Среда, 09 Јуни 2021    PDF Печати Е-пошта
Елпида Караманди

1kara12345 Елпида Караманди

Елпида (Пида) Караманди (1. I 1920 - 3. V 1942) е македонска револуционерка, комунист, учесник во НОБ и народен херој. Била учесник во македонското студентско движење на Белградскиот универзитет во 1938 година. Член на СКОЈ е од 1939 г., а  на КПЈ од јуни 1941 г. Извесен период била ангажирана во партиската техника на МК на КПЈ во Битола. По апсењето од бугарската полиција, поради немање докази, била ослободена. За да го избегне натамошното полициско проследување, преминала во илегала. Како борец на Битолскиот народноослободителен партизански одред „Пелистер“, во борба кај Лавчанската Корија, против бугарската војска и полиција била тешко ранета и заробена. За да го заплашат населението, врзана за запрежна кола таа била влечена по битолските села, по што и починала.

Елпида Караманди Ставрева (псевд. Бисера и Нада) е родена на 1 јануар 1920 година во Лерин. Нејзината мајка се премажила и се преселила во Битола, каде што Елпида живеела од раното детство. Во Битола завршила гимназија. Уште додека учела во гимназија, таа била политички активна. Поради нејзината активност станала популарна меѓу битолската младина.   

Во 1938 година Елпида заминала на студии во Белград. Меѓу напредните студенти имало многу ученици од битолската гимназија која таа ги познавала. Дружејќи се со нив таа се приклучила на македонското студентско движење на Белградскиот универзитет.

Во 1939 година таа била примена во СКОЈ. По капитулација на Кралството Југославија во април 1941 година, Елпида работела на подготовките за вооружена борба. Во јуни истата година била примена во КПЈ.

Извесен период Елпида била ангажирана во партиската техника на МК на КПЈ во Битола. Нејзината партиска активност била забележана од окупаторот и била уапсена од бугарската полиција. Но, поради немање докази, била ослободена. Свесна дека ја следат, таа за да го избегне натамошното полициско проследување, преминала во илегала.

Во јануари 1942 година, Елпида била избрана за член на ПК на СКОЈ за Македонија и во април истата година заминала како борец на Битолскиот народноослободителен партизански одред „Пелистер“.

Но набргу, на 3 мај 1942 година, одредот бил опколен од бугарската полиција и војска. Во борбата на одредот кај Лавчанската Корија, кај битолското село Лавци, Елпида Караманди, била тешко ранета и заробена. За да го заплашат населението окупаторот ја влечел врзана за запрежна кола по битолските села, при што починала.

Смртта на Елпида Караманди, позната под псевдоми,ите, Бисера и Нада, била опеана истата година во народната песна „Нада студентката за народ загина, за народ загина – за Македонија.“

За Народен херој на Југославија е прогласена на 11 октомври 1951 година

 

На прво место

News image

Македонија – Голи Оток за Македонците

Тешко се движи проколнатиот “Пунат” кон крајната дестинација Голи Оток. Тажното брчење на ...

Историја

News image

Повик за Илинденското востание

Повик за Илинденското востание

Иселеници

News image

ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА „ИЛИНДЕНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“ ВО ЉУБОЈНО (18)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

News image

По стапките на Месијата (9) 14 станица е посебна црква во која се наоѓа Христовиот Гроб

Црквата на Светиот гроб- Гробот на Христа Под големата ротонда на Црквата Светиот Гроб, направена е...

Фељтон

News image

ОДНОСОТ НА АТИЊАНИТЕ, ТРАКИЈЦИТЕ И ДРУГИТЕ АНТИЧКИ НАРОДИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ (21)

Она што започнало како интереси на Атина во егејското крајбрежје за да се заштити Ба...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.