Среда, 02 Октомври 2013 03:00 |
|
|
|
|
Михаило Пупин
|
Во Македонија малкумина знаат дека светски познатиот научник Михајло Пупин, еден од великаните на физиката и електротехниката, кој дал особен придонес од областа на телекомуникациите, радиотехниката и радиологијата, има македонски корени.
|
|
Среда, 25 Септември 2013 03:05 |
|
|
|
|
Борко Лазески
|
Борко Лазески (22. X. 1917 - 16. VI. 1993) е македонски академски сликар, педагог и учесник во НОБ. Имал пресудна улога за осовременувањето на фреско-сликарството и воопшто за процутот на монументалната уметност.
|
|
Среда, 18 Септември 2013 09:04 |
|
|
|
|
Милан Матов
|
Милан Апостолов Матов (8. XI. 1875 – 21. V. 1962) е македонски револуцинер и учител, учесник во Илинденското востание, војвода, брат на Христо Матов. Во 1900 се вклучил во Македонското Револуционерно Движење, а во текот на Илинденското востание дејствувал во Струшко.
|
|
Среда, 11 Септември 2013 03:00 |
|
|
|
|
Коста Веселинов
|
Коста Веселинов (1908 – 19. IX. 1942) е македонски културно-национален деец, правник, историчар и публицист. Тој е еден од македонските дејци кои активно работат на проучувањето на македонското национално минато, посебно на континуитетот на македонската национална свест и борбата за национална слобода. Неговата брошура „Преродбата на Македонија и Илинденското востание“, преведена на македонски во 1944 година, станува прв учебник по историја во отворените македонски училишта.
|
|
Среда, 04 Септември 2013 03:00 |
|
|
|
|
Владимир Каваев
|
Владимир Каваев (1880 - 1931) е македонски лекар, хирург, учесник во Октомвриската револуција. Бил личен пријател и соработник на В. И. Ленин и работи како главен лекар на Петроградската околија. По враќањето во Македонија, истата година станал градоначалник на Струга (1923 – 1927), каде има особени заслуги за сузбивањето на маларијата.
|
|
Среда, 28 Август 2013 12:31 |
|
|
|
|
Натаниел Кучевишки
|
Натаниел Кучевишки, познат уште како Охридски-Пловдивски или Натаниел Зографски, со световното име Неделко (Нешо) Стојанов Бојкиќев (26. Х. 1820 – 18. IX. 1906) е еден од најшколуваните црковно-литературни и револуционерно-национални дејци во XIX век. Учествувал во црковната борба против грчката Цариградска патријаршија и се залагал за обновување на Охридската архиепископија. Натанаил станал егзархиски митрополит, кој активно го помагал македонското револуционерно ослободително движење.
Натаниел Кучевишки е роден на 26 октомври 1820 година во скопското село Кучевиште, како Неделко (Нешо) Стојанов Бојкиќев. Се школува во родното село (Кучевишкиот манастир), а потоа во Скопје, Самоков и Прилеп. По замонашувањето во Зографскиот манастир на Света Гора во 1837 година, учи во Духовната семенарија во Кишинев од 1838 до 1844 година и во Одеса од 1845 до 1847 година. Потоа како кандидат на бословските науки, од 1847 до 1851 година учи на Духовната академија во Киев.
|
|
Среда, 21 Август 2013 03:00 |
|
|
|
|
Димитар Робев
|
Димитар (Димко) Анастасов Робев (1820– 1890) е македонски преродбеник, поборник за обновување на Охридската архиепископија како автокефална црква и е застапник на идејата за независна Македонија. Како виден претставник на македонското граѓанство во периодот на османлиското владеење во Македонија (богат трговец и крупен земјопоседник), тој бил еден од основачите на Битолската црковно-училишна општина и прв христијански пратеник во турскиот парламент. Помагал околу изградбата на црквите Св. Недела (1863) и Св. Богородица (1871) во Битола и се ангажирал за ослободување од затвор на браќата Миладиновци, како и други македонски дејци.
|
|
Среда, 14 Август 2013 03:25 |
|
|
|
|
Атанас Мурџев
|
Атанас (Тано) Перев Мурџев со псевдоним А. Планински е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација и Македонскиот комитет.
|
|
Среда, 07 Август 2013 03:00 |
|
|
|
|
Анастас Лозанчев
|
Анастас Лозанчев (8. IV. 1870 – 8. XI. 1945) е македонски револуционер, член, раководител и војвода на Македонската Револуционерна Организација. Во јануари 1903 година учествувал на Солунскиот конгрес и бил еден од иницијаторите за донесување одлука за кревање востание. На Смилевскиот конгрес бил избран за член на Главниот штаб на Битолскиот револуционерен округ. Од седумнаесеттемина присутни на Солунскиот конгрес, во востанието учествувале само Лазар Димитров и Анастас Лозанчев, кој оставил спомени за овие настани.
|
|
Среда, 31 Јули 2013 03:00 |
|
|
|
|
Аргир Маринчев
|
Аргир Маринчев (1870 – 31. VIII. 1903) е македонски револуционер, член и војвода на Македонскота Револуционерна Организација. Учествува во Илинденското востание 1903 година и се истакнал во крвавите борби кај Рашанец и Грмешница. За жителите во Охридско тој е пример за храброст и верност кон македонските идеали од Илинденското востание.
|
|
|
|
|
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL |