Среда, 24 Јануари 2024    PDF Печати Е-пошта
ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И АКТИВНОСТИТЕ НА АКАДЕМИК СИНИША СТАНКОВИЌ (5)

1aus3

Поради неговата забележителна активност, беше запишан како подржувач, како наклонет кон „движењето на лево“ во сите полициски книги. Затоа, уште во 1941 година, во почетокот на окупацијата, беше затворен и спроведен во злогласниот логор на Бањица. Меѓутоа, по извесен период беше пуштен и тој повторно ја почна својата револуционерна активност. Имено, тој работеше илегално, беше вклучен во народноослободителното движење и стана член на Главниот народноослободителен одбор на Србија.

Потоа, повторно е затворен во 1943 година и спроведен во логорот на Бањица, каде што беше осуден на смрт и чекаше да се изврши стрелањето. Меѓутоа, пред падот на фашистичка Германија, успеал да побегне од логорот и живеел во илегалство.

Професорот д-р Синиша Станковиќ е забележан со крупни букви и во историските мигови на земјата: рано наутро, на 29 ноември 1945 година, претседателот на Министерскиот совет, маршалот Јосип Броз Тито, воодушевено поздравен од сите присутни, влезе во зградата на Народното собрание каде што го започна историскиот чин, испишувајќи ја новата страница од историјата на Југославија.

Од Сојузното собрание и Собранието на народите пристигнал предлог за прогласување на Федеративна Народна Република Југославија. Попладневната седница била отворена точно во 17:25 часот. Во големата сала биле присутни сите пратеници. Претседавачот Владимир Симиќ, тогаш претседател на Сојузниот совет на Сојузното народно собрание, го означил почетокот на заседанието. Потоа, му дал збор на д-р Синиша Станковиќ, кој полека го прочитал текстот на Декларацијата:

„Демократската Федеративна Југославија се прогласува за народна република под името Федеративна Народна Република Југославија! Федеративна Народна Република Југославија е сојузна народна држава од републички карактер, заедница на рамноправни народи, кои слободно ја изразија својата волја да останат обединети во Југославија. Со оваа одлука, конечно, од името на сите народи на Југославија се укинува монархијата на Југославија, а кралот Петар Караѓорѓевиќ, со целата династија Караѓорѓевиќ, се лишува од сите права кои им припаѓаа.“

Пратениците станаа. „Дали се прима Декларацијата со акламација?“ – праша претседавачот. Во тие моменти, во големата сала се разнесе аплауз, се слушна извикувањето: „Се прима!“ Потоа, од неколкуте стотини грла одекна химната „Хеј Словени“.  

По последните акорди на химната, се слушна гласот на претседавачот Симиќ: „Од денес почнува да живее Федеративна Народна Република Југославија!“

Така, во тоа предвечерје на 29 ноември 1945 година, всушност, е означена и зората на нова Југославија.

1aus33

Охридското Езеро

Познатиот ботаничар и универзитетски професор, д-р Милорад Јанковиќ, меѓу другото, го рекол и следново за професор д-р Синиша Станковиќ:

Професорот Станковиќ го познавам уште од 1945 година. Дојде од логорот и веднаш по ослободувањето почна да ја организира научната дејност во нова Југославија. Се знае дека го формира Хидробиолошкиот завод во Охрид и Институтот за екологија и биогеографија, меѓутоа малкумина знаат дека тој е еден и од основоположниците на Океанографскиот институт во Сплит.

Белградскиот универзитет немаше подобар предавач од него. Многумина го нарекуваа “Синиша златоуст“. А, како поинаку поради неговата извонредна дикција и глас и со дарба за убедување – цело време го задржуваше вниманието на слушателите. Од професорот учевме како да ги вршиме излагањата. Тој не ни дозволуваше да ги читаме предавањата, туку објаснуваше дека секое предавање е за себе посебна креација што ја сметаше од исклучителна важност.

Беше еколог од модерен тип. Неговите замисли и хипотези се предмет на расправа на подоцнежните еколошки сфаќања. Тој одеше пред времето и затоа неговите колеги често и не го разбираа. 

Постојано укажуваше на комплексноста во изучувањето на животните средини. Неговите кажувања од екологијата беа теоретски збогатени и филозофски интонирани. Ја поврзуваше новата, млада наука со политиката. Се знае дека пред војната, пишувајќи за животниот простор, ја критикуваше геополитичката теорија, за што беше прогонуван, а подоцна беше и уапсен.

Продолжува

1slavek3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.