Среда, 22 Јануари 2025 02:00 |
|
|
|
|
Александар Малинов
|
Александар Малинов (22. XII 1871 – 6. I 1904) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Бил многу храбар и решител борец. Познат како Сандо Штипјанчето, пред да почине убил 16 турски војници, 1 муљазим и 1 јусбашија
|
|
Среда, 15 Јануари 2025 02:00 |
|
|
|
|
Христо Поп Коцев
|
Христо Поп Коцев (5. I 1869 – 30. IV 1933) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација, учител и публицист. Тој е истакнат деец на македонското револуционерно движење. Бил член на ЦК на ТМОРО (1896–1897). Учествувал на Солунскиот конгрес во 1903 година. Повторно бил член на Централен комитет во 1903–1904 година.
|
|
Среда, 08 Јануари 2025 02:00 |
|
|
|
|
Рампо Левков - Левката
|
Рампо Левков (9. I 1909 – 19. IX 1942) е македонски комунист, револуционер и народен херој. По бугарската окупација во 1941 година му била понудена висока служба, но ја одбил и отворил адвокатската канцеларија која станала сврталиште на патриотските и интелектуалните сили во градот. Кон крајот на декември 1941 година ја напишал една од најзначајните песни - поеми од времето на НОБМ „Бабуна“. Поради неговата активност бил уапсен од бугарската полиција (14. IX 1942) и по петдневни мачења бил фрлен во варница.
|
|
Среда, 01 Јануари 2025 02:00 |
|
|
|
|
Георги Бодлев
|
Георги Бодлев (1813 –1882) е македонски учител и културен деец. Имал особен интерес кон културното минато на Македонија и на македонскиот народ. Располагал со голема библиотека со книги и ракописи со историско значење. Во неговата библиотека биле пронајдени пергаменти од „Житието на Св. Климент“. Автор е на преписот на дел од познатиот „Кодекс на Охридската митрополија“.
|
|
Среда, 25 Декември 2024 02:00 |
|
|
|
|
Јулиј Розентал
|
Јулиј Розентал (1872 - 12. IX 1903) е поет и револуционер, член на Македонската револуционарна организација. Околу 1882 година, неговите родители се преселени во Бугарија. За време на Илинденските настани во 1903 година учествувал како востаник и загинал во борбите во четата на велешкиот војвода Никола Дечев. Автор е на стихозбирката „Недопеани песни“, објавена една година по неговата смрт.
|
|
Среда, 18 Декември 2024 02:00 |
|
|
|
|
Ѓорѓи Гаврилски
|
Ѓорѓи Гаврилски (11. IV 1911 –17. XII 1987) е македонски лекар-епидемиолог, примариус. Учествувал во НОВ и бил член на АСНОМ. По Ослободувањето бил помошник Министер за народно здравје во Владата на РМ (1946) и член на Матичната комисија за формирање на Медицинскиот факултет во Скопје (1947). Бил избран е за редовен професор по епидемиологија и продекан (1949) на Медицинскиот факултет. Заслужен е за истребување на маларијата во Македонија.
|
|
Среда, 11 Декември 2024 02:00 |
|
|
|
|
Златко Димчовиќ
|
Златко Димчов(иќ) (1906 - 1994) е пилот и воздухопкивен инжинер од Македонија, еден од најуспешните цивилни пилоти уште во стара Југославија. Зборувал шест јазици и во годините пред Втората светска војна, Златко имал брилијантна кариера. По војната бил затворен на Голи оток, поради што бил избришан од воздухопловната историографија.
|
|
Среда, 04 Декември 2024 02:00 |
|
|
|
|
Атина Бојаџи
|
Атина Бојаџи (11. III 1944 – 28. XII 2010) е македонска и југословенска маратонска пливачка. Таа веќе на 11-годишна возраст успеала да ги собори сите југословенски рекорди во слободно пливање на кратки патеки и делфин. До 1970 година успешно учествувала на повеќе маратони, а во 1969 година го препливала каналот Ла Манш за 13 часа и 20 минути.
|
|
Среда, 27 Ноември 2024 02:00 |
|
|
|
|
Трајко Стојковски
|
Трајко Стојковски – Бузо (10. I 1923 - 14. X 2005) е македонски комунистички деец, воен командант, народен херој и општественик. Активно учествувал во подготовките на НОБ во Куманово, а во јуни 1943 година станал борец на Кумановскиот НОПО. Посебно се истакнал во борбата на Дренак против четничките сили. При формирањето на Третата македонска НОУБ бил назначен за командант на баталјон, а подоцна за командант на Дванаесеттата македонска (скопска) НО бригада. Има значаен придонес во Ослободувањето на Скопје.
|
|
Среда, 20 Ноември 2024 02:00 |
|
|
|
|
Васил Грков
|
Васил Тодоров Грков (1880 - 1962) е македонски револуционер, член на ТМОРО и ВМРО. По Солунските атентати во 1903 г., како Македонец, бил затворен во Бејаз Куле. По ослободувањето станал четник во Кукушката чета. Учествувал во повеќе борби со турскиот аскер и четите на грчката вооружена пропаганда, во периодот од 1903 до 1905 година.
|
|
|
|
|
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL |