Среда, 17 Ноември 2021    PDF Печати Е-пошта
ОСВРТ НА МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ ЗА ДЕЛОТО НА КАТИН „МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА“ (19)

1ki12342ШТО РЕКОЈА ИСТАКНАТИ ЛИЧНОСТИ ЗА ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН 

На промоцијата на делото „Македонците во САД и во Канада“ што се одржала на 16 април 2003 година во Народната и Универзитетска библиотека „Свети Климент Ох­ридски“ во Скопје, свое излагање под наслов „Нов пристап кон иселеништвото“ имал и митрополитот на Македонската православна црква господин Кирил. Во исцрпното излагање митрополитот Кирил го рекол следното:

„Имам посебна чест и големо задоволство, пред сѐ, во квечерието на големиот христијански празник Цветници, а особено во пресрет на празникот над празниците, Светото Христово Воскресение - Велигден, како и големите јубилејни чествувања: 100 години од Илинденското востание, 100 години од Македонското иселеништво и 40 години од евангелису-вањето на првата Македонска православна црква „Свети Петар и Павле“ во градот Гери, Индијана, во САД, да бидам еден од учесниците на промоцијата „Македонците во Соединетите Американски Држави и во Канада“.

Тоа, покрај досегашните е уште едно големо дело создадено од перото на нашиот некол-ку­деце­ниски драг пријател и истакнат оригинален хроничар на ма­кедонската иселеничка голгота и вознес во период од 4 децении, бра­тот по Господа, Славе Николовски-Катин. Како долгогодишен надлежен епархиски архијереј на Ма­ке­дон­ска­­та православна црква за прекуокеанските земји, ќе се потрудам преку де­лото „Македонците во САД и во Канада“ на господинот Славе Катин, да ви прет­ставам дел од севкупното национално-духовно, црковно и културно-про­светно опстојување на нашите по крв и вера браќа и сестри Ма­ке­донци кои се определиле да живеат во демократските и од Бога бла­гословени др­жави САД и Канада.

Во оваа пригода сакам да нагласам дека познатството, со­ра­бот­ка­та и другарувањето со господинот Катин трае од 1969 година, од времето на мое­­то востоличување за надлежен архијереј на Американско-канадската ма­кедонска православна епархија, во црквата „Свети Климент Охридски“, во космополитскиот прекрасен град Торонто, Канада.

Оттогаш до денес со внимание ја следам неговата плодотворна и бериќетна творечка деј­ност, за која повеќепати сум се изјаснил. Еден од овие прекрасни мигови била и промоцијата на монографијата за Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ од Торонто, којашто била извршена во ис­­тоимената црква во 1994 година. Еве и денес ја имам таа посебна чест и задоволство, драги браќа и сестри по Господа, да зборувам за уште едно негово животно дело на­словено „Македонците во САД и во Канада“. Ова дело кон крајот на ми­натата година, поточно на патрониот празничен ден на свети Климент Ох­ридски ја доживеа својата промоција во Торонто, а потоа и во Детроит, два­та големи центра на македонската дијаспора на северно­аме­ри­­кански­от континент.

Оваа двојазична публикација, на македонски и на англиски, претставува круна на богатиот книжевен опус на господинот Славе Катин, по­светен на иселеништвото, сублимиран во повеќе од 20 тематски изданија, во кои се осветлува животот и импресивните активности на Македонците во САД и во Канада, како и нивната одисеја за опстој во новите средини, но и за совладување на предизвикот на носталгијата за својата родна и мила татковина Македонија.  

Всушност, Црквата е оној спиритус мовенс во иселе-ништвото кој ги обединува нашите ма­ке­дон­ски чеда во Господа, ги мотивира и инспирира во севкупното жи­ве­ење. Тие жи­веат со вербата и со аманетот за вечно обединување како народ за себе и за сите идни македонски рожби.  На крајот од моето скромно излагање сакам да нагласам дека прив­лечноста на делото „Македонците во САД и во Канада“ од господинот Сла­ве Катин се разликува од другите публикации на оваа тема, по тоа што Катин му приоѓа на иселеништвото од еден подруг агол. Тоа е от­кри­вањето на при­чините, а не само на околностите за појавата и ге­не­зата на овој фе­номен.

Тој не го третира тоа како гола статистика, ту­ку го  доживува како река која незапирливо тече, но и како планетарна појава која ги облагородува државите во кои Македонците свиле ново гнездо. Кај Катин исе­леништвото пулсира со живот, тој живее со него, ја чувствува ди­на­ми­ката на сите овие простори, зашто македонските иселеници создаваат нови релации и нова клима во односите на САД и Канада со дедовската земја Македонија, зацврстувајќи ги мостовите на севкупната соработка.

Најискрено ви го препорачувам ова значајно и обемно дело од почитуваниот господин Славе Николовски-Катин, како непресушен извор за вистината на животот, развојот и растежот на македонските иселеници, организирано преку македонските иселенички асоцијации.

Посебно треба да се нагласи плодната дејност на македонските православни цркви и културно-просветни друштва во состав на Американско-канадската македонска православна епархија, на нашиот голем делател и творец на голем број трудови од оваа област со најискрени братољубиви чувства на најдлабока почит молитвено му посакуваме Господ да му дарува многудецениско до­л­го­ле­тие, да го следи Божјиот благослов со одлично здравје во сите денови од неговиот живот и создавање на уште вакви и слични добри дела. Затоа што живеењето без создавање на добри и трајни дела за својот народ, за својата Татковина и својата Света црква, не е живе­е­ње!“, истакнал почитуваниот митрополит на Македонската православна црква, господин Кирил.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ МАКЕДОН

 

На прво место

News image

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи изгореа за некој да произв

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи из...

Историја

News image

Македонска федеративна организација

Македонската федеративна организација, позната како Македонска федеративна револуционерна организаци...

Иселеници

News image

ЊУЈОРК – ГРАДОТ НА ЖИВЕЕЊЕТО НА георги (ЏОРЏ) томов - i ДЕЛ (7)

Денес Њујорк е најголем центар на американската меѓунаро...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ГОЛЕМАТА БИТКА ЗА ГРАДОТ ТИР И ЗНАЧАЈОТ ЗА ИДНИНАТА НА ОСВОЈУВАЊЕТО НА АЗИЈА ЗА АЛЕКСАНДАР (10)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе  претставим...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.