Среда, 27 Ноември 2024    PDF Печати Е-пошта
ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

За многу луѓе на светот е предизвик да се посети татковината на Кемал Ататурк. Земјата на големите контрасти, која се разликува од онаа Турција во минато- то. Земјата која била освоена од Александар Македонски и приклучена кон Македонската Империја. Потоа империјата во кoja беше и Македонија цели пет векови. Кемал Ататурк чии родители потекнуваат од Македонија, од селото Коџаџик, Дебарско (а тој се води дека бил роден во Солун), е човекот кој животот го посветил на Турција и на нејзината посреќна иднина.

Човекот кој, меѓу другото, ја одбулил тур ската жена, ја одвоил верата од државата и го вовел латинското писмо во турскиот јазик. Тој е човекот кој е широко прифатен од народните маси. Затоа нашето патување беше предизвик и во исто време големо задоволство.

Најпрво, ја посетивме метрополата Истанбул која се протега на три морски брега и се простира на седум ридови. Тоа е Бизантинион, римски Константинопол и тур ски Истанбул. Јужните Словени и Македонците отсекогаш го викале Цариград. Менувањето на овие имиња е последица на претходните драматични настани околу овој град, за кого се грабале повеќе народи: царот Константин во 330 година од н.е. го прогласил за престолнина на Источното Римско Царство, па според владетелот го добил името Константинопол; на 29 мај 1453 година го освоил турскиот султан Мехмед  Втори Фатих (Освојувач) по што градот бил наречен Истанбул.

Градот се развил по должината на бреговите на Босфорот, Златниот Рог, Мраморното Море и на околните ритчиња, па тешко е да се каже каде тој завршува, а каде почнуваат приградските населби. Сепак, познати се и убавите туристички квартови: Станбул, меѓу Златниот Рог и Мраморното Море; Бејоглу, меѓу Златниот Рог и западниот брег на Босфорот; Искадар или Скутари на источниот брег на Босфорот; и Кадикеј по најуг од Искадар, главно, на брегот на Мраморното Море.

Татковината на Кемал Ататурк е земјата на големите контрасти, а Истанбул е најголем економски и културен центар кој се протега на три морски брега и се простира на седум ридови. Тој е градот на Јустинијан I кој бил роден во селото Таор, кај Скопје, во Македонија, а бил византиски цар, император на Источното Римско Царство

Анкара, пак, е главен административен, политички, културен и економски центар чија популација ја достигнува бројката од три милиони. Во Анкара на 29 октомври 1923 година, Кемал Ататурк беше избран и востоличен за претседател на современа Република Турција, каде го посетивме мавзејот на Ататурк

Нашето патување од Истанбул го продолживме кон Анкара, кон Анадолија, со цел да го витиме и тој дел на современа Турција. Патувајќи читавме интересна туристичка литература што ни беше дадена уште во Истанбул. Така, во кусата историја на полуостровот Мала Азија се вели дека тој е еден од најстарите населени делови во светот со одлична географска положба. Населувањето на Троја започнало во неолитскиот период и продолжил во железната доба.

Староседелците на Анадолија зборувале на анадолски јазик кој бил дел од индо- европските јазици. Една од поголемите империи во таа област била Хетската Империја која постоела од XVIII до XIII век пр.н.е. Кралството постоело сè до доаѓањето на  Кимеранците во VII век пр.н.е. Почнувајќи од 1200 година пр.н.е. на западното крајбрежје на Анадолија почнале да се населуваат дојденци од соседните земји, најмногу Еолци.

Понатака, целата територија била освоена од Персиската Империја, а потоа од Македонската Империја на чело со македонскиот крал Александар Македонски, чии тра ги можат да се видат и денес.

Во средината на I век пр.н.е. целата територија потпаднала под римска контрола за подоцна да биде дел од Источното Римско Царство или Византија. Стасавме во Анкара, главен административен, политички, културен и економски центар на Република Турција, чија популација ја достигнува бројката од три милиони,каде пулсира напредокот, престижот и иднината на оваа азиско-европска држава.

По вторпат го посетивме Мавзолејот - Храмот на Кемал Ататурк, најголемиот син и творец на современа Турција. Таму се уверивме дека главниот град на Турција  Анкара е град на контрасти.

Во него можат да се видат современи булевари до кои се вишнеат прекрасни модерни архитектонски достигнувања од XXI век, но во исто време и стари квартови из градени на античките цитадели кои имаат тесни сокаци и калдрми со безброј мали куќи. Анкара е градот што бил центар на Хитите уште во 2000-та година пред нашата ера. Тој бил освојуван и од Фригите, како и од Александар Македонски во 333 година п.н.е. Анкара била освојувана и од Галите, Римјаните, а била и еден од главните градо- ви во Византиската империја.

2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Мавзолејот на Кемал Ататурк

Од 1360 година потпаднува под Отоманската Империја, додека од 1923 година по конституирањето на Турција како република, станува главен град и втор по големина по Истанбул. Во тоа време го носи името Ангора, а од 1930 година нејзиното име е Анкара.

Оваа значајна метропола се наоѓа во Централна Анадолија. Покрај тоа што е главен град на државата, тоа е главен град и на провинцијата Анкара и резиденцијален град на Владата на Република Турција. Бевме запознати и со бројни значајни и луксузни објекти во кои живеат членовите на државниот апарат. Анкара е и мал центар на индустриски капацитети, меѓу кои е развиена индустријата за кожа, вино, цемент и за килими.

Оваа метропола претставува раскрсница меѓу исток и запад, како на железничкиот така и на друмскиот сообраќај. И туризмот како гранка има значаен придонес во економската сфера. Во него има голем број културно-историски споменици, меѓу кои „Музејот на анадолската цивилизација“.

Тоа е главниот град на современа Турција, во кој на 29 октомври 1923 година Кемал Ататурк беше избран и востоличен за претседател на Република Турција. Неговото гесло било дека воената победа не била доволна, туку таа требало да биде проследена од големи економски, политички, социјални и културни реформи, кои биле неопходни за модернизација на Турција. Од друга страна, пак, најзначајна работа на Кемал Ататурк во неговото владеење било тој да придонесе за општиот мир, среќата и просперитетот на турскиот народ и на целото човештво со општоцивилизациски вредности.

По посетата на мавзолејот на големиот турски реформатор Кемал Ататурк се упативме кон Анадолија, во непрегледната територија во која е измешано новото со старото. Нашата нова дестинација беше Кападокија. Областа во која живеат околу сто илјади жители и која станува туристичка мека или туристичка атрак- ција. Најатрактивно место, сепак, е музејот под отворено небо “Ѓореме”, настанат од вулканските ерупции околу дваесетина векови пред нашата ера. На “Ѓореме” како да се истурила вулканска лава, врз која не влијаат временските услови.

Се‘ што е направено во таа пустелија е дело на човечките раце, на казмата и лопатата, како основни алатки. Во минатото, голем број луѓе oд овие области своите живеалишта ги прилагодиле во пештерите, а последните семејства ја напуштиле во 1956 година, за денес таа да биде само атракција за посетителите.

Кападокија е интересен дел на Анадолија во кој некогаш најважното занимање на луѓето било лозарството. Меѓутоа, туризмот си го направил своето. Веројатно богот Бахус  се простил со винарите од Кападокија и се преселил кај оние од Тиквеш во Македонија.

Во Кападокија ја посетивме винарската визба со капацитет од 15 000 тони која наликува на онаа во Мелник во куќата во која се криел пиринскиот цар Јане Сандански. Утрото беше топло а денот пријатен кога сонцето штотуку се појави над азискиот дел, а авионот полета кон Исток, кон Измир. Го продолживме нашиот лет со железната птица ( „Боинг 747“) на „Туркиш ерлајнс“. За помалку од еден час стасавме во три и пол милионскиот град Измир. Оваа метропола се наоѓа во заливот кој го носи неговото име, а е распространет во низинскиот дел и на околните ридови.

Таму бевме пречекани и добредојде ни посака народниот пратеник во Големото народно собрание на Република Турција, господинот Ќемал Ватан, роден во селото  Злеово, Радовишко, лекарот Мелих Инан, директорот на Аеродромот и други турски граѓани по потекло од Македонија. Измир и околните места како да се населиле од долнореканскиот, велешкиот и други региони од Македонија. Нив ги има во голем број како турски граѓани од Македонија, меѓу кои најбројни се Македонците – муслимани.

Нив ги има повеќе во Турција отколку во Македонија. Така ни рекоа домаќините, бидејќи, според некои нивни неофицијални податоци, само во Измир и во окол- ните населени места живеат од 300 до 500 илјади турски граѓани од Македонија. Ги има од Врановци и Оризари, Велешко, од Скудриње, од Жупа и Дебар, од Пехчевско и Делчевско, од Штипско и од други места од Македонија. Сите тие добро живеат во демократска Турција, во која се прифатени како добронамерници, добродушни и честити луѓе. Многумина станале познати и признати бизнисмени, ителектуалци, лекари, опшественици, дуќанџии, лојални граѓани на нивната втора татковина – Турција, но и кон дедовската земја – Македонија, која ја носат во своите срца и души.

Домаќините од Министерството за труд и социјална заштита и градоначалникот на Борнова ни организираа посета на градот Селчук и на античкиот град Ефес. Во Селчук го посетивме Градскиот музеј во кој се изложени многубројни експонати од Ефес и од други локалитети од Анадолија и крајбрежниот регион. Музејот претставува неодминливо кат че за посетителите на овој дел на Турција. Се упативме кон многу познатата стара антич ка ризница Ефес, што се наоѓа на помалку од 200 километри јужно од Измир и на 20-тина километри северно од летувалиштето Кушадаси. Познатиот град на минатото и на сегашноста – Ефес е сместен во подножјето на планината Билбил, каде реката Кајстер се влива во Егејското Море и во рамничарскиот дел што е во непосредна близина на морето.

Овој значаен антички град се споменува од средината на VII век пр.н.е. Од своето формирање до денешни дни игра важна улога на тие анадолски простори. Затоа, често бил напаѓан и освојуван. Бил под власта на Персија, Спарта. Александар Македонски во 334 година пред Христа го освоил градот и стратешкото воено место околу градот Ефес, кој постанал дел од Македонската Империја.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.