Среда, 15 Јули 2020    PDF Печати Е-пошта
ЉУБОВТА НА СВ. ПАВЛЕ КОН МАКЕДОНЦИТЕ

2.3.0

Св. Павле, икона од Андреј Рубљов, 1410 г.

Најтоплиот и најчувствителен мотиватор меѓу апостолите, Павле, им носел на Македонците уверување да не очајуваат кога се онеправдани, прогонувани и убивани, зашто Бог ќе им ги претвори трагедиите во триумф, бедата во богатство, болката во благослов, слабоста во слава, а поразот во победа. Тој тоа им го пишувал, а тие му верувале бидејќи го имале видено на дело влијанието на неговото учење во име на Бог Исус Христос.

Апостолот Павле бил Евреин, Саул, од градот Тарсус, област во Римската област Силициа, денес во Турција. Го прифатил Христијанството и се посветил на евангелизација откако се уверил дека Исус Христос е Бог, кој воскреснат над земната смрт откако 33 години сведочел за совршените закони за богоцентричен живот на човекот.  

Апостолот Павле, во 54та години од својот живот имал визија да оди во Македонија, кај Македонците, за да ги подржи во нивниот избор против проблемите низ кои минувале. Тие проблеми доаѓале од обидите на Македонците во својата татковина да живеат праведно меѓу противници, предавници, перверзно население, меѓу кои биле и бескрупулозните окупатори од Рим и нивните провинциски поданици, Грците, Евреите и други.

Губењето на видот, на патот за Дамаск и прогледнувањето на Павле - ја симболизира новата светлина во неговата визија за духовно просветлување на човекот и човештвото. Тоа просветлување е спротивно на политеистичката паганска „просветленост“ преку Римски и Грчки Божества, и спротивно на човекоцентричната просветленост на илуминираните градители на нови светски поредоци, дефаматори и реформатори на верата во еден Бог.

Зошто апостолот Павле не започнал христијанизирање на Европа со Шпанија (каде што и планирал да патува после Рим) или со заткавкаските земји над Мала Азија - тоа само Создавачот на светот може да го знае. Она што луѓето можат да дознаат од историски мисии и писма на Св. Павле е податокот дека тој бил одбраниот да го слушне божјиот повик да дојде во земјата на најправедните, во Македонија. Кога дошол меѓу Македонците од Македонските градови Филипи, Солун и Бер (од 1913 година анектирани од Грција), тие уште посилно му го воздигнале срцето во возљубена грижа кон нив. Македонските срца биле дарежливи, не биле од профилот на населението во градовите-држави Атина и Коринт, кое живеело во корупција, неморални слободи, алчност и користољубие во име на нивните митолошко пагански божества и оддадено на перверзни оргии споделувани со предхристијански религии на Средоземјето меѓу три континенти.

Св. Павле знаел дека Александар Македонски, Цар на Царевите, кој ги завладеал и обединил непријателските Елински градови, а потоа и империите на Персија, Вавилон, Индија, Египет и териториите околу нив, му се претскажал во визиите и на пророкот од Стариот Завет, Даниел. Во новиот Завет, преку Апостол Павле - Македонците биле првоизбраните, за првата, права слава на Христијанството во Европа, во 50-та година од раѓањето на Спасителот на човештвото, Исус Христос, за „Да го чуваме оганот на Светиот Дух во нас“, им порачува Павле на Солуњаните, во Првото писмо, глава 5, стихови 19-22.

Павле проповедал и се молел Плодовите на Светиот Дух да се видливи преку зборовите и делата на народот кој дозволува Бог да му ги исполни срцата со љубов и издржливост против искушенија на злото поттикнувано од самопрогласени тирани. На своето величествено, чудотворно, 16.000 километри долго христијанско просветителско патување, Павле ги учел Македонците дека проблемите низ кои минуваат произлегуваат од обидите на праведните луѓе да живеат меѓу бескрупулозните предавници на правдата кои биле фанатизирани во своите верувања, обреди, канибализам и церемонии од паганските предхристијанските религии.

„Еден човек од Македонија стоеше и се молеше велејќи: Дојди во Македонија и помогни ни“, читаме во визијата на Павле од Делата на Апостолите, поглавје 16, стих 9. Апостолот Павле е поведен од вистината дека само преку верата во Христовите „добри вести“ за љубов, добра волја, мир и спротивставување на злото со добро, народот ќе опстане на овој свет во кој преовладува непријателот, темните сили – злото. Светиот Павле го шири учењето дека сепак ќе победи правдата на Господ, преку оние кои го следат неговиот повик за спас на душите, со усовршување преку доблестите и спроведување на универзалните макро и микро закони кои раководат и со вселената и со човековото физичко и духовно битие создадено на овој свет.

Павле станал највлијателен и најсакан лик меѓу првите христијански мисионери од првиот век по раѓањето на Исус Христос. Во своето Писмо напишано 51-та година, испратено до македонските христијани во црквата во Солун создадена од него во раното лето од 50-та година, Павле им дава братско охрабрување на новите Христијани. Неговата намера била да го убеди народот во моќта на Божјата љубов во нив, да им оддаде признание за прифаќање на верата (Солуњаните, гл. 2, стихови 13-16), за нивната издржливост во прогонствата од безбожните, и да ги потсети на семоќното сезнаење и апсолутната праведност на Бог, Исус Христос, Спасителот на човекот.

Првата суштина на ова писмо е пофалба на Македонците од Солун за нивното одбегнување на злоба, неморал, разврат, и за нивната меѓусебна братска љубов, заштита и живеење како добри граѓани меѓу нечовечната, изопачена, материјалистичка страст на тамошните нехристијани.

Втората клучна порака е утеха со која Павле ги потсетува новите верници да имаат надеж дека ожалостените, гладните за леб и правда, нечесно обесправените, заплашените, немоќните, трпеливите, добродушните, срдечните, доследните, благородните, оние кои расудуваат и кои го одбегнуваат злото околу нив и во нив, и оние кои се ослободуваат од мрзеливост на духот и од безделничење, ќе бидат благословени и со душевна сила и радост на земјата, и со вечно постоење на нивниот дух во нов живот, во нивно продолжување низ космичките димензии на Бог.

Радоста што го исполнувала срцето на Павле најблескаво зрачи од неговото писмо до Македонските христијани во Филипи, градот на Филип II, кралот на Македонците, таткото на Александар Велики Македонецот. Напишано 61-та година од Рим, за време на неговите затворски денови. Писмото до Филипјаните ја има за централна тема радоста. Спрема Христијаните, зборот радост не е еднаков на поимот среќа која доаѓа од надворешната средина и причинува привидно и површно телесно задоволство.

Како спротивност на среќата, радоста во ова Павлово писмо значи духовно славење на суштината на Христијанскиот живот – љубота, љубов кон Македонците, кон сите браќа, кон сите Божји битија. Концептот за радување на душата се појавува 16 пати во 4 поглавја на „Филипјаните“ зашто ова писмо е озарено со позитивни пораки: „Споделувајте радост во името на Господа, секогаш. Ви повторувам: Радувајте се!“ (Филипјаните, 4:4)

Павле го посветува и го жртвува својот живот поради верување во Исус кој воскресна и кој еден ден ќе се врати по своите следбеници, по оние кои не потклекнале на земната „моќ“, на нечовечно, безбожно живеење без принципи и закони поставени од единствениот Бог Создавач на СЕ. Писмото на Апостол Павле до Македонците Филипјани е кулминација на славење и благодарност кон Христовото ветување дека Тој е единствениот праведен Пат, Вистина, Живот. Аспирациите на Павле да се спознава суштината на Христовиот Нов Завет е во просветување и посветување на Македонците на нов живот во кој ќе наоѓаат смисла и вера во Бог, следејќи ги Неговите вечно важечки закони за човековото постоење, создавање, творештво.

„Ако научев да зборувам 3333 јазици - луѓето што ги подвојуваат на мојата планета, дури и ако кибернетски јазици научев, за други светови, од видливи и невидливи планети и галаксии, јазици за ДНК кодови на сите живи молекули и живи фреквенции, но го немам научено јазикот против фракции на човечноста, јазикот ЉУБОВ наречен, јазик кој победува секоја зла мисла во нас и кај соседите, ако добар дух не носам, сладок дух во тоа мое простувачко чисто срце - ќе останам јас бездушно, студено, горчливо ехо од изгорена земја што иде, од празнина пустош полна.“ (Мини есеј Јазикот на срцето, од поемата Овошје за срцето, Кукубајска, М, сопствено издание,Штип, 2002)

2.3.1

Марија Кукубајска, награда Млада Струга, Мостови, СВП, 1973

https://youtu.be/YxHekc7nXhM?list=PL450D92241F6A19BD

Ораториум „Павле од Малта“, епизода за ослепувањето на Павле, композитор Чарлс Камилери, текст за животот и бродоломот на Св. Павле на Малта, проф. Оливер Фриџери, малтешки писател.

Марија Емилија Кукубајска

 

На прво место

News image

Коалициите на СДСМ траат само неколку часа

Коалициите на СДСМ траат само неколку часа се додека тие самите не се демантираат

Историја

News image

Русинот Бурич од Историската Конференција на Малта 1989: Без Македонизмот паѓа и целата цивилизација!

Осврт кон делото на рускиот мислител Владимир Бурич базиран на разговорите водени со него од макед...

Иселеници

News image

ПАРАКЛИСОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА И СПАСИТЕЛОТ ИСУС ХРИСТОС“ ВО ЗУБОВЦЕ (24)

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

ЗБИРКА ПОЕЗИЈА ОД ОЛИВЕРА ЈОВАНОВСКА

Деновиве, во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј, излезе од печат првата зборка поезија под ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (33)

ПРАИСТОРИСКИОТ КРИТ И КИКЛАДСКИТЕ ОСТРОВИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.