Среда, 09 Јуни 2021    Печати
Денеска падната на колена, да ги молиш оние кои ги описмени, им ја отвори устата...

1petr123

Стихови за Македонија напишано од Петре М. Андреевски.

Секоја ноќ те сонувам и си велам:

Ееејгиди Македонијо,

некогашна мори славна империјо,

распослана на половина планета,

од Пела па се до Персија, до Индија…

Денеска падната на колена, да ги молиш оние кои ги описмени,

им ја отвори устата и ги научи да речат најпрвин Алфа и Омега…

па Аз, Буки, Веди, па А и Б…

Нив да ги молиш што ги научи дека рибата се јаде,

дека дрвото се калеми и дека човекот се раѓа за да се љуби…

Нив да ги молиш сега, името распнато да ти го остават на 180 километри квадратни…

Тешко ми е Татковино, тешко многу ми е…