го родила сејачот на чистотата!

Радуј се, Ти си дом на бессемено невестинство; радуј се, Ти ги соединуваш верните со Господа!

Радуј се, Ти си добра хранителка на девојките; радуј се, невесто-украсителко на светите души!

Радуј се, Невесто неневесна!

Кондак XI

Бессилна е секоја песна што сака да ги опфати сите Твои добрини, зашто Небесни царе си свет; и да Ти принесеме песни рамни по рој на морскиот песок, не правиме ништо достојно за се што си ни дал, затоа извикуваме: Алелуја!

 

Икос 11

Света Дева ја гледаме како запалена свеќа, која им се јави на оние кои беа во темнина. Откако го запали духовниот оган, Таа ги води сите кон божествено познание и го просветува умот со небесни зраци. Затоа и пееме:

Радуј се, Ти си лач на духовното сонце; радуј се, светило на светлината што не зајдува!

Радуј се, светкавице што ги просветуваш душите; радуј се, Ти си гром што ги плаши непријателите!

Радуј се, од Тебе изгрева многусветлата просвета; радуј се, од Тебе извира многуводната река!

Радуј се, Ти живо ја претставуваш бањата; радуј се, Ти ја отстрануваш духовната сквернота!

Радуј се, Ти ја миеш совеста; радуј се, чашо со која се црпе радост!

Радуј се, Ти си миризба на Христовото благоухание; радуј се, Ти со живот на таинственото веселие!

Радуј се, Невесто неневесна!

slivnica2           

Кондак XII

Оној што ги простува долговите на сите луѓе, сакајќи да даде милост за старите долгови, Самиот дојде кај оние што се беа оддалечиле од Неговата благодат, го скина списокот на гревовите и од сите слуша: Алелуја!

Икос 12

Богородице, го воспеваме Твоето раѓање, Те прославуваме како духовен храм, зашто Господ, Кој се држи во свои раце, се виде во Твојата утроба, и ги освети, прослави и научи сите да пеат:

Радуј се, Ти си скинија на Бога-Слово; радуј се, Ти си поголема од Светињата на светињите!

Радуј се, Ти си ковчег позлатен од Духот; радуј се, Ти си неисцрпна ризница на животот!

Радуј се, Ти си скапоцен венец на благочестивите; радуј се, Ти си пречиста похвала на благовејните свештеници!

Радуј се, Ти си цврст столб на Црквата; радуј се, Ти си неразрушлив бедем на државата!

Радуј се, преку Тебе се издигаат знамињата на победи; радуј се, преку Тебе паѓаат непријателите!

Радуј се, Ти си исцеление на моето срце; радуј се, Ти си спасение на мојата душа!

Радуј се, Невесто неневесна!

Кондак VIII

О, многувоспевана Мајко, Ти си Го родила најсветото Слово меѓу сите свети! Прими ги овие наши молби, избави не од секаква напаст и ослободи не од идните маки нас кои Ти пееме - Алелуја!

Продолжува

Пишуваат:

Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВКА-АНТИЌ и
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Жител на Арачиново до Спасовски: Оние со кои се сликате ни ги инфицираат со наркотици нашите деца

Жител на Арачиново до Спасовски: Оние со кои се сликате ни ги инфицираат со наркотици нашите деца во...

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Иселеници

News image

Стив Пљакас и неговата посветеност на Античка Македонија (8)

СТИВ ПЉАКАС ВО ПОСЕТА НА АНТИЧКИОТ ЛОКАЛИТЕТ СТОБИ

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (21)

ПРЕДАНИЕ ЗА ГОЛЕМИОТ КРСТ И ЦРКВАТА СВЕТА БОГОРОДИЦА

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.