Среда, 24 Ноември 2021    PDF Печати Е-пошта
ОСВРТ НА АКАДЕМИК БЛАЖЕ РИСТОВСКИ ЗА ДЕЛОТО НА КАТИН „МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА“ (20)

1bla9

ШТО РЕКОЈА ИСТАКНАТИ ЛИЧНОСТИ ЗА ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН 

На промоцијата на делото „Македонците во САД и во Канада“ што се одржала на 16 април 2003 година во Народната и универзитетска библиотека „Свети Климент Ох­ридски“, во Скопје, свое излагање под наслов „И Катин како Мисирков, предупредува!“ имал академик Блаже Ристовски. Тој во своето излагање го истакнал  следното:

Минатото столетие се карактеризира со големо индиви-дуално и се­мејно раселување на луѓето. Токму Македонија ја снајде судбината да ја за­губи и територијалната и етно-историската целост, да создаде најпосле своја држава на едно делче од својата земја, но како народ Македонците да живеат во мнозинство надвор од сопствената државно-консти­туи­ра­на татковина. Славе Катин како мото на својата најнова книга ги по­ста­вил знаменитите зборови на Џон Кенеди со прашањето: Што сме сто­ри­ле ние за татковината?

За жал, ние направивме огромно многу, и што е уште пожа-лно, и на­­таму ја интен-зивираме таа работа: крвавевме за сопствената сло­бо­­­да, се боревме за својата држава, но дозволивме други да ни ја раководат бор­бата, други да ни ја кројат националната програма, а ние да бидеме са­мо егзеку-тори на сопствената судбина. Кренавме најмногу осло­бо­ди­тел­ни вос­­танија на Балканот, но секогаш со недокрај јасно поставени цели и за­дачи. Нашите водачи се поставија во услуга на туѓи перспективи. Нај­по­сле, време е да си го поставиме нашето огледало пред нас и да по­глед­неме: Каде и зошто сме оделе во новата историја и каде сме стиг­нале?

Се заканивме и годинава да ја одбележиме стогодишнината од ма­кедонската државност, заборавајќи дека во последниве децении нај­све­чено, со сите државни почести прославивме неколку стогодишнини на ма­к­едонската државност! Но, уште не сме кадарни државно да се орга­ни­зи­раме, па само парцијално, одвреме-навреме ќе се појави по некоја (по­ве­ќе лична или институционална) иницијатива со заглушен глас за сто­годишнината. И, пак, недвосмислено, недржавнички, сим­пто­ма­тично ука­жу­вачки.

А токму пред сто години големиот и видовит Ми­сир­ков нѐ пре­ду­преди: Македонци, освестете се и обединете се околу една нацио­нал­на програма, оти инаку нѐ загрозува сигурното раз­гра­бување и уништу­­ва­ње! Ние сѐ уште изгледа не   умеaвме да го слушнеме тој пре­ду­преду­вач­ки глас.

Наши луѓе го помогнаа и го потпишаа делењето на народот и тат­ко­вината. Наши лидери дозволија да бидат водени во судбоносните ис­то­риски моменти. И денеска - наши умови, пак, се ставија во туѓа услуга и во служби на силните на денот со наши (макар и правно неповикани и умствено некомпетентни) раце го потпишаа и го изгласаа раздр­жа­ву­ва­њето на македон-ската држава. Па каде да ги бараме виновниците?

Го но­севме светот со сопственото тело, а ја оставивме разнебитена тат­ко­вината, секојдневно да не се празни и да не се однародува, други сто­пани да не се одомаќинуваат... Ќе даде ли некој конечен отчет и за своето благоутробие?

А Славе Николовски-Катин денеска ни поднесува еден пре­кра­сен регистар на „успесите“ на раселените Македонци во САД и Канада. Овој ­пат не и за оние во Австралија, Нова Зеландија и по цела Европа... И тој, како Мисирков пред сто години, инди-ректно ни укажува: Македонци, свестете се, оти ќе нѐ снема!

Славе Катин ја проследува „иселеничката голгота“ како судбина на Македонија, зборува за историјата, но и за сегашноста, за маке­дон­ското организирање во минатото, но и за она злокобно дезорганизирање денеска, кога туѓи прсти џбуркаат во душите на Македонците и овде и во дијаспората. Катин пишува за македонските цркви и манастири, но и за оние „под туѓа јурисдикција“.

Пишува за успесите на Македонската пра­вославна црква во организација на црковно-духовниот живот на исе­ле­ните Маке-донци, но со директна или индиректна рефлексија на она што ни се случува во Светиклиментовиот храм надвор, ама и овде, дома...  Има ли освестување и осознавање што ни се случува?

Славе Катин не е единствен на ова широко поле. И пред него и со него има и други македонски истражувачи, опишувачи и патриоти што веќе оставиле свој придонес во општата културно-национална историја на Македонците во светот. Но, токму тој Славе Катин, со оние 20-тина нам познати разновидни репрезентативни изданија, веројатно во овој момент е најконти-нуираниот и најсеопфатниот обопштувач на вистинската слика на македонското иселеништво и не само во САД и Канада.

Можеби и други ќе се зафатат така вниматено за да ги проследат и македонските иселеници во Австралија, Нова Зеландија, Европа, но и во Јужна Америка, па и по другите континенти. Светот треба да знае за нас не само овде, во оваа држава што ние со своја крв ја создадовме и сѐ уште  велиме и ја сметаме македонска. Особено со изданија како ова, пара-лелно на ма­ке­дон­ски и на англиски и со многу автентични, главно, колоритни илу­стра­ции. А на задната корица дури и картата на Македонија од март 1913 го­дина од монументалниот национален деец Димитрија Чуповски. Колку за да се знае. Па нека им е честита и оваа историска скица за Маке-донците во САД и Канада на неуморниот Славе Катин и „Македонска искра“ нека бувне во силен пламен за да ја освет-лува вистината за Македонците во светот истакнал академик Блаже Ристовски.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

 

На прво место

News image

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи изгореа за некој да произв

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи из...

Историја

News image

Македонска федеративна организација

Македонската федеративна организација, позната како Македонска федеративна револуционерна организаци...

Иселеници

News image

ЊУЈОРК – ГРАДОТ НА ЖИВЕЕЊЕТО НА георги (ЏОРЏ) томов - i ДЕЛ (7)

Денес Њујорк е најголем центар на американската меѓунаро...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ГОЛЕМАТА БИТКА ЗА ГРАДОТ ТИР И ЗНАЧАЈОТ ЗА ИДНИНАТА НА ОСВОЈУВАЊЕТО НА АЗИЈА ЗА АЛЕКСАНДАР (10)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе  претставим...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.