Среда, 15 Октомври 2014    Печати
ОТСЕЧНО САМО – НЕ!

ivan-trposki

Протерајте ме на четиримеѓјето
од најизмачената земја на светот
таму безгревно убијте ме
смрттно стрелајте во мене
со железните свитила
изрешетајте ги непомирлививе гради
нека прска крв по земјата маченичка
ум нека се просипа
душа нека лета
не
јас не се откажувам од таа земја
од таа пепел
од таа маченичка арена
пресечете ме како јаболко
на четиримеѓјето од распарчената земја
на четири парчиња
за четирите делови на татковината.

Иван Трпоски