Петок, 23 Февруари 2018    Печати
Започна најавениот процес за демонтажа на државата на македонскиот народ

Unbenannt

Почитувани пријатели,почитувани Македонци,

Ви го давам на прочит следниот

П О В И К

Со подмолната ноќна демонтажа на споменикот на Андон Ќосето,актуелната власт го започна најавениот процес за демонтажа на државата на македонскиот народ - Република Македонија.

Ние Македонците сме должни да се спротивставиме на ваквите антимакедонски дејанија.

Да се спротивставиме по секоја цена и на секаков начин.

Да се спротивставиме до целосно сопирање на обидите за демонтажа на нашата држава Република Македонија.

Токму затоа,Извршниот Комитет на МААК донесе одлука и официјално да го повика своето членство,симпатизерите и сите Македонци да дадат поддршка и да се придружат на протестот закажан за: 27 февруари (вторник) во 18.00 пред мисијата на ЕУ во Скопје.

Време е за бескомпромисен отпор,време е за решителна акција. Но,време е и за мудрост и претпазливост за да не се полнат затворите со македонски патриоти само заради нивната несебична љубов кон татковината.

ИК на МААК
Претседател
Страшо Ангеловски