Македонски легенди
Среда, 10 Јули 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
Славка Динкова

3 copy

Славка Динкова (1848 – 19. IV 1869) е културно просфетен деец, прва позната учителка, новинарка и феминистка во Македонија.  Славка го водела првото женско училиште „на нашиот прероден мајчин јазик“ (1866–1868) и објавувала феминистички статии во весникот „Македония“ (1868).Таа со својата дејност оставила силен белег во времето во кое живеела и помогнала за надминување на препреките во однос на женското образование.

Повеќе...
 
Среда, 03 Јули 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
Трајко Желевски

3

Трајко Желевски (1875 – јуни 1923) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација. По Илинденското востание, од 1904 година до 1908 година, бил помошник на реонскиот војвода Христо Цветков во Костурско. Учествувал  во двете балкански и Првата светска војна. По потпишувањето на Мајскиот манифест во 1923 година и последователното братоубиство, тој бил убием заедно со Тома Желински.

Повеќе...
 
Среда, 26 Јуни 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
Тодор Камчев

frl4

Тодор Камчев (1880 – 10. V 1961) е учител, македонски револуционер и тиквешки војвода на Македонската револуционерна организација. Камчев бил меѓу водачите на Тиквешкото востание и е еден од ретките македонски војводи и револуционери, кој целиот свој живот му го посветил на македонското дело.

Повеќе...
 
Среда, 19 Јуни 2024 02:36    PDF Печати Е-пошта
Ордан Чопела

111

Ордан Чопела (1912 – Битола, 9. IV 1942) е македонски комунист, учесник во НОБ. Познат е под певдонимот Кулак. Учествувал во штрајковите на тутунарските работници. Во 1940 г, бил примен и за член на КП во Македонија. По фашистичката окупација на Македонија станал член на МК и на Воената комисија. Учествувал во партизанскиот напад на Прилеп на 11 октомври 1941 г. Во декември бил испратен на партиска работа во Битола. Неколку месеци потоа загинал во борба со бугарската полиција. Во 1949 г. бил прогласен за народен херој.

Повеќе...
 
Среда, 12 Јуни 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
Георги Саракинов

321

Георги Саракинов (1887 - 1971) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација. Тој e правнук на Ангел Гацо, кој одиграл важна улога во Негушкото востание во 1822 година. Во 1944 година го потпишал Апелот до Македонците во Бугарија и учествувал во активностите на Сојузот на македонските иселенички организации во Бугарија.

Повеќе...
 
Среда, 05 Јуни 2024 02:31    PDF Печати Е-пошта
Кирил Ќамилов

kamilov

Кирил Ќамилов (22. Ⅱ 1899 –  9. Ⅸ 1976) е универзитетски професор, филозоф, фолклорист, револуционер. Бил учесник во шпанската граѓанска војна (1937–1938), а потоа и во НОБ во Македонија. По Втората светска војна бил доцент на Филозофскиот факултет (1947–1953) по Историја на педагогијата и научен соработник во Институтот за фолклор во Скопје до пензионирањето во 1968 година. Тој е автор на голем број стручно-научни трудови.

Повеќе...
 
Среда, 29 Мај 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
Георги Топалов

1leg1

Георги Топалов (1893 – 16. V 1944) е македонски револуционер од Пиринскиот дел на Македонија. Во 1923 година учествувал во Септемвриското востание. Потоа емигрирал во Советскиот Сојуз и од таму се вратил во 1937 година. Во партизанското движење на отпорот во Пиринскиот дел на Македонија се вклучил во 1943 година заедно со синовите Димитар и Иван и неговата ќерка Надежда – најмладата партизанка. Тој бил политички водач во партизанскиот одред „Никола Парапунов“ и заменик политички комесар на Четвртата Горноџумајска востаничка оперативна зона.

Повеќе...
 
Среда, 22 Мај 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
Јанко Халкозовиќ

1lege

Крунисување на Богородица со сцени од животот на Свети Стефан, околу 1770 година.

Повеќе...
 
Среда, 15 Мај 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
Васил Христов

tk

Васил Христов  (8. XI 1893 – 19.XI 1963) е македонски деец, член на Македонската федеративна организација и на ВМРО (Обединета). Во септември 1944 година го потпишал Апелот до Македонците во Бугарија.

Повеќе...
 
Среда, 08 Мај 2024 02:00    PDF Печати Е-пошта
Петар Завоев

1nas5

Петар Завоев (20.VI.1880 – 19.II. 1969) е раскажувач, публицист и новинар од Македонија. По завршувањето на гимназијата во Солун заминал во Бугарија и работел како новинар во Пловдив. Подоцна се префрла во Софија, каде што ја издава својата книга „Писма од Македонија“.  Во својата работа се користел со повеќе псевдоними меѓу кои; Прохор Пчински, Гаврил Лесновски, Хаџи Еремија, Отински и др..

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.