Среда, 21 Октомври 2020    PDF Печати Е-пошта
Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир

Стари записи

lesnovski-manastirДа се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир, во храмот на архистратег Михаил и на светиот преподобен отец Гаврил Лесновски, пустиножителот, кој водеше испоснички живот на Обловската планина. Така да се знае, кога доаѓаше Лазар при игуменот Исаија еромонах и Филотеј по милоста на Божјата благодет владика Ќустендилски и на други места. Јасно да ти биде на тебе, попе Христо од Кочани – да знаеш за најсветлиот и научениот отец и господин кир Висарион еромонах од Рискиот манастир.

Евангелие од црквата „Св. Јован Крстител“ во Кратово, 16-17 век.

*

Многугрешниот Владислав  ја напиша книгава со своите три прста, што ќе изгнијат.

Запис во светигорскиот манастрир „Св. Павле“.

*

Ова е Ѓурина рака, ваа книга Божествен пенегирик ја напишав во град Кратово, јас, ероѓаконовиот ученик. Бог да го прости во своето царство навек, амин. Свештеник, ѓакон, дијак или прост, ако некој го земе да препишува или да чита, коленички ви се молам, исправувајте, а не колнете, а вам Бог да прости, амин.

Пенегирик од Кратово, 15 век.

*

Бог да ја прости и помилува калуѓерицата Теодосија во овој век и во идниот, бидејќи сакаше апостолско житие. Таа ни носеше благини за јадење и ни беше утеха; зашто голема мака ме налегна, пишувајќи по цел ден; таа ме напои со вино и очите ми се оправија, а рацете закрепнаа. Кој ќе прочита да каже: Бог да ја прости навек, амин, амин, амин. Простете, а вам Бог да прости.

Скопски минеј, 1420 г.

*

Јас смирениот еромонах Филимон од Злетовската област, во храмот „Свети Никола“ во местото Воинег ја напишав оваа книга при преосвештениот Морозвидски епископ господин Матеј.

Оние што ќе читаат, пеат или препишуваат, старите како татковци ги молам, врсниците како браќа, а младите како свои деца и коленичам (пред нив) ако не со рака барем во говорот да исправуваат поради љубовта Христова и нас, кои грижливо се трудевме за ова. Благословувајте не, та и вие да се здобиете со ова Валамово, изречено кон Израил: Благослови ги оние што те благословуваат и проколни ги оние што те проколнуваат, и: Дојдете сите што сте благословени од мојот Отец, за да го наследите приготвеното за вас царство, та во него да живееме заедно славејќи го Отецот, и Синот и Светиот Дух и сега и секогаш и во вечни времиња.

Псалтир од Лесновскиот манастир, 16 век.

*

Оваа книга започнав да ја пишувам во првиот ден од месец ноември, при егуменот Гаврил и еклисијархот Матеј во манастир Сарандапор, јас смирениот и грешен еромонах Онуфрие.

Ракопис од манастирот Лепавина.

*

Ова го пишуваше Никифор, митрополит на град Скопје.

Скопско четвороевангелие, 15 в.

*

Нека се знае кога дојдов јас, архиепископот господин Гаврил, во „Богородица Црногорска“, и како ми ја дадоа оваа Литургија за благослов. И тогаш, во месец јуни, 11 ден на владиката господин Филип во Скопската епархија.

Печатена Литургија од манастирот Матејче.

*

По волјата на таткото и со помошта ма Синот и со извршувањето на Светиот Дух, ова свето божествено евангелие го приложи еромонах Макарие во храмот на светите небески сили,, архистратизите Михаил и Гаврил, во подножјето на Лесновската гора, во манасторот наречен Лерсново; и кој ќе ја одземе од (манастирот) на светиот архангел или некаде да ја  скрие, или да ја продаде, или надвор да ја изнесе, да биде проклет од Богот седржател, и да биде поразен со силата на чесниот крст, и да го посечат светите архистратизи Михаил и Гаврил, и да му е соперник светиот отец Гаврил, и да е проклет од 318 свети никејски отци и непростен од мене грешниот, ни во овој век, ни во идниот. И којшто приложи, Бог да го прости.

Од книгата „Стари записи“ од Ѓорги Поп-Атанасов,  Скопје 1996.

Подготви: Марко Китевски

 

На прво место

News image

Ламбе Арнаудов избран за член на Претседателство на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ

Ламбе Арнаудов избран за член на Претседателство на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ

Историја

News image

Извештај за бомбашките напади на Солун во американскиот весник „The St. Louis Republic“ од 9 август 1903 година

„Сцена на улица во Солун веднаш по поставувањето динамит на Отоманската банка. Овој криминал, како п...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОГРАФИЈАТА „СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ“ ОД ТОРОНТО

Во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Ско...

Култура и туризам

News image

ОД ИЗРАЗОТ МЕСИЈА – ПОМАЗАНИК – ДО ИЗРАЗОТ МУЗИКА (25)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, з...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (48)

„ЕВГЕНИКА“ ВО СПАРТА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.