Среда, 06 Мај 2020    PDF Печати Е-пошта
ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ (3)

4.1

КОН ХАЗАРСКАТА МИСИЈА НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму подоцна му се придружил и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивните мисии ги извршиле со голем успех, со цел да ги описменат словенските народи.

Константин, кој е познат со своето монашко име Кирил, за разлика од Методиј, не тргнал по стапките на неговиот татко Лав. Тој уште од детски и ученички години својот животен пат го насочил кон совладување на наставните предмети кои подоцна му овозможиле длабоко да навлезе во тајните на повеќе научни дисциплини и да се нареди до најучените луѓе на својата епоха. Лав и Марија му овозможиле на талентираниот Константин да се школува во солунските училишта во кои учеле само децата од богатите семејства.

На 14 февраури 869 година во Рим починал Кирил Филозоф во екот на изведувањето на Моравската мисија, задолжувајќи го својот постар брат Методиј да ја доора започнатата бразда. Оваа важна мисија, со непроценливо значење за културниот развиток на сите словенски народи, настанала по претходно остварената Хазарска мисија, во којашто учествувале и двајцата браќа. Од далечната хазарска одисеја, браќата ги одонеле во Рим светите реликвиимоштите на римскиот папа Климент, заради што папата Адријан II им укажал посебна почест.

Во IX век Византија била моќна империја, чиешто непрегледна сестрано богатство го свртувало вниманието на соседните народи и племиња. Во 860 година на север и североисток од државата постоела видлива опасност од инвазијата на словенските и хазарските народи.

Словенските племиња претставувале постојана опасност уште од VI век, додека источно-турските номадски хазарски племиња во VIII век формирале силна држава - Хазарски каганат, по долниот тек на реките Волга и Дон.

4.2 

Живеалишта на Хазарите

Сакајќи да ја елиминира опасноста од експанзијата на Хазарите, византискиот двор прибегнал кон испробаната практика и ја организирал Хазарската христијанска мисија, којашто имала суштинска политичка цел и преку верскиот карактер на преговорите требало да се наметне христијанската религија. Византија честопати преку христијанизацијата успевала да ги смири скитачките и воинствено расположените племиња и да ги сопре нивните завојувачки намери.

Главната улога при изведувањето на оваа мисија им била доверена на браќата Кирил и Методиј.

Хазарите имале можности да се запознаат со еврејската и со муслиманската религија. Пратениците на Хазарите побарале од византискиот император учени луѓе коишто ќе им докажат на Хазарите, Евреите и на муслиманите дека христијанската вера е единствената вистинска вера. Императорот веднаш го повикал Кирил Филозоф и, според опширното Кирилово житие, му рекол: „Оди Филозофе кај тие луѓе па проповедај им и протолкувај им за Светата Троица, со нејзина помош, зашто никој друг тоа не може да го стори подостојно".

На патот кон Хазарите, Кирил и Методиј навратиле во градот Херсон на Црното Море, каде што Кирил одлично го изучил еврејскиот јазик и превел осум делови од граматиката. Потоа, во овој град Кирил стапил во контакт со еден Самаритјанин и ги изучил и самаритјанските книги . Панонските легенди соопштуваат дека во Херсон Кирил го изучил и рускиот јазик, а пронашол и евангелие и псалтир пишувани со руски букви.

Тука Кирил ги пронашол моштите на одамна починатиот римски папа Климент, коишто по деветгодишна одисеја ги пренел во Рим. Пронаоѓањето на моштите го инспирирало Кирила и по тој повод составил три книжевни творби: расказ за пронаоѓањето на моштите, свечено слово по истиот повод и химна за херсонскиот настан. И трите творби биле составени на грчки јазик, а потоа преведени на латински јазик од Анастасиј библиотекарот.

Кирил и Методиј пристигнале кај хаварскиот каган којшто прв беседувал со нив, а потоа браќата се впуштиле во долготрајните полемики со Евреите и муслиманите, кои успеале помасовно да им ја наметнат својата религија на Хазарите, додека христијанските приврзаници биле најмалубројни. Искусните браќа, одлични полемичари и со длабоки познавања на суштинските поставки на христијанската религија, предизвикале восхит кајнепријателите . Кирил им објаснил многу непознати работи во догмите, а посебно суштинското значење и славењето на Светата Троица.

Учениот каган бил многу задоволен од одговорите и го пофалил Кирила кај визанатискиот император. Каганот сакал да им даде богати дарови на мисионерите, но овие го замолиле да им ги подари заробените Грци. Според Панонските легенди, по успешните толкувања на христијанската религија, многу луѓе од хазарската држава го примиле христијанството, а односите меѓу Византија и Хазарскиот каганат биле подобрени. Верската нота на мисијата постигнала значајна политичка и дипломатска цел.

По завршувањето на мисијата, вредниот Кирил ја составил книжевната хазарска полемика, којашто во оригинал не достигнала до нас, но многубројните цитати што ги среќаваме во Панонските легенди го откриваат нејзиниот книжевен извор којшто сигурно достигнал до раката на житиеписецот.

Третата државна мисија на двајцата браќа била познатата Моравска мисија, којашто отпочнала по барање на моравскиот кнез Ростислав во 863 година. За нејзиното остварување и двајцата браќа макотрпно ја граделе низата отстапки што ја извршувале римските папи, заинтересирани за младите словенски кнежевства и држави, како и цариградските патријарси и императори.

Нивната пожртвуваност и љубовта што ја негувале кон словенскиот род им била основна поента на многу слависти кога се определувале за нивното словенско потекло. Но, без оглед на нивната припадност, делото на солунските браќа останува како траен залог, вткаен во културната историја на Славените.

4.3

Браќата Кирил и Методиј се појавиле пред Славените во пресудните моменти од нивното егзистирање, во IX, век кога овие народи се бореле за опстојување, опколени со држави со долга традиција и со аспирации за престиж во соседството. Затоа, мисијата што ја покренал моравскиот кнез Ростислав ќе биде од пресудно значење за натамошниот општествено-културен растеж и зацврстување на Славените, зашто генијалната работа на Константин - Кирил врз создавањето на словенската азбука ќе биде општо достоинство за сите нив.

Првите преводи на старословенски јазик, врз основа на дијалектот на македонските Славени од околината на Солун ќе бидат подеднакво разбирливи за сите Славени, иако биле наменети за изведување на мисијата во Моравија.

Исто така, ви историските документи за свети Кирил и Методиј, меѓу другото, е запишано дека, Ростислав, кнезот на Велика Моравија, испратил молба до византискиот император Михаил III овој да испрати, епископ и учител, кој ќе им објаснува на нивни јазик за вистинската христијанска вера. Изборот паднал на светите браќа.

Тие биле речиси подготвени и за оваа мисија, зашто голем број од светите книги веќе ги превеле на словенски јазик. Тие избрале достојни ученици и помошници и тргнале во Моравија. Таму биле пречекани со голема радост и со големи почести. Набргу потоа отвориле училиште, во кое ги подготвувале идните учители за западните словенски народи. Тука наишле на голем отпор од германски свештеници кои ги обвинувале за ерес.

Затоа, биле принудени да појдат во Рим и да го докажат своето правоверие. Во Рим биле примени со големи почести од папата Адријан II. Тој ги одобрил словенските богослужбени книги и наредил да бидат поставени во олтарот на црквата „Санта Марија Маџоре“ и во три римски цркви богослужбите да се вршат на словенски јазик. Кирил во Рим тешко се разболел и починал на 14 февруари 869 година.

Продолжува

 d5
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (61)

Милче Милошевски денес е пензионер кој од детство другарува со Маноил Мане Јаковлевски. Нивното др...

Култура и туризам

News image

Настанување на селото Лазорополе и потеклото на неговите жители

Лазорополе за прв пат се споменува во Кодиката (книгата на дарители) на манастирот Слепче, во вторат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (28)

ПОТЕРА ПО АРГОНАУТИТЕ И НИВНОТО ВРАЌАЊЕ – ДЕЛ I Кога Јасон и Медеја дошле на брод...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.