Среда, 08 Јули 2020    Печати
Кара Ташо

1a1vКара Ташо

Атанас Караташо (1850 – 25.VIII 1906) е македонски револуционер и воденски војвода на Македонската револуционерна организација. Во 1903 година учествувал во Илинското востание и водел повеќе битки со андартските чети на грчата вооружена пропаганда. Познат е уште како Кара Ташо, Ташо Островски, Брадата.

Кара Ташо е роден во 1850 година во воденското село Острово. Тој се приклучи на Македонската револуционерна организација во 1902 година и бил назначен за војвода во регионот на Воден. Негов секретар бил Димитар Занешев.

Атанас Караташо кој бил познат уште како Кара Ташо, Караташо, Ташо Островски, Атанас Брадата, во 1903 година учествувал како воденски војвода во Илинденското востание. Тој со својата чета учествувал во голема битка во областа на Пожарски Дол, која е испеана во песна.

По востанието, Кара Ташо дејствувал како подвојвода на воденскиот војвода Лука Иванов. Во овој период покрај теророт на турска војска и башибозук, дошло до зголемување на активностите на грчката вооружена пропаганда. Најчесто во договор со турските власти, се зголемиле злоделата на андартските чети врз македонското население.

Во овој период, додека андартите ги тероризирале и убивале Македонците, единствени заштитници на македонскиот народ биле четите на Македонската револуционерна организација, што довело до голем број на судири меѓу македонскте и грчките чети.

Кара Ташо бил одговорен за заседата на грчкиот андартски капетан Епаминондас Гарнетас, кој, на 26 ноември 1904 година, извршил напад врз воденското село Техово. Тој по два дена од нападот, ја пречекал андартската чета кај Саракиново и Долно Родиво, Во битката која се развила, андардите биле поразени и побегнаа во селото Полјани.

Со огледн на повеќе предавствата од страна на заведени лица, кои застрашени или за пари ја довеле во прашање безбедноста на македонските револуционери, меѓу македонскте војводи било договорено ваквите лица да се казнуваат.

Така, Кара Ташо, по претходни испитувања и докажување на соработката спровел некои казн. Покрај извршената казна на бабата Радивка, која двапати извршила предавство, во мај 1905 година, четата на Кара Ташо се префрли во соседната област Мариово и во селото Ивени ги казнил соработниците на андартите.

По извршеното предавство, на 25 август 1906 година, кај каракачанските колиби во близина на селото Зборско, дошло до битка со андартите на грчкиот капетан Константинос Гарефис. Во битката бил убиен гркот Гарефис, но од здобиените рани починале војводите Кара Ташо и Лука Иванов.