Среда, 17 Ноември 2021    PDF Печати Е-пошта
СЕ ОДРЖА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „21. ПЕЛАГОНИСКИ КУЛТУРНО - НАУЧНИ СРЕДБИ“ ВО НОВАЦИ

1les12

На 13. Ноември 2021 година во Новаци се одржаа „21. Пелагониските културно-научни средби“, на кои беше доделена наградата “Повелба за животно дело“ на проф. д-р Златко Жоглев и наградата “Златен клас за македонски вознес“ постхумно на поетот Панде Манојлов.

Манифестацијата „Пелагониските културно-научни средби“, се формирани во 2000 година во Општина Новаци. Носители на активноста се познати писатели и научни творци кои со својот личен труд дале и даваат особен придонес за опстој на истите. Овие средби се од големо значење за Општината Новаци, за Битолскиот крај и во целост за зачувување на културно-научното наследство во Македонија. Се одржуваат секоја година, вообичаено во првата половина на месец октомври.

Иницијативата за формирање на манифестацијата „Пелагонски културно-научни средби“ при Општина Новаци, Битолско, потекна од група ентузијасти: писатели, научни работници и културни творци, кои имаат желба да придонесат во афирмацијата на литературните, културните, образовните, историските, фолклорните, археолошките, етнолошките и сите други можни вредности, создавани на почвата на оваа општина или создадени и се создаваат од личности кои потекнуваат од неа.

Оваа иницијатива е озваничена на 20 септември 2000 година во Матичната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Битола, кога официјално се конституира нејзиниот иницијативен одбор и кога е избрано раководното тело на Средбите, Извршниот одбор.

Извршниот одбор ја организира Првата пелагонска културно-научна средба, која се одржа на 5 и 6 мај 2001 година во мнастирот „Свети Ѓорѓија“ над живописното село Паралово,

Општина Новаци ја продолжува традицијата долга 21 година како домаќин на „Пелагониските културно-научни средби“. Како резултат на оваа научна манифестација низ годините произлегоа многу трудови и научни зборници. Градоначалникот  на Oпштина Новаци, Стевче Стевановски  како домаќин свечено го отвори овај настан и на присутните им порача дека општината секогаш ги поддржувала и ќе продолжи да ги поддржува и во иднина.

„Овие средби имаат традиција во Oпштина Новаци веќе 21 година и оваа традиција ќе ја продолжиме и понатаму. Особено се значајни од 3 аспекти и тоа: истражувањата во областа на културата, историјата и книжевното творештво, презентација на научни трудови и афирмација и поддржување на жените автори и младите дејци“, истакна Стевче Стевановски, градоначалник на Oпштина Новаци.

1les123

Инаку, манифестацијата  „Пелагониските културно-научни средби“ ја раководи Совет од повеќе легално избрани личности. Членови на Советот се познати писатели, поети, универзитетски професори и бројни научни творци. Советот на своја седница го анализира творештвото на секој автор. На најстарите и заслужни автори им се доделува  „Повелба за животно дело“. .Овогодишен добитник нанаградата “Повелба за животно дело“ е  проф. д-р Златко Жоглев.

Во 2018 година Советот донесе одлука за воведување на посебно признание „Златен клас за македонски вознес“ кое, вообичаено, се доделува на познати автори кои со своето творештво го афирмираат македонскиот јазик и култура во странство. Овогодишен добитник на признанието „Златен клас за македонски вознес“ постхумно му беше доделено на поетот Панде Манојлов.

По својата содржина и значење, „Пелагониските културно-научни средби“ одамна ги надминале локалните рамки. Овие средби со своите прилози ја збогатуваат и осветлуваат содржината на овој крај како културно-историска ризница. Во содржината на  овие средби се вградиле и се вградуваат многу познати имиња од  Република Македонија што претставува едно големо богатство за културната историја не само на Општина Новаци, но и на цела Република Македонија.

Градењето на мостови на пријателство и соработка е макотрпна, но благородна работа. Мостовите секогаш го поврзувале она што е разделено. Затоа, сите сложно, без разлика на верска, национална или каква и да било друга припадност, на „Пелагонските културно-научни средби“ си подаваат раце едни на други и  градат бескрајни пруги, за да се премостат сите реки и мориња, да се направат мостови, за да врват по нив сите добри луѓе.   

Манифестацијата „Пелагониските културно-научни средби“ успешно ја продолжува својата работа благодарение на големиот ентузијазам на голем број творци и поддржувачи што се добива од Општина Новаци. Во овие 21 година опстојување на  „Пелагониските културно-научни средби“, меѓу другите, треба да се нагласи  безпрекорнара посветеност на претседателите:  д-р  Цане Здравковски, Благоја Таневски, Ѓорѓи Лазаревски и актуелниот претседател  д-р  Весна Калпаковска.

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи изгореа за некој да произв

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи из...

Историја

News image

Македонска федеративна организација

Македонската федеративна организација, позната како Македонска федеративна револуционерна организаци...

Иселеници

News image

ЊУЈОРК – ГРАДОТ НА ЖИВЕЕЊЕТО НА георги (ЏОРЏ) томов - i ДЕЛ (7)

Денес Њујорк е најголем центар на американската меѓунаро...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ГОЛЕМАТА БИТКА ЗА ГРАДОТ ТИР И ЗНАЧАЈОТ ЗА ИДНИНАТА НА ОСВОЈУВАЊЕТО НА АЗИЈА ЗА АЛЕКСАНДАР (10)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе  претставим...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.