|
||||
Започна најавениот процес за демонтажа на државата на македонскиот народ |
Почитувани пријатели,почитувани Македонци, Ви го давам на прочит следниот П О В И К Со подмолната ноќна демонтажа на споменикот на Андон Ќосето,актуелната власт го започна најавениот процес за демонтажа на државата на македонскиот народ - Република Македонија. Ние Македонците сме должни да се спротивставиме на ваквите антимакедонски дејанија. Да се спротивставиме по секоја цена и на секаков начин. Да се спротивставиме до целосно сопирање на обидите за демонтажа на нашата држава Република Македонија. Токму затоа,Извршниот Комитет на МААК донесе одлука и официјално да го повика своето членство,симпатизерите и сите Македонци да дадат поддршка и да се придружат на протестот закажан за: 27 февруари (вторник) во 18.00 пред мисијата на ЕУ во Скопје. Време е за бескомпромисен отпор,време е за решителна акција. Но,време е и за мудрост и претпазливост за да не се полнат затворите со македонски патриоти само заради нивната несебична љубов кон татковината. ИК на МААК |