Среда, 19 Февруари 2020    PDF Печати Е-пошта
Јосиф Михајловиќ – Јурукоски /1887 – 1941

135

Јосиф Михајловиќ – Јурукоски /1887 – 1941 /

Јосиф Михајловиќ е роден во селото Тресонче (28 мај 1887 год.) од татко Михајло( Мијалче) и мајка Христина. во семејство на ѕидари и зографи. Бил од родот Јуруковци. Малиот Јосиф се описменил во манастирот “Свети Јован Бигорски”, а поради работата на татко си во реонот на Скопска Црна Гора, целата фамилија на Јосиф, кога тој имал само шест години, се преселила во скопското село Кучевиште. Живеел во бурно време на војни. Учествувал во  балканските војни (1912, 1913), а потоа и во првата светска војна (1918 год.).

Дипломирал на архитектонскиот отсек при Високата техничка школа во Белград 1910 год. Прва работна задача  во 1911 година му било вклучувањето во тимот што ја проектирал зградата на Академијата на науките и уметностите на Србија и на градската палата на градот Белград. Потоа патот го однел во Америка, каде останал до крајот на војната. На американскиот континент се стекнал со титулата инженер-архитект и сосема длабоко навлегол во американските политички концепти. По враќањето од Америка заминал на доспецијализација на Универзитетот во Сорбона (Франција), на Институтот за урбанизам, а заминал на уште повисоко специјализирање и во Лондон.

136

137

Се појавува како соосновател на белградската фирма „ФЕНИКС”,  и бил вклучен во изградбата на железничките пруги Ужице-Сараево и Велес-Прилеп. Во 1929 година, бил назначен за градоначалник на Скопје (претседател на скопската општина), каде останал на должност до 1936 година. По мал прекин повторно ја зел истата функција на која останал до крајот на својот живот.

138

За време на својот, речиси, 10 годишен мандат својата активност ја насочил кон модернизација на Скопје и неговото комунално уредување. На почетокот на  1929 година го направил Генералниот регулационен план на Скопје според идејниот план на Димитрије Т. Леко од 1914 година и извршил геодетски премер на градот.

139

По усвојувањето на  планот во 1930 година, се посветил на остварување на замисленото. За потребите за електрична енергија на градот, ја изградил термоцентралата под Кале. Свесен за иднината на Скопје, и невозможноста истата да се развива без ел. енергија ја започнал и изградбата  на хидроцентралата  Матка. За таа цел ја изградил прво браната на реката Треска. Во истиот период почнува изградбата на водоводот Рашче, што претставува исклучителен градителски зафат од областа на комуналиите. Во неговиот мандат се градат повеќе училишта и мнозинството капитални објекти, препознатливи како скопски белези. Меѓу нив и Народното Собрание, Општинската зграда,  Градската Болница,  Хигиенскиот завод, Заводот за социјалното осигурување, Старата железничка станица, Народната Банка, Трговско-индустриската комора ( Метропол), Лекарската Комора, Домот на сојузот на инженерите и архитектите, Офицерскиот дом, Конзервната фабрика „Вардар”, бетонските мостови на Вардар и многу други.

140

Со цел да го заштити Скопје од поплави, го изградил насипот на Вардар во градскиот парк, како и го регулирал течението на Серава низ Чаир и Топана кои биле често поплавувани.

Се занимавал и со архитектонско проектирање. Негови реализирани проекти се:

1930 год.- Црвен Крст – Скопје,

1412

1936 год.-Станбена зграда п+3, на аголот на улица „Раде Кончар” и „Дебарска”, во Скопје,

1939 год.-Фабриката за текстил на патот кон Куманово (индустриска зона Скопје)

1939 год.-Сопствената индивидуална куќа ( Македонска куќа, денес Албанска Амбасада)

1421

1939 год.-Јавната берза на трудот на бул. „Кочо Рацин”

1431

Починал на оперативна маса во скопската клиника за време на хируршка интервенција за вадење на слепото црево. Официјалниот медицински извештај вели дека при операцијата настанале компликации и лекарите не можеле да го спасат. Но, во тогашните демократски кругови кои биле против политиката на зближување со Хитлер, преовлеадало мислењето дека поранешниот градоначалник бил отруен од фашистите, после еден говор пред царот Александар I на скопската железничка станица, каде наводно кажал неколку работи што не ги бендисале властите. Ваквата претпоставка била отфрлена од тогашната медицинска комора, а негативен став по однос на таа можност има и неговото семејство кое денеска живее во Белград.

Тресончанецот Јосиф Михајловиќ починал на 11 март 1941 година. Погребната поворка ја следеле повеќе од 15 илјади скопјани, церемонијата траела околу 5 часа, а проштални говори за живот и делата на Јосиф одржале повеќе од 20 лица

Овој градоначалник на Скопје, по потекло мијак , род со докажани градителски способности, е најуспешниот градски татко во поновата документирана историја на градот. За жал,  за таткото на модерното Скопје, граѓаните скоро и да не чуле. Се надеваме дека неговото име и дело, ќе биде повеќе афирмирано меѓу македонската јавност.

Голем дел од податоците се позајмени од книгата „Градителите на Македонија XVII-XX век”, од проф. Георги Константиновски, со личнo одобрение на авторот, како и слободната енциклопедија Википедија.

http://marh.mk/

 

На прво место

News image

Децата во Македонија ќе учат дека Александар Македонски бил Грк, а Македонците Илири

Учебниците по историја во Македонија ќе се преправаат и во нив изричито ќе биде наведено д...

Историја

News image

Заедничка изјава меѓу Јосип Броз Тито и Тодор Живков-(јануари 1976 година)

“Претседателот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и претседател на Сојузот на комун...

Иселеници

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (13)

VI ДРЕВНА МАКЕДОНИЈА ВО ПРАИСОТИРСКИОТ ЕГЕЈ (ДЕЛ III)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.