Четврток, 06 Декември 2018    PDF Печати Е-пошта
Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20)

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20)

g2МОЛИТВЕНИ ТЕКСТОВИ – МОЛИТВА КОН

СВЕТА БОГОРОДИЦА

Неосквернета, неизвалкана, чиста, пречиста Дево, Богоневесто, Владичице, преку Твоето преславно раѓање, си го соединила Бога - Слово со луѓето и си ја собрала отфрлената природа на нашиот род со жителите на небото. Ти си надеж на очајните, Ти си помош на борците, Ти си готова закрила на оние што доаѓаат кај Тебе, Ти си заштитница на сите христијани.

He ce гнаси од мене грешниот и нечистиот, кој со срамни помисли, зборови и постапки се направив сосема негоден, и, поради лекомислие, свесно станав роб на животните наслади. Но, бидејќи си мајка на човекољубивиот Бог, човекољубиво смилувај се на мене грешниот и блудниот и прими ја мојата молитва што Ти ја принесувам со нечиста уста.

Послужи се со својата мајчинска слобода и помоли го Твојот син и наш Владика и Господ да го отвори за мене човекољубивото срце на Својата благост и, без да гледа на многубројните мои прегрешенија, да ме обрати кон покајание и да ме направи добар исполнител на Своите заповеди.

Ти си милостива, доброљубива, биди секогаш со мене. Во сегашниот живот биди ми топла застапница и помошница, прогонувај ги непријателските напади и води ме кон спасение.

Во часот на мојата смрт, зачувај ја мојата душа и отстрани ги од неа далеку мрачните виденија на лошите духови. А во страшниот ден на судот, избави ме од вечната мака и направи ме наследник на неискажливата слава на Твојот Син и Бог наш, која сакам да ја примам, Владичице моја, преку Твоето посредништво и застапништво, по благодатта и човекољубието на Твојот еднороден Син, Господ, и Бог и Спасител наш Исус Христос.

Нему му прилега слава, чест и поклонување, со Неговиот безпочетен Отец и пресветиот, благ и животворен Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

bogorodica

МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Преславна Приснодево, Мајко на Христа Бога, принеси му ја нашата молитва на Твојот Син и наш Бог, та преку Тебе да ги спаси нашите души.

Надеж ми е Отецот, засолниште - Синот, а покров ми е Духот Свети, Светите Тројца, слава Ти.

Целата моја надеж ја прилагам во тебе, Мајко Божја, заштити ме под Твојот покров.

Владико многумилостив, Господе Исусе Христе, Боже наш, по молитвите на Пречистата Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија, преку силата на чесниот и животворен крст, преку застапништвото на чесните небесни сили, на чесниот славен пророк, претеча и крстител Јован, на светите сефални апостоли, на светите славни и добропобедни маченици, на преподобните и богоносни отци наши, на светите праведни богоотци Јоаким и Ана, и на сите светии, направи ја благопријатна нашата молитва, дарувај им прошка на нашите прегрешенија, отстрани од нас секаков непријател и противник, смири го животот наш, Господи, помилуј не нас и Твојот свет, и спаси ги нашите души, зашто си благ и човекољубив

bog

Света Богородица во Кичево

ТРОПАР ЗА РАЃАЊЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (МАЛА БОГОРОДИЦА – 21 СЕПТЕМВРИ)

Глас четврти: Твоето раѓање, Богородице Дево, радост му јави на целиот свет, зашто од Тебе блесна сонцето на правдата - Христос нашиот Бог, Тој ја разруши клетвата и ни даде благослов, ја уништи смртта и ни дарува живот вечен.

Продолжува

Пишуваат:

Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВКА-АНТИЌ и

СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Жител на Арачиново до Спасовски: Оние со кои се сликате ни ги инфицираат со наркотици нашите деца

Жител на Арачиново до Спасовски: Оние со кои се сликате ни ги инфицираат со наркотици нашите деца во...

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Иселеници

News image

Стив Пљакас и неговата посветеност на Античка Македонија (8)

СТИВ ПЉАКАС ВО ПОСЕТА НА АНТИЧКИОТ ЛОКАЛИТЕТ СТОБИ

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (21)

ПРЕДАНИЕ ЗА ГОЛЕМИОТ КРСТ И ЦРКВАТА СВЕТА БОГОРОДИЦА

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.