|
Панде Манојлов
ИМЕТО... КРШТЕВКА ПРЕД ВОДИЦИ
"Треба да си го промениш името!" - ѝ рекоа на карпата на ридот.
-"Не си го менувам! Ако го сменам, ќе бидам неплодна земја!" - одговори карпата.
-"Треба да си го промениш името!" - ѝ рекоа на земјата.
-"Не си го менувам! Ако го сменам, ќе бидам пустина!" - одговори земјата.
-"Треба да си го промениш името!" - ѝ рекоа на пустината.
-"Не си го менувам! Ако го сменам, ќе ги снема оазите!"- одговори пустината!
-"Треба да си го промениш името!" Ѝ наредија на Македонија.
"Не си го менувам! Ако го сменам и реката Јордан и Исус ќе заплаче!" |